Како сте задоволни од ПЗУ Павлина ако сте испитувале крвна слика и статус на хормони таму? Јас испитував есента на своја рака и онака требаше, меѓутоа кога и ги однесов на мојот ендокринолог ми се испонаша у стилом,неам искуство со оваа лабараторија, ај оди сеа и Јане испитај сега таму... Матичната пак ништо не ми рече, ги разгледа само резултатите. Сакам сега пак да испитувам во Павлина,но се колебам... Оваа глупачава ме замисли многу. Лабараторија е лабараторија, се испитуваат во тие апарати, колку може компјутер да згреши?! Апсолутен и точен е побогу! Имал ли некој друг искуство со лабаторијава?
Општи прашања ^^ Нема врска која лабораторија е, исто е, само докториве мислам дека си прават бизнис со лабораториите, може земаат процент со праќање на пациенти. И јас кога бев за тироидната, докторката ми даде упати за во Идадија, за во Авицена (прогестерон за кој платив околу 900 ден. ) и за кл.биохемија, плус епрувета за во Авицена да ми претурат од Идадија. А за кл.биохемија, не и текна за епрувета, а и во Идадија неуслужни, па се испомешаа за кл биохемија не ми извадија, па утредента и таму се боцкав, у пм, божем не можеше да ми даде упати само за кл.биохемија. Не знам дали докторката ти дала упати, или приватно си се тестирала, ама најмалку битно. А и јас ги приметувам докториве нешто многу се потресуваат, кај ендокринологот носам резултати од гинеколог, нешто не ги зема како ептен стручни, она е постручна, кај гинекологот идам таа па се понаша не требало толку хормони да испитувам, немало потреба, многу се себични и мислат дека тие се најстручни.
Општи прашања ^Јас имам испитувана секаде,Адриа Лаб,Авицена,Павлина и секогаш исти резултати.За брисеви и мене еднаш ми се испонашаа за Авицена и ме тераа во АдриаЛаб.Така да јас си дојдов до заклучок дека се на некој процент ,пошто си ставаат печат на упатот (дури и на приватно кога сум проверувала),најверојатно секоја ординација си има договор со некоја лабораторија.
Општи прашања Абе така и си мислев јас,ама да си прашам ете фино вака штом некој и правел споредби од различни лабаратории. Ама безобразни се. Јас тогаш со хематом на едната рака од удар,на другата од боцкањето и ме праќа во Јане,плус треба да одвојувам пак време за да одам. И покажувам рацете ко наркоман, ми вика е де, аспирин ќе пиеш и ќе се мачкаш со хепатромбин,може да пројде со уште едно боцкање. Мрш таму и не и отидов. Според Павлина резултатите ми кажа што како,а и сама си видов дека тоа што ме интересираше е ок, имав друг проблем со матичната си го решив тој. Значи стварно безосетно и се е бизнис, наспроти хипократова заклетва. Благодарам девојки! Ако ви е од помош има на Групер за Павлина понуда за испитување на полови хормони, стероидни и тироидни хормони,850 денари комплет (и не е реклама,здравје е у питање бре).
Општи прашања Ахх...а јас само во Авицена платив 900, во Идадија со се скриен шеќер можеби накај 600 денари и во кл.биохемија изгледа 150. Ограбување
Абеја,во Авицена те чинеше 900 за полови х. и тироидна? Ако е така да не се шетам по клиника,незнам од каде добив информација(мислам Ремедика) дека 500 ден им е еден хормон а 150 е еден на клиника?
^ Државно мислам дека земаат 20% од вкупната цена за еден хормон. Јас испитував во Идадија, за повеќето по 100ден ми земаа со плаво картонче
Па и јас мислев дека еден хормон во Авицена дека е 400 денари, ама изгледа прогестеронот е поскап па затоа беше 900. Тиродините ги испитував на Клиника за биохемија, не знам точно колку ме чинело, ама сигурно не е повеќе од 200 денари. А во Авицена ми даде упат само за прогестеронот и тој ме фати 900 денари, додека скриен шеќер (тој се издвојуваше со цената, малку беше поскап, може 250 само за него дадов) и останатите хормони, беа повеќе, ме расшета до Идадија и Клиника. На Клиника за биохемија платив некоја незначителна сума, во споредба со приватните, таму е поевтино. За да не фрлаш пари за џабе, кога ти даваат упати, строго барај да ти дадат за на клиника или друга јзу.
Павлина...Летово мене ми испитуваа таму хормони(TSH,T3,T4)... И испадна дека Tsh-то ми е многу покачено.Мајка ми се извади од памет,нема каде не ме однесе(13,5 год. сум инаку).Бев и на ехо,се беше во ред.И ендокринологот ме прати на биохемија за да ги повторам испитувањата нели,ама на мајка ми не и се чекаше,дека беше Четврток или Петок,па резултатите ќе беа готови тек следната недела.Отидовме кај Каранфилски,резултатите пред очи ни ги правеа,и испадна дека е се во ред.А ендокринологот размислуваше дури и лекови да ми даде...После газдата на Павлина,демек ја испрати крвта во Авицена и Адриа Лаб и во двете различно покажа.Значи или ја мешаат крвта,или нешто не е во ред со апаратите...
За павлина слушнав доста лоши работи. Братучетка ми беше прилично шашардисана од тамошниот резултат. Жената си има здравствен проблем па уште ова и фалеше. Секој со своето искуство, но бидете внимателни. Инаку неможе да кажете лабораторија си е лабораторија, и дека апаратите се исти па сеедно е каде правите анализа. Важно е каде се прави и кој работи таму и каква апаратура имаат. Но исто така држи дека лекарите се врзани со одредени лаборатории, па си земаат процент. Затоа многу внимателно. За Павлина имам напишано пост во темата Анализа на крв-толкување резултати, еве ќе се самоцитирам.
^^ Најверојатно се служат со стари или разредени реагенси, не е до апаратурата, туку до реагенсите. е...
Mene.pa bas.na ginekologija najdobro.mi.bockaat nikogas Nitu me boli nitu imam modrinka ama zatoa na endokrinologija Uzas mi se slosi i imav cela nedela modrinka ne vredi da se davaat tolku pari za.hormoni i jas.ispituvam mn nesta na privatno ama za ova ne. Rezultatite se gotovi istiot den posle 1-2 casot samo ednas mi se desi naredniot den da se gotovi rezultatite. Спојлер se izvinuvam za latinicata od mob pisuvam
Ели и мене исто истиот ден ми се готови, последниот пат испитував 2 хормона и дента во 12 ми беа готови а кога се повеќе после 2 саат истиот ден. Не знам зашто така кај тебе, можеби немале реагенси нешто за некој
Па незнам може.Ама и прогестеронот кога го испитував на 21 ден исто така по два дена ми рекоа Сега ме замисли немој да не биле точни резултатите
Не знам навистина ама многу пати имам испитано и секогаш биле истиот ден ако се сеќавам добро само првиот пат кога испитував беа наредниот зашто немаа реагенс за едниот хормон. Не верувам да не се точни, може така се погодило, да не идеш ти покасно па затоа? Јас од 8 до 8 и 20 најкасно идам
Не бе мила,бев прва пред 8 пошто од 8ипол морав на работа.Ова беше август месец може така се погодило,баш чудно Добро вториот пат недела беше,ама ми рекоа во среда резултати.Првиот пат беше понеделник исто ми рекоа задутре резултати.Нема врска,сигурно се точни ,сигурно ја чувале крвта како што треба па клиника е