1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лажење

Дискусија во 'Психологија' започната од Bright, 16 март 2010.

  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Има три вистини: мојата, твојата и вистината!
    Лажење-нема!! ;)
     
  2. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Мислам дека за темава можам да докторирам.
    Секојдневно сум опкружена со личности чија главна цел е да подлажнуваат... Ма какво подлажнување бре, лажат и тоа на велико |(
    Кога ќе почнеш да лажеш за една работа, таа ''некоја'' си работа се поврзува со друга, и за да не испадне дека си излажал, мораш повторно и повторно да лажеш.

    Значи еднаш кога ќе почнеш, ако не ти дојде памет, лажењето ти станува навика. Макар и за мали работи, ситници, ти пак лажеш.

    Мислам дека лажењето кај повеќето луѓе(барем кај тие што сум опкружена) претставува еден вид на ''алатка '' преку која се истакнуваат во нешто. Сакаат да привлечат внимание и во краен случај да бидат сожалувани од страна на луѓето. Последново дека саакат да бидат сожалувани од околината, пријатели или колеги пример, никогаш не ми паднало на крај памет, се' до пред некој ден.
    Кога другарка една моја(ако воопшто можам да ја наречам така) почна да лаже за ептен големи работи, како се труела со апчиња и бла бла, само за да привлече внимание и да биде сожалувана од луѓето.
    Ова ми е еден навистина глупав начин да постигне нешто, и во никој случај не го оправдувам.

    Што се однесува до мене, неможам да кажам дека сум безгрешна, затоа што никој не е безгрешен.
    Имам лажено за некои работи, ама :!: само во случај кога сум била во некоја чкљ ситуација и сум била приморана да го направам тоа. Дали за мое добро, или добро за другите околу мене, небитно.

    Што се однесува до прашањето дали ме фатиле во лага, ќе одговорам позитивно тука.
    Да, ме фатиле. Работата беше нешто со моите дома за искачање, јас реков дека ќе бидат на едно друго место, а уствари бевме на друго место... Ама добро, не беше ништо сериозно.
    Shame on me.

    И за крај да не го тупам многу, ќе ви кажам само... Луѓе немојте да лажете, навика станува...
     
  3. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Па јас на пример лажам кога морам...кога подобро е да ја скријам вистината отоколку да ја кажам иако и ова ретко во последно го практикувам зошто лагата е лага каква и да е со позитивна намера или со негативна нема врска лага ии нормално не сакам да ме лажат
     
  4. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Да,редовно го лажам мм кога ќе ме праша колку цигари испушив до моментот,а јас онака сложувам наивна фаца и трепкајќи му викам,едвај 7-8 немав време,цел ден работев дрн-дрн.... :lol: :wasntme:

    А душичка,знае дека го лажам и јас знам дека он знае дека го лажам ,ама пустото бре,ако му кажам преку 25 цигари испушив(обично навечер оди овој муабет)ќе ми почне предавање за рак на плуќа,за астма,рак на грло......како предавање на медицински...
     
  5. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    Нема човек што не излажал.Понекогаш тоа е неопходно за да не ги повредиме тие што ни значат,но луѓето најчесто го прават тоа за да ги прикријат своите грешки.Можеби ова што сега ќе го кажам ќе ви звучи чудно,но светот не би бил интересен доколку сите би биле искрени :D .
     
  6. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    јас обично не лажам ама како мала 2-3 оделение сум лажела сум сушела сега ко да ме мрзи да лажам а и не сакам да лажам
    а најмногу од се мразам кога некој ме гледа во очи и ме лаже а настојува дека тоа што го кажува е вистина
     
  7. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    Не велам дека немам лажано...секој човек има кажано барем една лага! :) Конкретно јас за да се извлечам од некоја ситуација можам да лажам...ама тоа многу ретко. :$
     
  8. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Ретко лажам а и кога за нешто ќе излажам абе воопшто не ме бива........не сум јас за тие работи одма ми се познава. Така ме воспитаа од мала а посебно татко ми секогаш велеше најмногу мразам лажење а поготово кога мало дете лажи. И така до ден денес пре ама преретко за нешто ќе излажам кога ``морам``да се извлечам за нешто, уфффф :$
     
  9. Karamella

    Karamella Активен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    23
    Секој има излажано па и за мали и големи работи ама за кога ќе е многу сериозно не престанувам со зборување оти само една мала секунда се чувствува дали лажи или не. Ако ја имате гледано серијата "Lie to me" ќе знаете како се познава кога некој лажи. :)
     
