1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Купохоличари (Shopaholics)

Дискусија во 'Психологија' започната од blueeparadise, 8 октомври 2011.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    ^ Тој гревниот си страда од повеќе работи, меѓу кои и OCD и compulsive hoarding.
    Не ќе да е само купохоличар. :?:
    Абе за греота ваквите луѓе, навистина им треба стручна помош.
     
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Некои се впишале во делумни купохоличарки само зашто имаат средства да си купуваат облека често. Мешате термини. Тоа не е купохоличарка? Според мене или си или не си купохоличар, неможе да си делумен. Немате никаков психички проблем, едноставно имате можности и услови да шетате со полн новчаник и без мака да си го трошите и притоа утредента пак да ви е полн.

    Ко сега да речеме дека купохоличар е Џон Траволта зашто има цел возен парк и има авион и мини аеродром. Па има пари ќе си ги остварува соништата многу му е гајле.
    Или да не е Опра купохоличарка или Сара Џесика Паркер или Бекамица? Тие имаат пари, си имаат мини возен парк, си имаат можност цел плакар дизајнирана облека да имаат. Имаат 100тици милиони во банка ќе си ги трошат.

    Купохоличар е Трајанка која зима минимална плата, купува секој ден облека зашто нема другарки и нема како да го пополни слободното време. Купува и само купува додека нејзините дома немаат пари ни сметките не ги плаќаат редовно, не јаде само за да купи нови штикли, мајка и се жали дека ќе им ја исклучат струјата а таа оди и купува фустан и пешки оди до работа зашто нема пари за автобус. Е тоа е купохоличарка, таа има психички проблем.
    А не вие што имате услови да си купувате облека неколку пати месечно ил неделно и притоа имате и пари за сметки и пари за такси и пари за факултет и пари за се ...
     
    На Gea, Trendafilka, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Епа не ви е дефинитивно точна комплетната дефиниција за купохоличарка. Барем не делот кој вели дека е неисполнета, асоцијална и не знам ти каква таму психички пореметена личност.
    Спаѓам во тие. По сите нишани.
    А исполнета сум приватно и професионално. Пријатели имам. Доволно.
    Имам проблем со купувањето. Имам. Факт.
    Порано беше поизразен. Не се враќав без кеса алишта од град. Не и не.
    Притоа во мојот купохоличарски век, имав разни периоди, кога не носев ништо што не е марка, дури ни чорапи :tmi: ( да се разбереме, тоа беше во средно, и не сум горда на тој период), па период кога ми беше битно секој момент да имам ново парче, не мора да биде марка, само да одам и да купувам и да купувам, и успат ќе видам нешто друго, па цела вечер не спијам, имам чувство на недовршена работа, а таа е нели, да го купам и тоа парче, до период кога на тоа попустите по 4-5 саати седев во продавници и буричкав, како би можела за одредена сума да купам што повеќе.
    Страв ми беше дома да одам со ќесите. Мајка ми урлаше до бесвест, па ги криев, лажев старо ми е, итн.
    Во два дена три пара чизми купував. Јакни? Преку 20 во една сезона :x .
    Најчесто беа јакни и чизми, чевли де.
    Значи купувам нешто, и плачам зошто сум го купила, ама морам да го купам.
    Никогаш нема да заборавам, во една недела купувам трет пар чевли, ми се допаѓаат премногу, свесна сум дека не треба да ги купам, ги купувам сепак, затоа што почнав да ги сонувам, и одам накај дома и плачам.
    Значи свесна бев дека имам проблем.
    За некои работи сама се обидував да потиснам и да не ги купам. И со тогаш дечко ми, пробував да не зборувам за некое парче што сум го бендисала, за да не ми го купи тој. Потиснував, се обидував да бидам разумна, ама цело време како нешто да ми стои во желудникот. И секое одење до град гледав дали стои парчето. И ако случајно го снемаше, тогаш почнував да урлам и да плачам, како баш тоа парче ќе ми го сменеше животот, и како дозволив да го пропуштам. Да буквално за се нешто имав чувство дека тоа е тоа, дека уште тоа ми треба за да се ми биде о.к.
    Резултатот е, дека имам чевли толку многу, што ми е срам да го кажам бројот, а за јакни, палта, мантили, капутчиња ... да не зборувам. Срамота е дефинитивно!
    И да потенцирам :!: , никогаш не сум се лигавела пред другарки, леле, па ова, па она морам да си го купам, па ау, па да се препичавам, тивко патев за купување, тивко купував, и тивко патев затоа што сум купила. Не спиев и да не сум го купила парчето, ни да сум го купила. Кошмар.
    Чувството, потребата, уште ги имам.
    Само ситуацијата се смени.
    Вложуваме во куќата, и се пренасочив таму. Сега трескавично купувам скапи работи за дома, дури и премногу, што не е возможно во период кога за една година градиш куќа, и истата ја средуваш цакум пакум за краток период. Ова е пострашно, со оглед на цените нели, на мебел и украси за дома.
    Во град, по бутици, не одам. Ама никако. Ни под разно. Знам дека ќе купам се што ќе видам.
    Сега гледам колку гардероба сум имала. Си немам добар период(2-3 месеци) купено поише од 3-4 работи, а јас имам комбинации различни за секој ден. Не ми се 100% по волја, периодов се осеќам дека не се облакам по ќејф, туку тоа што имам. Ама ако. Редно беше.
    Значи проблемот го имам, и свесна сум. Со сите нишани.
    Работам на решавање на истиот, ама не е лесно.
    Психолошки проблем не верувам дека се крие позади ова.
    Сум била сакано дете, задоволено, умно, разумно, дружељубиво. За среќа уште е така, а за несреќа мислам цел живот ќе ме прати ова, само сега многу повеќе размислувам од порано, и се обидувам да ,,се излечам,, колку толку.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Eнца, мора да се крие некоја причина позади ова, иако ти велиш дека нема- можеби не ја гледаш.
    Не значи дека не си била сакана, можеби си имала некоја празнина од друг вид.

