Лажење

Дискусија во 'Психологија' започната од Bright, 16 март 2010.

  1. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.465
    За лагата може да се зборува со денови, ама да започнеме дискусија ке псотавам неколку прашања.
    Дали лажете? За какви работи (позитивни/негативни)?
    Кои се најчесто причините за лажење?

    Сите велат дека сакаат искрени луѓе, но ако буквално во секоја ситуација сме искрени би настанал општ хаос. А и не постои човек кој барем еднаш во животот не излажал.

    Дали ве фатиле во лага? Како сте реагирале?
    И дали вие имате фатено некој како ве лаже и како сте се однесувале или ако фатите некој да ве лаже како би требало да се однесуваме?

    И за крај што е за вас лага? Што претставуваат тие?
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.289
    lazam samo koga e nesto ne tolku bitno, i e podobro za u situcijata da ne se znae. a vo laga me fatile i togas sum ja kazuvala cel vistina, ne se vplektuvam po poveke lagi, pa sto bide, bide..a kako i da e lazenjeto e neizbezno...
     
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.717
    Не постои човек кој не лаже. Кој ќе рече дека не лаже - тој лаже :lol: . Иако мразам да лажам и не практикувам, некогаш едноставно морам :D Лажам за да се заштитам себеси првенствено, а никогаш за да се фалам за нешто што не е вистина или да клеветам некого. Лажам доколку тоа ќе ме извлече од некоја неволја.

    Искрено, изгледа добра лажачка сум, па не ме фатиле :D Ама можда и не ме фатиле затоа што најчесто тоа се ситни лаги, колку да покријат некоја минлива работа. Дека ме лажат - имам фатено. Но ретко реагирам бурно. Најчесто премолчувам и оставам да видам до каде ќе турка таа личност со лажење.

    Според мене лагите се вештачки производ на човековата психа. Не велам дека се правилни, но се нормална појава и отсекогаш биле. Оние белите се корисни, сите ние добро знаеме зошто. Но не можам да поднесам луѓе кои лажат за забава или за да наштетат некому. Страшно :o
     
    На mihaela55555, L-enna, Princess.S и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.140
    Пол:
    Женски
    Ретко лажам,преретко,но едно е да неможеш да кажеш,а сосем друго е да излажеш.Лагата е превртување на вистината,корен на лагата е вистината и обратно.Но да неможеш да кажеш е да си чуваш во себе,било каква тајна,да немаш на кого да кажеш мислејки како ќе реагира другата личност,а да го кажеш тоа што ти тежи на душата на личност што сметаш дека е личност од доверба.Но мене во основа не ми е криво што ке ме излаже некој,ако ме лаже,прво себе си се лаже,мене неможе да ме излаже,времето ке си покаже колку и дали ме лажел,колку што ми е криво кога некој лице ми прави,иако знам кога се случува таква ситуација,затоа што понекогаш страшно ги чуствувам луѓето дали ме лаже или не,а и не се замарам со тоа,затоа што знам дека прави да ме изнервира но многу добро знам да игнорирам и тоа што ме излажал да не допре до мене.
     
  5. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    77
    Мислам дека сите ние лажеме само на различен начин :lol: сум излажала да,за некои не битни работи кои се подобри во моментот за мене,се на се тоа се ситни лаги што во тој момент морало да се кажат :D а за лажење од типот да наштетам на некој,за големи работи или да кажувам некои смешни не вистини не ми се случило,не сакам да лажам,не ми е пријатно али кога мора мора се :D а мене да,ме излажале и тоа многу пати и најчесто или може да се каже секогаш сум ги фаќала фала богу сум имала среќа ;) и доста ми било непријатно,и било големо разочарување затоа што се работеше за стварно тешки лаги кои не сум ги очекувала од таа особа,не сум реагирала бурно само сум сватила со кого си имам работа,и ситни лаги сум фатила али тие не ме врегале :lol: лагата некогаш е корисна за одредена ситуација али сепак да биде ситна,а не некоја со одвратна намера :Down: ;)
     
  6. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.810
    Пол:
    Женски
    Лажење како навистина лажење,тоа не го практикувам воопшто,ако некој го цениш и сакаш,кажи му се реално,и за тебе и за него,за се.Ама оние ситни лаги кои се некогаш ,мислам,неизбежни,тие се само колку да смират некоја ситуација,или да се одбегне непријатност.А такви сите си употребуваме,нели?
    И да ме лаже некој,многу се нервирам,посебно за некои работи како,облека,имам 15 пара фармерки,а сигурно нема,ќе одам на одмор во странство,а сигурно нема да отиде ни до Охрид,бев на кафе со еден ептен згоден тип/девојка,а сум ја видела неа или него на клупа во парк истиот момент кога ми кажал така и слично.
    И сигурно сте сретнале и вие такви.Море кажи си право,никој ниту ти дава ниту зема!