  10. s.a.n.y.a

    s.a.n.y.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    16
    јас не лажам. јас ја кријам вистината :D :D :D
    по малце :$ :lol:
     
  11. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    сите лажеме.Некој ако рече дека не лаже тогаш тој ве лаже.
    Постојат четири главни причини поради кои луѓето прибегнуваат кон лажење, и со тие четири главни причини се објаснува во голема мера сета потреба од лажење. Секако, постои и петта причина која практично ги обединува сите четири, имено „глупавост“ т.е. погрешна проценка на ситуацијата кога човек лаже не сфаќајки дека сите се свесни дека ги лаже. Четирите главни причини се:
    1 Страв: кога некое мало дете ќе направи некоја беља по дома, на пример трчајќи палаво низ куќата ќе бутне некоја вазна ставена на некоја маса и таа вазна ќе се распарчи при падот, најверојатно тоа ќе земе да ги собере сите делови од подот и ќе ги фрли во канта, со тоа елиминирајќи ги сите докази за штетата што ја направило.
    Освен еден. Фактот дека родителите знаат дека вчера имало вазна на тоа место, а денеска нема вазна на тоа место.
    На детото му е страв да не го казнат родителите за уништувањето на вазната (која можеби е сувенир донесен од некое патување на родителите) и затоа лаже, правејќи се дека ништо не знае за исчезнувањето на тој предмет.
    Отприлика од истава причина лаже и Грција кога станува збор за македонското прашање. Своевремено, на територијата која денеска е „северна Грција“ имало огромно и доминантно македонско население, кое налик на некоја скапоцена вазна, Грците го скршиле во текот на неколку децении војни и асимилација, па потоа го избркале она што останало и сега грчките политичари глумат лудило дека немаат никаква врска со кршењето на вазната.
    Бидејќи Грција сепак не е мало дете, иако редовно се однесува разгалено, таа вазната што ја скршила и чии делови ги фрлила, ја заменила со друга вазна (со друго население донесено од Мала Азија), вазна сосема поинаква од претходната и по боја и по форма и за таа вазна сега тврди дека си е оригиналната вазна која цело време си била на масата.
    А бидејќи на масата која се вика Република Македонија веќе стои вазна која се вика македонски народ и која е идентична по форма и боја со онаа вазна што ја скршило разгаленото мало детиште Грција, јужниве копиљаци постојано тврдат дека нивната вазна е таа оригиналната вазна, а дека ние сме ја скршиле античката вазна тука, па сме ја замениле со некаква си словенска вазна и дека сега ние тврдиме дека нашата вазна е оригиналната, автохтоната.
    Во прашање е страв дека „родителите“ (Големите сили) ќе го казнат детето поради тоа што ја скршило скапоцената вазна. Или можеби пак срам е во прашање, оти дете кое крши скапоцени вазни не може потоа да тврди дека е цивилизирано и културно, нели?
    И срамот е форма на страв. А Грција богами има од многу што да се срами. Затоа и се плаши од вистината, и затоа постојано лаже.
    2. Алчност: од сите мотиви за лажење, овој мотив захтева најголем степен на интелигенција од страна на лажгото со цел да биде успешен. Бидејќи, кога некој лаже поради алчност, било за пари, било за моќ, тој очекува некој друг, оној што ќе биде излажан, да му ги даде тие пари или таа моќ.
    Главно, лажењето поради алчност е застапено во политиката, и тоа главно кај оние политички сили кои немаат што да му понудат во замена на гласачот за да ги избере. Ако некоја партија понуди конкретна програма со реални предлози за решавање на реалните проблеми што реално може да се решат за време на нивниот мандат, тогаш таа нема потреба да лаже за да ја стекне довербата на гласачите.
    Ама кога некоја партија составена од докажани шарлатани и осведочени хохштаплери нема што реално да понуди, оти не знае што да прави во интерес на државата ако дојде на власт, таа мора да прибегне кон лажење, обидувајќи се со манипулации и небулози, со шарени ветувања и зашеќерени прикаски да го заведе простиот народ и да ги добие неговите гласови.
    Ако некој истовремено ветува забразан економски раст со помош на повисоки даноци, ако некој ветува зачувување на националниот идентитет со помош на откажување од името, ако некој ветува правна држава откако претходно амнестирал крадци и насилници само затоа што биле од неговата партија, тогаш станува збор за лажго.
    Лажењето поради алчност како што реков захтева висока интелигенција од страна на оној што лаже. Доколку и после неколку години континуирано верглање на една иста лага една партија никако не успева да тргне нагоре со својот рејтинг, што кажува тоа за интелектуалниот капацитет на тие лажговци?
