Читајќи низ повеќе литератури за борбата против ракот наидов на куркумата - азиски зачин,како средство за борба против ракот. Е дали некој има слушнато за ова, каде можам да купам куркума?
Јас ја користам веќе доста одамна. Зачин кој има силна боја, но не толку силна арома, а сепак зачинов е сличен на карито. Најмногу се употребува во индиската храна. Не знам од кај си но јас знам за една тезга на зелено во Скопје, каде со сигурност може да се купи, има една женичка која ги продава сите постоечки и непостоечки зачини на светов и доста знае да ти објасни околу секој зачин. Куркумата ја користам во комбинација со мед кога сум настината и ми хрчат бронхиите или пак многу кашлам. Инстантно ја ублажува кашлицата и го подобрува дишењето. На голема, супена лажица ставам мед и малку куркума, 3 пати на ден. Исто така е полезна за желудникот. Велат и дека се користи како лек против ракот, но на кој начин не знам....веројатно треба да се збогатат јадењата со овој зачин, и тоа е тоа.
Многу ти фала, преку неделата немам време но викендов прво што ќе направам е да го посетам зелен пазар и да ја најдам женичката.
Ја купувам во Био Култ во Гтц, ама поскапа е таму. Иначе ја нарачувам од странство. Ја користам во секакви јадења, а навистина е многу здрава за многу болести. Еден од најпознатите индиски зачини е.
Всушност куркумата е еден од видовите на кари,затоа и всушност ја има жолтата боја која што е слична како и кај карито.Куркумаѕа како и кариот е зачин кој што доаѓа од Индија,како што веќе знаеме нели,но исто така успева и на Карипските острови. Еве што најдов за него поопширно.Го барам долго време како зачин,но во мојот град го нема за жал. Иако за многумина овој зачин звучи егзотично, нештата стануваат појасни кога куркумата ќе се поврзе со карито. Имено, кари е мешавина од околу 20 различни зачини и семки, а куркумата е една од нив и е воедно одговорна за неговата жолта боја. Освен апсолутниот адут куркуминот, куркумата содржи и низа витамини - Б6, Б3, фолна киселина, како и минерали (калиум, железо, манган) и прехранбени влакна. Куркуминот прв пат бил изолиран пред два века, а структурата му била одредена во 1910 година. Уште од време на Ајурведа (1900 г. пр.н.е) на куркумата и биле препишувани бројни тераписки дејства на цела низа болести. Научните истражувања од последните 50 години само ги потврдиле неговите позитивни својства и докажале дека е вистинско чудо на природата. Неговото силно антиоксидативно, противвоспалително, антивирусно, антибактериско, антимикотичко и антиканцерогено дејство го прави делотворна терапија и превенција од малигни болести, дијабетес, алергии, артритис, Алцхајмерова болест и други хронични заболувања. 15 добри причини за да ја вметнете куркумата во секојдневното мени: - поседува антисептички и антибактериски својства, корисна е за дезинфекција на рани и изгореници; - одлична во превенција од рак на простата, кај постоечкиот го спречува понатамошниот развој; - го спречува растот на ракот на дојката; - куркумата е природна превенција од меланом: кај постоечкиот ги убива клетките на ракот и го спречува неговиот понатамошен развој; - го намалува ризикот од детска леукемија; - го чисти црниот дроб на природен начин; - може да го забави или спречи развојот на Алцхајмерова болест (ги уништува наталожените амилоидози во мозокот); - спречува раст на метастази кај многу видови рак; - природен лек против болки; - го регулира метаболизмот и потпомага во слабеењето; - во Кина одамна се користи како лек против депресија; - лек против артритис и ревма; - штити од рак на штитната жлезда; - го забрзува зараснувањето на раните и брзо ја обновува повредената кожа; - помага во лекувањето на псоријаза и други воспалителни болести на кожата.
Sо сигурност можам да ви кажам дека ја има во србија и тоа по многу поволна цена , од таму ја земаме и ако одите накај србија или некој може да ви донесе би било супер... ја користите речиси секој ден , а посебно во гравот , фантастичен зачин е.. поздрав...
