1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кучешка тенија

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Juicy, 30 август 2011.

  1. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Прв пат слушнав за оваа болест кога татко ми ми кажа ми рече дека се заразувало кога кучето диши во тебе , а тетка ми ми кажа од влакната на кучето се заразувало и ми рече да не го бацувам ..
    На гугл нема ништо за ова :worried:
    Дали знаете нешто повеќе да ми кажете за ова ?
    Барав ваква тема но немаше , незнаев каде да ја сместам доколку не е на соодветно место модераторите нека ја префрлат .
     
  2. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Заразувањето настанува кога консументот пие или јаде вода или храна заразена со ехинокок.

    Ехинококоза е болест што се пренесува од животни на луѓе, а причинител е паразитот кучешка тенија. Болеста во последно време е во голем пораст. Во најголем дел од случаите кучињата ја пренесуваат болеста. Најчесто се јавува во сточарските краеви на нашата земја, особено во семејствата што чуваат овци, свињи, каде што хигиената е на пониско ниво и се чуваат кучиња без здравствена заштита.

    Во развојниот циклус на паразитот се разликуваат два облика, што наведува дека постојат вистински и преоден домаќин. Возрасниот паразит ехинококус гранулосус е мала тенија со големина од три до шест 6 мм и живее во тенките црева на вистинскиот домаќин (кучиња, волци чакали). Оваа тенија има три членчиња, а последното е исполнето со јајца. Се исфрла со изметот и ја загадува околината (вода, ливади раноградинарски растенија во бавчите и др). ЗОШТО ВЕЛИМЕ ДОБРООО МНОГУ ДОБРО ДА СЕ ИЗМИЕ САЛАТАТА ОД БАВЧА .
    Ларвениот облик на ехинококус полиморфис е во вид на меур со млечно бела боја и различна големина во речиси сите внатрешни органи (црн и бел дроб, срце, бубрези, мозок и др.) на преодните домаќини (човек, овца свиња, коњи, говедо, мајмун и др.).

    Заразувањето настанува кога консументот пие или јаде вода или храна заразена со ехинокок. Внесените јајца од ехинокок во органите за варење го пробиваат цревото и преку крвотокот доаѓаат во органот каде што се развива меур. За пет месеци од ембрионот расте меур, кој е голем како лешник, а за неколку години може да израсте колку детска глава. Меурот е полн со бистра течност, а од внатрешната страна се наоѓаат мали меурчиња секој со свој ембрион. Секогаш кога кучињата јадат од внатрешни органи во кои се присутни ехинококните меури во неговите тенки црева ќе се развие тенија. Друг начин на зараза е кога кучињата низ игра ги лижат рацете на сопствениците. Најзагрозени се децата, кои се заразуваат ставајќи ги рацете во уста, јадејќи со нечисти раце неизмиено овошје и зеленчук (јагоди, зелена салата, зелка, и др).

    Во некои краеви при традиционално колење на добиток внатрешните органи што имаат меуровидни промени, за кои луѓето сметаат дека настанале поради недостиг од вода во исхраната, им се фрлаат на кучињата, кои секогаш се во близина на луѓето. Со ова несвесно сопственикот директно го заразува кучето. Од здравствен аспект кучињата не покажуваат промени. Во некои случаи се забележува слабеење, намалување на телесната тежина и покрај зголемениот апетит. Некои кучиња често го чешаат анусот интензивно влечејќи го по подот.

    Клиничките знаци кај луѓето, во зависност од тоа кој орган е зафатен, се различни и зависат од тоа колку долго ехинококот е присутен во организмот. Во почетокот болеста е без симптоми, но подоцна може сериозно да ја наруши работата на некој витален орган. Ако ехинококниот меур поради дејство на некоја механичка сила прсне во организмот, илјадници ембриони ќе се разнесат во организмот. Лекувањето кај луѓето е исклучително оперативно. Основната заштита од тенија е уништување на развојниот циклус на паразитот. Превентивно се даваат средства што дејствуваат на тенијата кај кучињата. Се препорачуваат и антипаразитарни таблети на секои три месеци. Информираноста на децата од претшколска и школска возраст има огромно значење. Преку контролата на отпадоци од кланичната индустрија, давањето на променети внатрешни органи би се елиминирал голем процент на заразување.
    www.dnevnik.com.mk
     
    На Juicy му/ѝ се допаѓа ова.