1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лажење

Дискусија во 'Психологија' започната од Bright, 16 март 2010.

  1. WildAngel

    WildAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    108
    Хмм :?: Да, лажам. Секако кога имам потреба, да се извадам од некоја ситуација. :) Секој во животот лаже. Досега ме немаат фатено во лага. :angel: Па, немам некои големи лаги напревено за да наштетам на некој и сл. Бог да чува за таквите. :fubar: Страшно!
     
  2. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Да, лажам. Но, само кога морам, а не секој пат штом ќе ја отворам устата. Најчесто лажам кога не сакам некој да го повредам. Но не му кажувам слатка лага, туку нешто поблаго од вистината, а не толку слатко како лагата.
    Досега во лага, бидејќи не сум лажела екстремноо. Само еднаш, кога и реков на другарка ми дека ќе одам кај братучед ми на роденден за да оди сама на театар со сегашниот дечко (тогаш сеуште не беа фатени), а таму таа се сретнала со братучед ми. :$
    Сум фатила како ме лажат. Секогаш знам кога ме лажат-барем тие што добро ги познавам и веднаш им кажувам дека знам дека ме лажат.
    Лагата е заобиколување на вистината.
     
  3. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    180
    кој лаже,тој краде има вошки и спие на таван :D :D хахах шала..
    да знам да излажам само тогаш коа мислам дека треба иначе нема човек кој не лаже сите знаеме да излажеме коа сакаме да добиеме нешо или да постигнеме така да и јас сум мала лажгичка :)
     
  4. wild.child15

    wild.child15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    13
    Во потполно се согласувам со Hipica ... :P
     
  5. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Избегнувам да лажам, освен во најретките ситуации на училиште и сл. и тоа за многу ситни работи.
    Најчестата причина е да избегнам невоља. :D Инаку пред моите дома и блиските сум секогаш искрена.
    Во лага ме имаат фатено и премногу се засрамив, затоа сфатив дека е многу подобро и полесно да ја кажам вистината и да расчистам се, отколку да се заплеткувам во лаги. :)
    Имам фатено многу пати некој да ме лаже, а во 80% од ситуациите сум премолчувала, не вреди да се замарам за такви работи кога и самата личност што ме лаже знае дека се лаже самата, а мене не ме лаже воопшто.
     
  6. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Лажам кога морам! Најчесто се случува кога ме мрзи да излегувам, и ги лажам другарките, дека не сум добро! Или дома кога ке ме смрзе нешто, демек имам некоја важна работа, а јас во детска, спијам како топ!.....Тоа се моите лаги......а за оние сериозни престапи, лажам само пред полиција хаха....со драги особи, не практикувам такви работи! :lol:
     
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Лажам, лажам, лажам, секој втор збор го лажам, што да правам терба на сите да им одговарам на глупите прашања што не треба да ги засегаат?
    Лажам кога не ми се излегува со другарките, за да не ми се налутат! Лажам дома, за повеќе пари најчесто. Лажам кога ќе напраам некоја глупост, многу луѓе лажам и ги имам излажано, но тоа не се лаги од типот која сум вистински и што сум, него се буквално за глупости а и за самата да си ги искомплицирам работите да ми се поинтересни :D
    Једино на форумов не лажам, епа тука никој не ме познава и можам да си кажам буквално се што ми лежи на срце без да се плашам што ќе помислат другите и како ќе ме осудат :P
     
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Се замислив како јас го кажувам ова Лажам,лажам,лажам!!! :rofl: :rofl:
    шала на страна, се согласувам со тоа што го кажа. И јас лажам за најглупави работи, за некои ситници кои не можат да дадат погрешна слика за мене, ама ми помагаат во конкретна ситуација.
    Па што, сите лажеме?! :)

    Е друго е ако премине во она хронично лажење, правење на цели филмови и сценарија, дали од потреба или од чиста разонода. Тоа е веќе болест благо кажано, и мора да се лекува со еден добар психијатар.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    5.688
    Пол:
    Женски
    *Дали лажете? За какви работи (позитивни/негативни)?

    Во сите случаеви пробувам да бидам искрена, но кога веќе морам лажам за негативни работи. Ситни работи, кои мислам дека не би биле проблем и да излезат на виделина.

    *Кои се најчесто причините за лажење?

