Веќе три месеци имам лажен нагон за мокрење...после мокрење имам чуство дека мочниот меур е полн а нема ништо и така цело време. Испитував уринокултура двапати и стерилна е, бев и кај гинеколог немам ништо, матичната ми препиша Нолицин, па после Цитерал па пак Нолицин ама никакво подобрување. Бев и на уролог во Ремедика и таму ми кажаа дека се е во ред...Дали ви се има случено вакво нешто? Од што може да биде?
Може да имаш воспаление некакво , штом ти рекле е во ред значи немаш инфекции и бактерии...во секој случај ти препорачувам да пиеш многу Увин чај , земи си рефус не во кесички тој е подобар, исто можеш и треба да конзумираш многу брусница, и јас имав ваков проблем порано и го решив со пиење на голема количина Увин чај.
Фала ти многу на советите А лекови пиеше нешто или и ти немаше инфекции...јас се мислам дали да си земам Урифар или да идам пак кај матичната да ми препиша Палин, Цитерал или некои други од тој вид...Гинекологот ме прегледуваше повторно пред некој ден и ми рече не е ни до јајници ни до ништо, дека најмногу реагирам на мочниот меур, и ми рече колку што можам потопло да се облекувам и да не носам ништо тесно
Не ми текнува како се викаа лековите , пошто беше одамна тоа..ти кажувам немав никаква бактерија, имав случај како твојот и го решив со пиење на многу увин чај, веднаш почни да пиеш , ќе си ја видиш разликата , чајот е природен , не земај за џабе хемикалии...позз.