Значи, не верувам на резултатите кои ги добив од ПАП тестот од кај матичниот лекар, сакам да го повторам тестот. препорачајте ми клиника која има сопствена лабораторија а тоа да не биде Систина-неможам да си ја дозволам систина Писете ми каде се наога и цена. Ви благодарам однапред...
Јас правев во Про Медика 2000 ден, ама немаат ни они сопствена, туку ги носат некаде. А тебе кај ти е матичниот? да си знаеме
Епа и јас мислам дека во Ск сите на едно место се прават, така да каде и да отидеш исто тие, ама има разлика во цената и секако во услугата, имаш теми за гинколошки прегледи во темата Секс, па можеш таму да прочиташ каде која цена е
затоа што кога отидов по мојот резултат кој покажа ХПВ од низок степен, бев страшно исплашена, и додека чекав за консултација со гинекологот, разговара со сестрата што работи таму, и она како за утеха ми вика не паничи, еве ти погледни ги другите резултати, и ми даде над 40 ПАП резутати од кои само 2 немаа ХПВ е сега....или вирусот е толку раширен, или нешто не е во ред. работата е што несакам да поверувам дека имам ХПВ.....и сакам уште еден тест во Скопје. затоа ми е битно дали да дадам 3000 денари за клиники како ремедика, свети лазар.....или да отидам кај било кој гинеколог и да направам ПАП за 1000 денари. значи не ми е битен третманот кој ке го добијам, туку лабораториски резултат..... ве молам девојки.....писете ми информација која ке ми е од корист...
Дај боже да се грешка тестовите...Јас имам познаничка кој има ХПВ од низок степен и и кажале дека ако ги пие редовно апчињата и ги става вагиналните свеќички за 6 месеци мислам кажа ке се повлечело...Ама направи уште еден тест па да се надеваме на грешка ти држам среќичка
фала маа ставам ја вагиналети веке 4 месеци и кај и да е после први ке правам пак ПАП....е само кога би знаела каде...
Onegirl, а кои вагиналети ти ги препишаа, ако може да кажеш? А за клиника со сопствена лабараторија каде ги прават пап тестовите незнам. Мојот матичен гинеколог ги носи во друга лабораторија.
mi prepisa vaginaleti na prirodna baza- t. e kantarionovi, plus da rabotam na podiganjeto na imunitetot-mnooogu vitamini i takvi stvari.. A Nina-koj ti e maticen lekar, kolku cini pap test kaj nego, kaj se naoga i pisi mi brojce ako ne ti e tesko
Iма разлика каде ги носат пап тестовите.Aко се во Kуманово тогаш и треба да се сомневаш бидејки и јас иам слушнато од мои роднини и пријатели кои имаат правено пап тест а за резултати биле праќани во Kуманово,па сите имаа хпв од низок степен па дури и една 70 годишна жена...така да барај си гинеколог во ск кој ги носи тестовите во државна или некои гинеколози ги носат во приватни лаборотории во ск ама барем не прават такви грешки како во Kуманово.
кај еклер да појдиш, кај паркот кај судот се наоѓа. Доколку ти е матична пап тестот е 150ден, а ако не ти е 650 или 750 ден.. За матична треба да чекаш најмалце 2 недели откако ќе и однесиш документи, значи по 20 дена можиш да појдиш да направиш пап тест и ќе платиш 150ден. навистина е добра докторката, многу внимателно работи и е искрена, пред се. што и да има ти го кажува и ти ги кажува опциите кои ги имаш, па ти одбери си.. се надевам дека не закаснив многу со одговоров