    Јас те читав, и чувствував болка во желудникот, ептен сликовито објасни, како да те гледав.

    Кажи ми, кога почна ова, сигурно после некој период кој бил стресен за тебе, не може одеднаш да ти текне секој ден да трупаш облека.
    И од каде наоѓаше толку пари, посебно во средна за и чорапите да ти бидат марка? :wasntme:

    Мене искрено ме загрижи твојот пост, и мислам дека ова е сериозен проблем, навистина :worried:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Е баш таква Трајанка познавам и јас (од постот на Росонерка) :)
    Не знам дали купохоличар и е прва и основна дијагноза, ја пре би набројала еден куп нејзини 'болести' како љубомора, завист, страшна несигурност...Женава подига кредити постојано, заглавена е до гуша, и никако да престане...Земаат со маж и скромни плати од 13-14000 ден. а дали им остануваат 5 000 откако ќе си ги платат кредитите...
    Облеката и шминките се најмал проблем иако купува постојано. Ако ја начекаш случајно во двор недотерана и без шминка може да избега трчајќи и да си влезе дома, но се додека е тип топ средена самодовербата и е на ниво и е сосема друга личност...Али тоа е веројатно друг проблем, само го надоврзувам со овој...
    Исто кога оди некаде на гости и види нешто што и се допаѓа-завеси, тепих, комода, небитно...за неколку дена ќе го купи. Се додека не и помине меракот, па не види нешто друго што ќе и падне во очи...Досега имаат најмалку три пати реновирано дома, не од што треба туку од што сакала да смени...И додека во еден момент ти кука како нема пари, како не стигале за ова, за она, веќе во следниот момент гледаш купила најнов модел мобилен на рати...
    И така во круг...ќе биде интересен крајот ми се чини...
     
  6. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Сеси, ова е откако знам за себе и за своите потреби, од најмала, од забавиште уште, значи соодветно на возраста, сум барала и сум купувала работи, ама баш на овој начин. Секогаш најскапи тетратки, моливи, не спиев и за тетратка, и за хартија за виткање книги, за оние тефтерчиња на времето што ги собиравме.
    Пари, па добро, неккао ме служеше среќа, не бевме од најбогатите но бевме добростоечки скоро секогаш, а татко ми ретко имаше срце да ми каже не, па тоа продолжи со сегашниот ми маж, тогаш дечко, и од две места ме финансираа добро, после откако останав без татко ми, мајка ми и мажот ми, иако на маж ми никогаш ама баш никогаш не сум му побарала, туку самоиницијативно ме подржуваше во глупостите, сметајќи го тоа како ,,единствена,, моја мана :lol: , дури мислам дека и тој влезе во мојот филм, па не ми ни реагираше, туку, да треба да го купиш, пошто јас така сериозно го сфаќав тоа, ваљда така сум пренесувала и на околината, ама ете, ги убедував дека стварно ми треба тоа и тоа, ама и јас бев убедена, не глумев.
    Баш така, добро си ме доживеала, ме болеше желудникот и мене, ме боли и додека пишувам сега, ама конечно негде убаво се искажав за вака сублимирано и јас да си го прочитам тоа.
    Можеби е болест. Незнам.
     