јас мислам дека ги користам сите зацини на светов и доста се разбирам околу нив..а за куркума-т.е.главната состојка на карито го земам од веро ама не во стаклено сисенце,туку во кесице паковано е по 450гр мислам или 500гр и е 140ден.се исплати мн повеке,истото е а марката некоја индиска валда..тоа го користам и во сисенце нормално го ставам. а за мелем за рани го месам со маслиново масло и мацкам кај треба..по потреба одприлика една лазица масло со прстофат кари..
Јас со зачинов си го решив проблемот со влакна на лицето. Мачкав, и уште го терам ова, куркума, мелена леблебија (во оригиналниот рецепт пишува брашно од леблебија, ама ваљда исто е ако се сомеле леблебијата, ко брашно доаѓа) и малку млеко за да биде како паста што може да се мачка. Се мачка(малку трља како за пилинг) и остава да стои 30тина минути и мие. По неколку месеци редовно мачкање, ситуацијата со влакната значително се реши, видлив е резултатот многу, стварно е ефикасно. Кој си има таков проблем, и има трпение да се мачка подолго време (пошто реално потребни се неколку месеци за да почне да се гледа подобрување), нека проба со ова, може да си го реши овој проблем.
Ја користам куркумата веќе неполн месец, ја додавам во храната и ја користам како маска за лице. Дознав за неа од братучетка ми, ја користи поради здравствени причини, и кога прогуглав малку низ интернетов разбрав дека е многу здрав зачин. Секој ден ја додавам, во појадокот, ручекот и вечерата, тоа може да биде, омлет, грав, значи разни манџи, врз месото рибата, пилешкото, шпагети, макарони, дава неверојатен вкус и јас за кратко време се навикнав да ја користам. Да кажам дека и два пати неделно ја користам како маска и веќе гледам позитивни ефекти на моето лице. Добив неверојатен сјај и мекост на моето лице, едноставно живна! Ако некој е заинтересиран еве го рецептот: една мала лажица куркума, исто бадемово масло, една голема лажица млеко сето тоа го мешате и се нанесува на чисто лице, а можете да нанесете и на вратот и на целото тело ако сакате, се држи околу 20 минути додека не почувствувате дека лицето ви е затегнато, а потоа си го миете лицето со топла вода и може да нанесете крема. Може да кажам дека куркумата стана дел од моето секојдневие, ја препорачувам на секој еден, нема негативни ефекти.
Процесот е прилично долг, резултатот е во тоа што влакната стануваат послаби, а некои и скроз не се појавуваат веќе. Јас ја ставав како ми дојде, некогаш секој ден, некогаш и со паузи од по неколку дена, нема точно определено колку пати неделно треба да се користи. Можеш да прочиташ низ интернетов, има доста сајтови каде пишува што и како се мачка. Но, ова е повеќе опција за некој што не сака или не може да го реши проблемот со ласер или општо со дерматолог, па да ја проба оваа варијанта. Затоа што бара упорност и време за да се види дали воопшто дава некаков резултат, не знам дали кај секого ќе делува, секој има различна ситуација. Кај мене даде доста резултат мачкањето со куркума. Дури сега го гледам прашањево, затоа не сум одговорила предходно. Како што пишав погоре, некои влакна скроз исчезнуваат, некои стануваат послаби, помалку видливи. Мислам дека е битно да се става директно на коренот, да е извадено влакното, пошто на тие места каде што ставав директно на влакната, неизвадени, немаше баш ефект. Но, ако предходно не се вадени влакната, со депилација и сл., подобро е сами да не ги чачкате и со дерматолог да се решава проблемот.
Курмума се продава во скоро сите поголеми маркети(Веро,Тинекс,Рамстор), каде што има поголем избор на зачини од повеќе производители.Јас бидејќи доста ја користам куркумата ,особено во ориз и во компир печен, баш минатата недела купив куркума од Тинекс мислам дека кесичката е околу 45 денари.
Прочитав дека со куркумата сте го решиле проблемот со влакната на лицето, дали од таа смеса може и да се става на места каде има бемки, и дали може и на други места овен лице да се користи на пр. за интимните делови?
Сега ја видов темата,и сакам да прашам.Прочитав дека куркумата ја разредува крвта,и тие што пијат аспирин треба да ја намалат употребата,има некој такво искуство?