    Да докажам,и да излажам нешто веднаш ќе ме фатат оти се правам како пиперче и само подголтнувам. :oops:
    Еднаш сакав да ја излажам професорката по македонски дека имам добиено,таа само ме погледна и ми рече,ај Кате оди,оти ми е грев оти не знаеш да лажеш. :oops: А јас само сакав да си одам дома оти имав гости што ретко ги гледам :lol: :lol: И одтогаш директно кажувам што имам наумено!
     
  7. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Лажам кога имам потреба, кога треба да се извлечам од некоја ситуација, или кога вистината не е баш пријатна да се слушне. Иначе, експерт сум за лажење. Ретко ме откриваат, а ако некогаш кикснам се вадам со : Кажи ја половина вистина за да ја сокриеш другата половина :D
    Иначе не ги почитувам луѓето што лажат туку-така колку да кажат нешто. Имав една другарка трчи лажи.Тоа повеќе наликуваше и на болест. Верувате или не способна беше да излаже и за најмала ситница, која што ништо ќар не и носи. Што е со таквите луѓе не знам. Како и да е, си заработи епитет лажливка :D
     
  8. Braveheart

    Braveheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    89
    Лажам кога е неопходно, кога треба да си го извлечам газот или да биде нешто по мојот ќејф.
    Дали ме фатиле не лага? Можно е, ама ми немаат кажано, ваљда не :) .Праксата си го прави своето.Што намислувам- ми успева :twisted: :lol: .
    Сепак, почесто ми се случува да не кажам и да преќутам некои работи, а не да раскажувам невистинити стории.

    На ова ќе додадам: Не ми е криво кога некој ме лаже, криво ми е ако мисли дека му верувам.Ако некој успее мене да ми излаже, доделувам златно ѓаволче за најбољи мангуп.
     
  9. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    60
    vo denesno vreme te smetaat za lazlivec tokmu koga ja zboris vistinata sto mene licno ne mi se dopaga.a zosto e taka-verovatno bidejki sve sto bilo normalno sega se smeta za nenormalno ednostavno vreminjata se smenile
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.557
    Допаѓања:
    38.119
    Па нема човек што не кажал ваква или таква лага. Јас обично лажам по дома, не им кажувам каде одам, а кога им кажувам најчесто ги лажам. Или кога ќе ме прашаат кога се врати, е тука еднаш не ми текнува вистината да сум ја кажала. Лажам некогаш за да се извадам од некоја каша, ама ништо трагично или претерано. Ме нервираат луѓе што лажат без потреба, што ги величаат работите и на крај ни самите не знаат што излажале.
     
  11. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.343
    Пол:
    Женски
    Професорката ни вика дека во логиката не постои лажење, туку заобиколкување на вистината. :)
    Лажам ако може така да се каже за работи кои не се многу важни и лажам ако морам.
    За да се извлечам во некоја ситуација од која може да ми биде незгодно гледам да ја заобиоклам вистината и да кажам нешто што мене ми одговара.
    Во лага како помала 3-4 години ме имаат фатено ( на тие години децата не знаат да лажат), ама од тогаш НЕ изгледа и јас добро лажам :lol: , најчесто кога треба да излажам смислувам нешто логично, ако не биде логично поголема е веројатноста да ме фатат.
    Имам повеќепати фатено кај што ме лажат (можам одма да препознаам кога некој ме лаже, или ги врти очите , или се вцрвенува или кажува нешто што нема врска или од кога ќе излаже одма менува тема што не е поврзана со предходната),реагирам нормално, ќе предупредам кај што треба, некогаш се правам дека не забележувам зашто знам дека НА ЛАГАТА И СЕ КУСИ НОЗЕТЕ и кога тогаш таа ќе излезе на виделина, сакале ние или не.
    Лага е кажав погоре - заобиколкување на вистината, претставува ситуација кога некогаш мора да измислиш нешто што ти одговара во тој момент. ;)
     
  12. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    3.611
    Речиси никогаш не лажам (99 %),а ако излажам тоа е сигурно за позитивна работа :) или за нешто ми е страв да го признаам.
    Да,ме фатиле во лага,а со самото тоа веќе одма ја кажувам целата вистина и се извинувам ОБАВЕЗНО!
    Сум фатила и во лага многу пати и тешко простувам пошто тоа е за мене многу лоша работа!!!
     
  13. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.346
    Пол:
    Женски
    Подлажнувам од време на време ама за глупости и одма ме фаќаат. :D
    Пред некој ден ја лажев мајка ми дека сум почнала да пушам и извадив кутија цигари од ташна, а она ми се изнасмеа. Не ми поверува. Наместо како родител да се загрижи ми рече: Не се твои, ти не би дала 120 денари за цигари. :D
     
  14. skygirl

    skygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    152
    Јас мислам дека е обратно- хаос настанува затоа што сите (лошо или добронамерно) лажат. Многу е поедноставно кога сите би ја кажувале вистината.
    Е сега, сигурно дека нема некој што не кажал барем една маааааааала лага.
    НО, секоја лага на крај излегува на виделина и понепријатна е таа ситуација, отколку ситуацијата во која може а и би требало да сме искрени без разлика колку таа вистина не сакаат да ја слушнат другите. Ако еднаш ве фатат да лажете, макар и за најситна и небитна работа, другите немаат доверба во вас.
    А најлошо е кога другиот веќе знае дека лажете, а вие упорно продолжувате со лаги во кои може и сами да се загубите и да се заборавите што и како претходно сте кажале.
    Затоа во најголем број случаи е подобро да се каже вистината или да се премолчи, отколку да се лаже.
     