    Мои причини кои лажам... Еве ќе кажам баш пример,моите ако ги лажам ги лажам за нешто што сакам да направам, а знам дека доколку ги прашам, нема шанса да ме пуштат, па ги лажам дека нешто друго ќе праам а не тоа. :wasntme:

    *Дали ве фатиле во лага? Како сте реагирале?

    Моите ме имаат фатено,многу пати, посебно мајками, бидејќи јас незнам , баш НЕЗНАМ да лажам, и таа ме има фатено многу пати во лага, но со тек на време ќе ми опрости. Мојата реакција,кога некој ме лаже е извини.. ама нејќев да ја кажам вистината , мислев дека ќе те боли. :worried:

    *И дали вие имате фатено некој како ве лаже и како сте се однесувале или ако фатите некој да ве лаже како би требало да се однесуваме?

    Зависи во каква лага.. Ако е нешто големо, и некој ме излажал за тоа, ќе немам веќе доверба во него. Ќе опростам , ама нема да заборавам. Ако е некоја ситна лага, ќе опростам само , па луѓе сме.. Нема човек кој не излажал ;)

    *И за крај што е за вас лага? Што претставуваат тие?

    Лага е криење на вистината.. Фантазија, мислење на нешто дека е така , а не е така.
     
  10. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    8.146
    Пол:
    Женски
    Секако дека лажам и сметам дека тое ме прави нормална зашто не постои таков кој не лаже.Лажам за да се извадам од непријатни ситуации најчесто и понекогаш лажам кога морам,зашто од некои х причини некој/а не сака да ја прифати вистината.Не се сметам за нешто особено вешта лажливка луѓето кои ми се блиски редовно знаат кога лажам па затоа и не ги лажам нив. :) Избегнувам да лажам и затоа што вистината во најголем дел случаеви,порано или подоцна се открива,посебно за некој како мене вечно следен од Марфи.А најлошо лажам во 5-0 ситуации,на лице место кога не сум имала време да смислам добра лага,па до израз доаѓа мојата креативност и под дејство на паника испаѓаат комични К-15 моменти.

    Како што реков,лагата ја сметам за нешто најнормално и неизбежно и очекувам да ме лажат и други или барем да се обидат.На крај краева и вистината кажана во погрешен момент и на погрешен начин е полоша од лагата.Затоа простувајте лаги. ;)

    Но,два типа на лаги никогаш нема да ги сфатам и никогаш не ги практикувам.Патолошкото лажење,кога воопшто немаш потреба да лажеш а сепак лажеш од навика,за да испаднеш подобар/поинаков пред другите или така,од болест да не речам.И вториот тип,лажење самиот себе,сум пробала и не ми оди никако па не пробувам повеќе. :D
     
  11. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    Лажговци засрамете се :$ :tmi: :lol:
    И јас знам да си кажам по некоја мала сосема невина ! Најчесто лажам во школо , многу сум креативна во измислувањето изговори зошто доцнам . Одбегнувам да ја премолчувам вистината кога станува збор за сериозни ситуации.Искрена сум и сакам да ми се возврати со иста мерка.
    Да како и секој човек ме фатиле во лага. Како реагирав ..стандардно "добро нема повеќе" , сигурно затоа што и не заслужиле , во главно знам да признаам и да одговарам за нешто што не сум го сторила .Некои луѓе се едноставно упорни нема да ти дадат да дишеш додека не докажат дека се во право , а јас не дека немам аргументи ..немам сила цела вечност да убедувам некого во спротивното.Ако некој фатам во лага , посебно некој што ми значи знае многу да ме заболи, најмалку од нив очекувам да ми работат нешто зад грб . Нема да простам , злопамтило сум , не нема да заборавам :| А за "рекреативните "( фалбаџиите ) лажговци , за нив ми е баш сеедно :rofl: ако внимателно ги слушаш и оставиш впечаток дека навистина им веруваш , тука со силна пареа проработува нивната бујна фантазија ..ќе почнат да ти раскажуваат како биле по капинки на марс |(
     
  12. hihihi

    hihihi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2010
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    11
    лажам ама коа треба да се извадам.. да земе ннекој да анализира ке ме фати 100% .. многу траги оставам..


    најмногу ги лажам наставниците :lol:
     
  13. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    Многу ретко лажам, мразам да лажам а уште повеќе да ме лажат...а најчесто откривам кога се случува тоа и ме вади од кожа. Најлошото е да ја изгубиш довербата... кај мене тоа оди вака - довербата тешко се стекнува. а многу лесно се губи. Ако се разочарам еднаш од некој, тешко дека ќе ја имам истата доверба повторно!
     