    Политичарот кој што не знае да го излаже народот е политичар кој што самиот себеси се залажува дека го бива за политика. Следствено, треба што поскоро да се откаже од таа професија и да почне да работи нешто друго.
    3. Желба за прифаќање: кога човек сака да го примат во некое друштво каде што не може секој туку-така да стане член, тој е подготвен за големи искривувања на вистината само и само да влезе во тој клуб.
    При тоа, интересно не е што човекот е подготвен да ги лаже другите за себе, туку во еден миг станува подготвен и самиот себе да се лаже во врска со другите. Впрочем, најважниот фактор што го води кон самозалажување е токму желбата за прифаќање.
    Човек откако ќе помине долго време во лажење за своите способности и можности со цел да ги импресионира членовите на клубот во кој сака да биде примен, откако ќе му се предочи вистината за тој клуб и дека можеби и нема да му тече саде мед и млеко штом ќе се зачлени конечно таму, тогаш тој почнува да ги затвора очите пред фактите и да си кажува лаги себеси, со цел да го оправда сето тоа време и енергија што ги потрошил во лажење.
    Не би објаснувал јас тука повеќе, оти за нашето акутно и хронично самозалажување дека во ЕУ ќе ни биде убаво, дека во ЕУ ќе ја најдеме ветената земја, дека во ЕУ конечно ќе успееме да ги решиме сите проблеми што до сега не сме си ги решиле, за таа заблуда и самоизмама веќе пишував нашироко во колумната „Златно теле“. Кој не ја прочитал, нека ја прочита. И нека не се самозалажува.
    Оној што е подготвен да се откаже од сѐ што има само за да го прифатат во некое сомнително друштво, тој со таквиот став докажува дека не знае што има. Зошто тие во сомнителното друштво би сакале да прифатат во своите редови таков незнајко? Зошто го бараат магарето на свадба?
    4. Навика: ова е најопасниот мотив за лажење оти произлегува како логичен заклучок од долготрајното и перманентно лажење од претходните три мотиви. Со други зборови, кога човек премногу долго лаже, дали од страв, дали од алчност, дали од желба за прифаќање, лагата му преминува во навика и од тој момент ни самиот не знае веќе како да го разликува лажењето од вистината.
    Не дека тој почнува да си верува на своите лаги. Таман работа, тој е совршено свесен дека лаже, само што проблемот е во тоа што не знае кои од неговите тврдења се лаги а кои вистина. Дури и луѓето околу него, оние со кои раководи навикнати на лагите на својот шеф, и самите почнуваат да лажат по навика, и тоа не само јавноста, туку и својот претпоставен го хранат со лажни информации.
    Народот се плаши од власта и постојано ги лаже полтроните околу водачот дека сѐ е добро, полтроните пак желни да му се додворат на водачот му кажуваат само тоа што сака да чуе, значи го лажат него дека народот го сакака бесприговорно, а и самиот водач немајќи кој да му ја каже вистината почнува да верува во лагите иако и самиот е свесен дека голем дел од она што го слуша за себе и за својата политика се лаги.
    Па почнува да спрема есенски/ пролетни/ летни сценарија убеден дека народот ќе го следи во бунтот против власта (ако е во опозиција), или пак почнува да воведува бесмислени закони и забрани (ако е на власт) убеден дека народот токму тоа го бара од него.
    За сѐ се криви полтроните, не лидерите. На лидерите нема кој да им ја каже вистината, оти своевремено се опкружиле саде со полтрони.
    Но… кој им е крив пак на полтроните, зарем некој некогаш им кажал ним дека полтронирањето е погрешно? За жал немало кој тоа да им го предочи, оти таков ни е образовниот систем, кој е најсилен фактор за доминантниот менталитет што исто така ги фаворизира најмногу полтроните и послушниците.
    Како што кажав во колумната „Западен менталитет против источен менталитет“ основен проблем кој го кочи развојот на Македонија е погрешното сфаќање за тоа кои сме ние и кои треба да бидеме за да станеме пак како што сме биле некогаш, тогаш кога сме биле силни и моќни. Оној што не знае од каде доаѓа, тој нема да знае ни каде треба да оди.
    П.С: Со овој пост го фатив стариот ритам што го терав на стариот блог и сега продолжувам со старото темпо. Така, идниот четврток очекувајте го новиот пост со наслов „Уште десет видови македонска глупавост“. Тоа е продолжение на некогашниот пост „Десет видови македонска глупавост“ и во него ќе бидат преставени нови десет „фамилии“ на глупаци, овој пат од „селото“ Горно Глупомакедонче, меѓу нив и познатите фамилии Полтронџиеви, Залетувачевски, Башмегајлески…
     