  7. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Па реално,знаејќи ја куповната моќ на еден просечен македонец/македонка, за нас купохоличарството е една голема илузија. Ма македончето може да си има пореметување од недоволна мајчинска љубов во детството и разни други психолошки и секојдневни проблеми, но реално колку може фрустрацијата да ја компензира и маскира со неконтролирано купување било во кинеска продавница или во некој поелитен шопинг центар? Подобро пари ќе си инвестираш во некое антидепресивче,па ќе имаш повеќе у паковање, за да се заблажиш секогаш(а тоа е неретко) кога ќе те спопадне некоја апатија за подобро утре, отколку еден обилен шопинг, чие што дејство е краткотрајно и утре ќе биде пак иста песна а пари не извираат, просто нели. Затоа во Македонија инвестиција во антидепресиви и евентуално некоја сеанса кај психијатар е права ствар - за да не држи подолго, не за друго :D

    Шалата настрана, не се само психичките пореметувања и недостигот од внимание и секојдневни проблеми причина за појавата на купохоличарството.
    -Рекламната индутрија е исто така голем кривец.
    Спотови, убави слики, примамливи слогани и те како заведуваат и маѓепсуваат.
    -Криви се и банките со разни кредитни картици кои ни ствараат привремена илузија дека имаме поголеми можности од нашите примања. Кршливите купохоличарски души губат контрола со оваквите можности и занесени од се она што можат да си приуштат, замижуваат дури и пред преминување на лимитот.
    -Филмската индустрија - протагонистки од типот на Кери Бредшо и Ребека Блумвуд, кои се толку пласирани во време на огромна светска економска криза. Нивните огромни плакари, милионите ќеси преполни со нова облека, сето тоа и те како влијае на обичниот гледач.

    Така да, и психичкото и психичкото, ама и индустриската машинерија која не голта од ден на ден се подлабоко и посигурно, ја мати водата во ова и те како матно и тешко време.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Енца,не се работи за тоа дека си ти умоболна,психопат или не знам што ти таму,туку едноставно човечката психа е животинче кое како ќе го одгледуваш,така ќе се однесува во иднина.
    Можеби тешко ти е да си признаеш на себе,а па не нас нас тука,но можеби во дадено време си се чувствувала неисполнето или некоја кажана работа (затоа што велиш дека е од детството) на твоите родители,мало потскарување,те натерало да го правиш тоа.Најчесто е желбата да се биде најдобар и најистакнат е нагласена кај децата,а се намалува само со слушање на соодветни зборови и признанија кои можеби ти не си ги добила.Е сега,ти можеби и си била најдобра ученичка,другарка итн итн,но кај тебе останало длабоко врежано во потствеста,дека треба уште повеќе од тоа,па си го канализирала преку купување на материјални работи кои би те истакнувале од мнозинството,иако не си имала можеби јасна потреба дека ти треба потврда,потсвеста која многу е тешко да ја контролираме,барала нешто сосема друго.
    Во секој случај,купувањето сите не прави среќни,но кога станува ужасна потреба,реално е проблем и реално нешто недостига штом толку многу го имаш.Мораш да најдеш што,во спротивно ќе те мачи цел живот.Има такви луѓе кои се задолжуваат по лихвари,кредити земаат само затоа што не го нашле коренот на проблемот и трајно не го решиле.
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Мојата купохоличарска опсесија започна кога тргнав во средно. Претходно ај мала сум била, не бевме до толку многу напредни како денешниве деца, па во основно многу не се замарав што ќе облечам.
    Но во средно нештата се сменија.
    Јас бев таа која што сакав секогаш да бидам скоцкана од глава до пети (секако прилагодено за на училиште), немаше шанси да излезам од дома а да не ставам накит, да не сум нашминкана или косата да не ми е средена. СЕКОЈ ден правев стомачни (во прва година коа бев беше модерно гол стомак да се носи), СЕКОЈ ден после школо шетав низ град и не се враќав без да купам нешто. Морав да ги кријам купените работи од моите дома бидејќи многу ме караа, дури и ми намалуваа џепарлак за да не купувам, но јас не јадев на голем одмор ако требаше, само да купам нешто ново. СЕКОЈ ден во месецот јас имав облечено различна маичка, и дури ме прогласија за најубаво облечена во класот. Подоцна во трета-четврта година јас и уште една другарка први почнавме да носиме штикли во школо, па почнаа сите по нас.