  14. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    344
    99% не лажам,секогаш сум искрена и тоа ни малку не е добро,алал да им е на тие кои знаат да се снајдат и да излажат.! % кога сум излажала сум имала после грижа на совест и сама сум се искажала :lol: :lol: не сакам лажговци а многупати ме излагале,ме лаже размислувањето нечие,нечиј лик-многу се каам за тоа.а почитувам искрени луѓе-но многу се ретки.а како мала сигрно многу сум лажела зошто сум била многу посреќна од сега :!: :!: има една поговорка на лагата и се кратки нозете и стојам до тоа,кој лаже еден ден ќе се дознае :lol:
     
  15. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    6.312
    Ее де, си подлажувам така некад..коа ќе ми текне :lol: ама повеќето се бели лаги, ама ипак пробувам и тие да не ги користам. Некогаш знам и повише да излажам, ама ако е потребно и неможам да се извадам од некоја ситуација. И даа, мразам кога ме лажат, за ситни работи не, ама коа ќе фатат да ме лажат и плус ќе се заплеткаат у самата своја лага и знаат дека си ги открил и уште продолжуваат. Ах, што да праиш. -.-
     
  16. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Оваа тема ми најодговара за да ви признам една лага точно пред година дена,а никој не ја дозна беше толку убедлива малку фалеше јас самата да си поверувам.
    На оваа дата одам на лекар и викам вака на докторот сакам да ми се продолжи боледувањето,а докторот одговара неможе со твојата дијагноза толку денови те следува.Почнав да убедувам не ми е добро не ни памтам што се не кажав.На крај прифатив да одам во болница смо уште некој ден да останам на боледување.Така со мојата лага и глума си преспав во болница си се добро одморив и ми се продолжи боледувањето.Срам да ми е ама и бравос за мене и тоа е храброст.
    Сега си се сама чудам колку и психички бев убедена дека сум многу болна.
    Имам и други ситни лаги и не ветувам дека нема да лажам.
     
  17. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    лажам, и многу сум добра во тоа :)
    не лажам често, но се вели дека кога ке гледаш човек во очи, не можеш да лажеш, ама јас токму тоа се обидувам да правам кога лажам xD
    ја помешувам со некоја друга вистинска случка, и ете приказна!
    Важно е да не се нервираш, смирено, контакт во очи, не гледај лево или десно, или не се обидувај да биде што пократко, туку понекогаш и се смеам, и демек, "аа дааа... баш е смешно, нее, никако", такви приказни и се ке биде океејј !
     
  18. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Лажењето е една од најлошите маани која може да прерасне во секојдневние, односно во навика.

    Ако човек еднаш ме излажал, како да му верувам повеќе?
    Тука ја губи довербата, после докажувај се колку и да сакаш, ама во мене ќе постои секогаш некоја ронка сомнеж.

    Се случувало и сеуште се случува да ислажам. Секаква лага, дали во училиште за да си отидам дома, дали родителите дека сум научила, или другарка дека не ми се излегува, ама не е тоа дел од моето секојдневие и сега за сега не ме фатиле. Гледам да не бидам проѕирна иако родителите не читаат како селски буква, ама знаат да се направат наудрени кога си подлажуваме :lol: .

    Лажговци во мојот свет не постојат, ма не разликувам ни бели, ни сиви, ни црни - НЕ ПОСТОЈАТ!
     
  19. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Лажам само кога е неопходно, најчесто "бели лаги" :P Ме фатиле како лажам, па тогаш ја кажувам целата вистина, а доколку јас фатам некој како лаже многу сум лута. Најмногу мразам кога за нешто ќе ме подизлаже мајка ми, зошто не сакам да ме третира како мало дете. Барем со најблиските се трудам да сум секогаш искрена.

    Инаку имам забележано дека сите луѓе бараат искреност, а повеќе се лутат кога ќе бидеш искрен и им кажеш се во лице. Е ајде сега?!? :|
     
  20. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Најчесто се трудам да бидам искрена, лажам кога навистина има потреба од тоа и е неопходно, кога треба да се извадам. Се трудам да не ме фатат и успевам. Инаку, лажењето е една од најлошите особини, а посебно ако на човек му стане навика.