  12. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Nе лазам оти не знам да лазам,иц не ме бива за лазејне :^) сум сакала и пробала да излазам али не!.
    Iсто така мразам лазејне и да ме лазат и да лазам...
    Nе ја гледам таа потреба од лазејне,знаци секој за себе сто си прави за него го направил нема потреба од казувајне други зборови кои ги сакат да ги слуснат другите...
    Iсто тоа ако несто сакас да направис ке го направис за себе сто и да е ке го направис нема потреба од казувајне несто сто сака некој други а не самите ние.
     
  13. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Не го лажам никој , само сестрами :D . Јас од мајка ми ништо не кријам. Се и кажувам и добро и лишо, подобро да ја кажам вистината, отколку да лажам и да дознаат од друг. Полошо е тоа да дознаат од друг , а не од тебе :?:.
     
  14. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Јас сум ретко искрена личност која мрази да ја лажат.
     
  15. samomarija

    samomarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    45
    не лажам многу,бидејќи некогаш се заборавам што имам кажано.. така да ретко лажам, најчесто ги лажам моите други не.
     
  16. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Сите лажеме некои малкуа некои повеке а на некои и е навика.Најчесто лажам за да скријам некој.Кога сакав да ја скријам другарка ми ама не успејав.Лелеле и тоа многу пати......Лагата за мене е плашење од вистината.Тие што лажат за мене се Плашливци
     
  17. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Да ,лажам за да се извадам од некои ситуации. Па најчесто лажам кога си одам накај дома со симпатијата и одам екстра слоу па дома ќе им кажам дека игравме со некои другарки. Имам и лажено на школо за домашни и проекти... И имам излажано една дугарка, и` кажав дека сум го изгубила бројот од нејзината симатија, а всушност тој се дрогираше па не сакав таа да биде во врска со таков човек.... Се чудам што никогаш не ме фатиле.
     
  18. Snow.Queen

    Snow.Queen Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    14
    Лагата е полоша и од било која вистина.
    Нема човек што не лаже.Ама има луѓе што некои повеќе,некои помалку лажат.
    Да сум излажала и јас како и сите,ама не со намера некого да навредам,понижам или пак да направам нешто лошо,туку сум се нашла во ситуација кога морам да излажам за да се снајдам,а и во моменти кои што ми било страв (ама само пред родителите :$ ).Никогаш не сум излажала за мн сериозни работи.Најчесто родителите кога ке добијам слаба оценка кога ке ме прашаат што сум добила јас ке кажам дека не ме оценувале или една поголема оцена,или пак кога имам премногу за учење,а мене не ми се учи и ке ги излажам дома дека немам многу,и такви сл. мали лаги,инаку да лажам за да наштетам некого,за алчност никогаш.
    Дури и да згрешам некогаш некому било кој ке ја кажам вистината,ке бидам искрена,затоа што е мн подобро да бидеш искрен отколку да лажеш. :)
     
  19. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.176
    Ретко лажам.
    Комплицирано ми е мене ова,заборавам што имам кажано и непријатно ми е кога лажам,одма се познава.. :D
     
  20. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    243
    Лажам само кога треба да се извлечам од некоја непријатна ситуација, значи мразам лажење ама ова моево си го оправдувам :) е сега ме иритира она психопатско лажење, измислување колку само да се каже нешто. И многу ми е смешно кога гледам некои луѓе како ме гледаат во очи и свесно ме лажат и се обидуваат да ми го свртат паметот со лаги, а јас знам дека ме лажат |( во многу такви ситуации сум се нашла, но сум се воздржала од секакви коментари и испади, ги оставам така да лажат, нека се занесуваат, па еден ден самите ќе се издадат ќе се фатат во таа лага, а јас само ќе си се смешкам.
    Лажете, лажете кога е потребно само без претерување, на лагата и се кратки нозете, поготово на ова денешно време тешко нешто што би можело да се сокрие, вистината не секогаш излегува на виделина, ама повеќето случаи е така!