Здраво Феминки , гледам темава не е активна оддамна , Имам прашање за Адриа Лаб во Битола , сакаме да направиме спремограм , па од искуство , ако некоја од Вас знае , дали можеме да очекуваме веродостојни резултати Поздрав
Прашање: Поминаа 2 недели од биопсијата на тироидна жлезда од институт за патологија. Ми кажаа дека за 5-7 дена ќе бидат готови резултатите. Дали има разумен рок за извештај за биопсија зашто тие даваат број за да се јавиш дали е готова. Тој број е постојано зафатен ! Кој е начинот да се дознае за резултатот ? (пријатели, врски ,плаќање или некој друг начин Ве молам пратете ми инфо со порака на профил ако не е дозволено во коментар)
Здраво Вчера матичната ми даде упат за крвна слика за во виција, но денеска бев и тие биле на колективен годишен одмор. Сакам да ве прашам дали може со упатот кој е за во Виција да идам во друга лабараторија? И сакам да ве прашам колку чини крвна слика подетална приватнп без упат ?
Правев испитувања во ПЗУ Павлина и требаше вчера да ми пратат резултати, но уште ништо. Дали има некој контакт од таму?
И јас имам читано за нив, ама веќе имав упат за таму и отидов. Резултатите излегоа дека се е океј, е сега колку им се точни.. Се надевам дека се.
Здраво. Се сомневам дека партнерот, или некој од неговите пријатели ме дрогира односно ми става некои сомнителни средства по пат на игла додека спијам. Тој не живее со мене туку доаѓа на 3-6 месеци. Па ова се случува и на толку време и само по еднаш. Имам некои дози на сомневања, бидејќи првиот ден се осеќам страшно, без воља за работа и како да имам нешто полно во себе. После ден или два, од кога мислам дека сум примила нешто. се повеќе имам чувство како да не сум тука. Друго сомневање е што пробав да ставам камери, но за жал кога тој ќе дојде, во еден период тие на чуден начин се гасат. Некој ќе велат остави го, но имам некоја причина, која не би ја кажала овде. Секако сме одвоени. Сакам да кажам дека тоа не е решението. Толку. Не би сакала повеќе да се отварам околу темава. Не би посетувала психијатар, бидејќи не сум за таму. Единствено што би сакала е да се испитам. Би сакала да се уверам дали имам присуство на некои несекојдневни супстанци во моето тело. Од она што бев истражувала, според моите чувства, повеќето од дрогите може да се детектираат само до 24 часа. Би сакала да ги испитам следниве: Testiranje na krv I psihotropni suptanci Benzodiazepini, amfetamini X Opijati, sintetichki kanabinoidi Barbiturati X Benzodiazepini i disocijativni supatanci (x)p I drugi psihotropni suptanci Е сега незнам дали е ова доволно или некоја што се разбира повеќе би ми предложила и некој тест плус за синтетички дроги или материјали. Повеќето од приватните лаборатории кои ги контактирав прават само тест за Бензодијазепини. Имам две прашања: 1. Дали овие тестови би биле доволни за да се открие било какво страно тело, 2. И ако може совет, Каде би можела да ги направам тестовите? Ви благодарам многу феминки
Ако можеш, постави од оние малите камери, за да бидеш сигурна дали те дрогира некој. Мислам дека во Авицена имаше еден пакет што можеш да испиташ све. Е сега не знам која цена е, ама сигурно би било над 50€. Но не ги жали парите за да се провериш. Значи вака: Ќе си направиш крвна слика, тест од плунка, урина ќе провериш и тест за коса. Би требало да дадат 100% точни резултати ако си дрогирана со нешто.
Се јавив во Авицена. Прават само на бензодијазепини и тоа со урина. Ништо повеќе. Затоа и бев пишала. Дали има некој инфо зa Другиве тестови каде се прават? Колку што читав тоа се правело само на токсикологија. Не сум упатена. Дали може да се отиде таму без упат и директно да ги направам тие анализи Бидејќи директно матичен не дава упат за таму Ме интересира дали некој бил таму без упат. (не сметајќи ги оние што пијат и добиле труење) Ако некој правел на своја иницијатива тестирање без упати и посета на еден куп доктори претходно би го замолила да ми пише
Се гасат камерите затоа што знае дека ги имаш поставено (може и он поставил своја?). Оди преку матичен лекар, испитај се државно. P. S како знаеш дека е по пат на игла? Имаш убоди?