  15. Lady-Sweet

    Lady-Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    82
    Да,лажам :)
    зависи од ситуацијата, понекогаш лажам за да се извадам од некоја непријатна ситуација, но понекогаш па и знам да излажам за да заштитам некого од грдата вистина :(
    Јас се декларирам како искрена личност, но понекогаш е многу тешко за одредена ситуација да се биде искрен, па затоа мора да кројам лаги...
    Како што поминуваше времето, се изградив во посилна личност - па слободно можам да ви кажам дека за одредени ситуации не ми е воопшто тешко да лажам, а тоа го правам многу вешто, па така можам в очи да гледам некого и да го лажам бидејќи сфатив дека не треба да ги жалиме одредени личности и потполно си ги оправдувам некои мои лаги :P
    Не се сеќавам да ме имаат фатено во лага,а знам дека ме имаат :lol: (не памтам бидејќи не реагирам бурно) :rock:
    А имам јас многумина фатено во лага, бидејќи понекогаш се случува да имам некое претчувство, и сама ја откривам вистината - а понекогаш пак самите личности што се обидуваат да ме излажат не се доволно добри во тоа :P

    Искрено - во многумина што ги ценев ја изгубив довербата, и мислам дека никој од нас не треба да дозволи некој да прави будала од некого, нити ние да бидеме будали, нити па ние да правиме некого будала, но тоа е што е.... :x секогаш ќе се најде некој будала... :drunk:

    За мене лагата претставува одбегнување на вистината, залажување на самите себе, мислејќи дека правилно постапуваме...Во многу ситуации си имам негативно поминато поради грди лаги, и знам дека не треба да лажеме, ама секогаш кога кажувам лага, имам на ум дека сето тоа го правам за да не му наштетам на некого, за некој да не се почувствува лошо поради некоја болна вистина...

    Во овој денешен свет, веќе ни јас незнам што е вистина.Многумина ми замеруваат што в лице им кажувам што мислам, и тоа ми е како некоја мана, ама таква сум - не ми е гајле, мене убо ми е 8) чиста ми е душата :lol:
    На денешницава, ако сите знаеме што мисли имаме во главата,- што му мисли секој на секого, во светот нема да останат ни 4ца пријатели...
     
  16. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    117
    лажам само кога има потреба од тоа од типот да не повредам некоја личност која мн ми значи ако и ја кажам вистината или пак вистината и ја кажувам со извртена форма :D а кога се работи лично за мене многууу ретко лажам,одма проценувам луѓе кои сакаат да ме излажат и познавам луѓе кои се толку убедливи во своите лаги што постепено почнуваат и самите да веруваат во своите лаги
     
  17. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    138
    секој човек лаже тоа е факт е сеа има мали безболни лаги и ги има оние другите. И јас сум лажела обично ги лажам само моите дома(оправдано) :lol:
    најчести причини се само да се извлечам од некоја ситуација со цел да не повредам некои со моите постапки.
    ме имаат фатено во лага и обично си се смеам не обрнувам некое поголемо внимание на тоа.
    исто имам фатено како ме лажат и обично преќутувам за да видам до каде може да одат со тоа, и си се смеам на нивната патетичност.
     
  18. povredena-83

    povredena-83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    5
    KOGA SE GLEDAS VO OGLEDALOTO I SAKAS DA GO SKRSIS,NE E OGLEDALOTO TOA STO TREBA DA BIDE SKRSENO,TUKU TI SI TOJ,KOJ TREBA DA SE PROMENi .Cesto i obicnite lagi sto se za nas obicni za nekogo se neprifatlivi i mozebi za edna obicna t.e glupava laga vece nikogas nema dago popravite mislenjeto za vas na taa licnos sto ste ja izlagale ;( ;( ;( ;(
     
    На nenuska и viki44e им се допаѓа ова.
  19. butterfly.mimi

    butterfly.mimi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    101
    Многу ретко лажам, ама кога лажам стварно добро лажам! правам микс на пола вистина пола лага + уверлива приказна и СЕКОГАШ СУМ ВО ПРАВО т.е ќе најдам милион начини за да ја убедам "жртвата" дека сум во право и дека ја зборувам "вистината" :)
     
    На Unfaithful18 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Се пронајдов во постот и јас проклето добро лажам :D И тоа на истиот принцип: Кажи ја половина вистина за да ја сокриеш другата половина :D