    Но, тогаш не гледав на купувањето како на некој проблем, иако сега знам што се криело зад тоа.

    Јас тоа не го правев за да бидам забележана од другарките, професорите или сите останати. Јас свесна сум дека тоа го правев само поради мене, и поради еден дечко во кој стршно се заљубив. Сакав кога ќе ме види да бидам совршена. Да бидам искрена имаше ефект :lol: Веројатно поради таа желба да му се допаднам, станав опсесивна... Луѓе не знаете колку се нервирав ако два пати ме видеше во иста облека (леле кај ми бил паметот :fubar:)

    Во тој период секој последен денар што го имав го трошев за облека и шминки. Но, тогаш не заработував, па вооптшо не ми беше жал и да трошам. Кога почнав да заработувам, работите се сменија, веројатно тогаш „се излекував“.

    Јас сеуште сакам да се дотерувам и да изгледам одлично, и се трудам тоа да биде така, но не страдам од тоа некој да не ме види два пати облечена во исто. Освен тоа, откако го открив Солун како шопинг дестинација, најчесто од таму купувам, и тоа по многу работи од еднаш, така што нема потреба многу да купувам во Скопје.
     
  10. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Гледав на Опра емисија за жена која опсесивно купувала работи и да ве утешам сите, мали деца сте за неа :) . Женава живее со мажот во голема куќа на два спрата со три гаражи и сите, буквално СИТЕ простории беа до таван полни со работи кои ги купувала, а нормално, не и требаат. Дури и креветот во спланата беше половина затрупан (до таван!) со купишта работи, а тие спиеле на слободната половина. Ходниците беа како тунели, од сите страни купишта работи буквално до таванот стигнати. И подрумот, и трите(!) гаражи и кујната и се. Дури и багажникот на колата и беше полн. Децата едноставно престанале да им доаѓаат на гости за да не мора да се соочуваат со тоа. Кога со помош на Опра и направија интервенција на женава со психолози и сл. дојде екипа да ја испразни куќата од глупостите. Женава плачеше од жал за работите :( . На крај кога прикажаа колку работи имало, плачеа од ужас сите. ЦЕЛ хангар огромен полн. Како да сте влегле во некоја стоковна. Да не зборувам дека дома не им било исчистено со години заради тие глупости и дека низ куповите шетале глувци :puke:. Нормално е дека со компулзивното купување се надоместува нешто друго и тоа купување не е осамено нарушување кај една личност, обично е симптом дека постои подлабок проблем. Е сега, не значи дека тие што не купуваат компулзивно немаат подлабоки проблеми, туку самo ги канализираат на друг начин.
     
  11. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Лилитко, во голем дел во право си, најмногу што и јас сум сигурна дека мора да е поттикнато од нешто, ме збунува тоа што тоа е од најраниот пероиод, откако се сеќавам јас, а мајка ми вели и помала сум била таква. Тоа ме збунува, затоа што и јас сум правела анализи, свесна дека е проблем. Мислам да те боли се, за едно таму парче, партал, не е на арно. Само кај позитивно беше што цело време бев свесна дека не е во ред, и се измачував, но и дел потиснував, и внимавав околината да не ме доживее така.
    За признанијата, ги добивав често, и повеќе отколку заслужував, па можеби несвесно самото тоа ми додавало потстрек уште повеќе да се докажувам, ама преку партали ли бре? :lol:
    Не мислев дека сум толку плитка, мајке ми :lol:
    Шала на страна, единствено, во животов мајка ми не успеав комплетно да ја задоволам, како, ама еве можеше и вака, па и повеќе. Чист пример носам три 10-ки и една 9-ка, и не ми вика браво, ми вика, зашто 9-ка? :fubar: Ама па свесно не сум се замарала којзнае колку и со тоа, мада не ми било сеедно.
    Сигурно, сигурно има позадина, ја барав јас често, ама не успеав да одгатнам. Не е битно, мило ми е што бев свесна, и не дозволив тоа да се види баш до толку во околината, пошто верувам никој немаше да ме поднесува. :D
     
  12. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Купохоличарот купува работи кои воопшто не му требаат, кои можеби ќе ги затури на некоја полица, ако се работи за предмети или ќе ги зафрли во некој плакар и никогаш нема да ги облече, ако се работи за гардероба.Свесен е дека не му се воопшто потребни и дека никогаш нема да ги употреби, но сепак ги купува.
    А се она што ние го даваме како одговор на темава, не е ни пријди ни дојди до она купохоличарство како болест, кое ја заменува моменталната неисполнетост на личноста или му претставува некаква си терапија за надокнадување на загубата или празнината што ја чувствува.
     
  13. GreenEyed

    GreenEyed Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    13
    Искрено, мислам дека тие соносуваат дел од вината за економската ситуација во светот. Прекоумерното трошење на пари за материални нешта што не му требаат. А ако зборуваме за оние што земаат кредити за да одат во шопинг и се до гуша со долгови, му треба лечење. Ова не е само чудна зависност, ова е опсесија..
     
  14. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    Сакам да купувам,сакам да се дотерувам али не сум опседната со тоа.А во близина не познавам личност што е толку опседната со тоа.Купувам најчесто нешто кога ми е потребно,нешто кое ќе ми се допадне али кога има можност да го купам.И јас мислам дека тоа е болест,т.е зависност што не може лесно да се извлечи.Некои лекот за својата нервоза,депресија ја наоѓаат во купувањето.Тие личности пр.имаат парчина облека што уште им стојат со етикети но битно тие го купиле.Навистина им треби помош на такви личности.Но исто мислам во нашава држава многу се ретки зависниците од купување.
     
  15. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Никогаш нема да ги разберам купохоличарите.
    Толкава сатисфикација ли им причинува секое купено парче? :x
    Сакам и јас да си купам по нешто од време на време, да, но да се трескам од земја затоашто неможам да го купам каишот во другата продавница затоашто последните пари сум ги дала за ист таков каиш кој има екстра дупче... :x

    Знам многу купохоличарки.
    Значи тешка опсесија е а и од страна изгледаат како лудички во главичките :)
     
  16. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Не сум тежок купохоличар.
    Ама, сакам поначесто да си се подновам со нешто. Знаете како е кај нас женските, стално нешто ни фали, или чанта, или каиш, или накит, или нови фармерки....И стално имаме нешто `следно` за купување.

    Кога сум тажна, нерасположена, сакам да потрошам некој денар. Преку купувањето и испраќањето на негативната енергија на продавачките :lol: , се празнам, ми доаѓа поубаво. :)

    Не познавам тежок купохоличар. Не сме ние ни во таква финансиска можност, дури и да сакаме! Се ни е ограничено.
     
  17. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Под купохоличар подразбирам личност која купува нецелисходно и нерационално. Купохоличарката има полн плакар алишта со етикета, кои можеби никогаш нема да ги облече, за кои и самата брзо заборава дека ги поседува. И ред предмети и апарати на кои не им ја знае ни намената, а ги купила така оти и се допаднале или можеби оти некогаш ќе и притребале.
    И бидејќи е зависност состојбава, си ги има сите нишани - напнатост, немир, личноста на ништо друго не мисли освен на посакуваниот објект, нити и се јаде, нити и се пие. А потоа го купува саканиот предмет, по што доживува краткотрајно задоволство и од утре пак исто. А ако не купи нешто 2-3 дена доживува типична апстиненцијална криза, вика низ дома, прави хистерични испади, и сопругот што да прави, и вели - Оди жено купи си нешто.
    Познавам жена што бракот си го загрози со вакво однесување, се испозаглави по сите банки, кредити чуда, и пак памет не и доаѓа. Значи работава е сериозна, ептен сериозна. Во високо развиените друштва состојбава е и дијагностички класифицирана дури и постојат клиники за лечење од оваа зависност.

    Некои од нив се личности кои длабоката емотивна празнина се обидуваат да ја пополнат со материјалното. Емотивно незрели кои од детството биле навикнатати автоматски да им се задоволуваат сите барања и потреби, други аздисуваат од многу пари без свест за тоа како е да се заработуваат. Но може да биде и недајбоже симптом на посериозни душевни болести.

    А општествово наше потрошувачко е безмилосно. Летово разговарав со пријателка која веќе подолго живее во Америка. Вели, заработуваш и нон-стоп купуваш и само купуваш, така те тера системот. Значи ти дава можност да заработиш, но и триста замки како да ги потрошиш парите.

    Еве да ја земам книгата за купохолочарката како пример, иако авторката на хумористичен и симпатичен начин се обидела да го претставува она што не баш пријатна реалност. Имено, прво банката ти нуди триста поволности, дозволени пречекорувања незнам какви ли не можности, и потоа истата таа банка те гони како криминалец. Значи треба да си ептен цврст карактер и да знаеш паметно со парите да одолеваш на сите искушенија и да си го цениш денарот кој го заработуваш. Сите некогаш сме се залетале со некој ептен мераклиски шопинг, и доволно е да ти испаднат уште неколку непланирани трошоци истиот месец и ете го црвеното светло. Но тоа е најголемата разлика што памтната љубителка на шопинг ќе извлече поука од некоја нерационална постапка, а зависничката не.
     
  18. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    Се рачунам себеси како Купохоличар,бидејки баш понекогаш неможам да се контролирам што се да изнакупам.Дома ми е ПРЕПОЛН шкафот.Значи се пронаоѓам во Беки,Ребека Блумвуд.Постојано ги читам нејзините книги и го гледам филмот.Неможам,едноставно тоа е чувтсво кое е неописиво кога ги држиш новите кеси во рака.Стварно мнооогу сум опседната со модата и мислам дека треба да се контролирам малку повеќе.Често одам со друг на шопинг,зошто не дај боже да одам сама. :o :x .Ќе се вратам дома со 3570085567 кеси полни со непотребни ствари. :D Најчесто на шопинг одам со најдобрата другарка и со сестрите.Не е болест,ама како болест е . :D Едноставно чувтсвувам љубов кон модата.Се надевам некој ќе ме разбере. :) :inlove:
     
  19. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Сакам да си купам нешто ново и тоа почесто.Ама не сум до толку е сега ако не се купело во депресии да паѓам и не сум БОЛНА за купување нови парчиња.Сега нормално ќе се растажам малце ама ќе ми помине.. :) Мислам дека не сум купохоличарка и нема ни да бидам. :rofl:
    Можам да издржам и да гледам без да купам.Ама почесто не ни гледам ако не кпувам..го сакам чувството со кесите во рака..Сепак тоа не значи дека неможам да се контролирам и беспотребно купувам работи кои нема ни да ги чепнам со прст.. :talk:
     
  20. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Добра дискусија се разви на темава :) ,незнам зашто замре некако.
    Инаку кога ја отворив темава, никогаш не си мислев дека ќе станам толку опседната со модата и општо со купување на облека. Сакав да си купувам нови работи, секако фино беше чувството отпосле, ама вака не било. Имено, ептен се сменив откако се здружив со едно девојче од новиот клас, ми беше како идол, ме инспирираше, сакав да ги следам нејзините постапки.. Таа е инаку побогата, и има купишта пари да се облекува како сака. И се воодушевував на стилот, сакав да бидам како неа, да бидам секогаш најубаво облечена, секој ден правев комбинации за да изгледам совршено, за да добијам пофалба од неа :x и кога немаше да дојде во школо, колку и други да ме фалеа се осеќав празно зашто она не е тука да ми каже нешто.. О боже.

    Како и да е, да преминам на темата. Тоа ме наведе постојано да мислам на купување, и макар 500 денари да имам, нема да ги дособерам да имам повеќе, туку морам да ги потрошам едноставно, морав да имам нови и нови маици, и цело време се фаќав за глава дека немам што да облечам. Имам една маица, ефтино купена ама нејсе, ниеднаш ја немам облечено зашто веќе не ми се свиѓа толку и немам со што да ја искомбинирам. Сега имам скоро 1500 и сум во преголемо искушение да тргнам во град и да ги испотрошам сите и тоа на што било, маички, кошули, кога имам потреба од други работи, ама и најмалку да ми се засвиѓа, морам да ја имам! Не, не сметам дека сум болна, ама еве уште сега сакам утре да одам во Бодилајн, да си ги купам тие два корсети ако ги има уште да си ја задоволам желбата едноставно.

    А далеку од тоа дека ја имам сета облека што ја посакувам, стално ми фали нешто (и не, не зборува од мене тука 'купохоличарот' :D) туку јас сега почнав импулсивно да купувам, а порано немав многу облека зашто не сме дотолку имошни, ама се сум правела, гладував во школо барем 500 денари да соберам и да си купам нешто.

    Сега смирена ми е страста малку за купувањево, порано на секој еден час отворав и модни блогови и страни да проверам кои се новите трендови, да видам дали има нешто ново.. ама сега оладив, не се замарам толку. Страшно е ова, а посебно ако навлезеш подлабоко. Чиста зависност е.. можам да кажам дури и како алкохолот, цигарите и дрогата...