Лажам,ама за некои ситници,небитни работи.Никогаш не сум излажала за нешто што е битно и што знам дека би повредила некој со моето лажење. Лажењето е многу лоша работа доколку се лаже без мерка.Знам такви луѓе,што лажењето им прераснало во навика.И понатаму и да престанат да лажат,никој нема да им верува.
И да сакам да излажам нема да успеам поради тоа што веднаш ќе се познае. Кратко и јасно кажано не ме бива за лажење. Но сепек ми се има случено да излажам. А најмногу мразам кога некој упорно се обидува да ме излаже кога знае дека не му верувам
НЕ сакам ни да ме лажат ,а уште помалку да лажам.Секогаш велам дека е подобро е да се каже суровата вистина отколку слатка лага која што секогаш е јаз измеѓу нешто.Не знам да лажам ниту пак некогаш сум излажала нешто.За мене човек кој што лаже нема вредност и свое изградено јас.
Не лажам,ама мразам кога некој упорно ме лаже а јас ја знам вистината.Подобро е да се каже вистината колку и да е тешко,бидејќи кој ја кажува вистината пола му се простува.А инаку имам читано дека вагите се експерти за лажење,но јас не сум
Лажам, скоро никогаш не ме фатиле во лага, освен ако некој не ја знае вистината и ме предаде. А, кога некој ме лаже, јас секогаш ја знам вистината, но не сакам тоа да им го кажам, едноставно слушам, а кога ќе имам докази и кога ќе ја помине границата едноставно се му фрлам в лице! Ех, колку е чуден светот... или пак сум јас чудна, веќе ни сама незнам...
Хм.. опасна сум во ситуации во кои НЕ ТРЕБА ДА ЈА КАЖАМ ВИСТИНАТА! брзо се снајдувам и лесно се вадам.. секако не е убаво ама некогаш братее морааш за да не ти се качуваат на глава..
Избегнувам,бидејки секогаш чувствувам голема вина. Навистина ретко лажам,но очекувам и да не ме лажат
Понекогаш ми се случува да лажам ама за небитни работи кои воопшто немаат врска и со никаква намера да повредам некого.. Но, мразам да зборам за мојата приватност и онака кога ме прашуваат пример за некое дете ако сум излегла ова она им вртам и не им ја кажувам вистината едноставно не сакам и не можам да се отворам..поради тоа сега ми се изналутија полно другарки и ме нарекуваат лажга оти јас не сум кажвала и сум криела..како да се спасам од ситуацијата ве молам..?
Сите сме излажале,и никој нема само еднаш што излажал. Јас да сум лажела многу пати за лоши работи,ама сега така некогаш подлажнувам за да ги насмеам другите и сл.
Воопшто не лажам никад во животот не сум излажала и секад гледам да ја каж вистината.ХаХаХаХаХаХаХ ве лажаамм..Зна4и јас многу лажам и ко треба и ко не треба нз зашо така.Не за некој озбилни работи али како и да е лажам си малку повеќе
.. ...ретко лажам и тоа само во случај да не е повреден некој,јас или другата страна и тоа е полу лага..као нешто блага форма.. . ...имам една пријателка,ама како лагата да и тече по вените....ама лажи и кога треба и кога не треба и тоа за ситници и неважни работи....сопругот,децата,мене,колегите,и кога ќе ја соочам со вистината ,ми вика ти ме разбра погрешно...ништо само завртувам со очите и не се докажвам,ама почнав да ја избегнувам и тоа многу....исто и саканиот мој беше патолошки лажго...идиот прав,без мерка и граница....не знаам,не ми се бендисваат тие луѓе,страшливци ми се,прави кукавици,манипулатори,така да често и самите веруваат во својата лага...страшно.. .. ...биди храбар со вистина а не со лага........кај мене е тоа примарно.. .
Кога некој го спомнеше зборот лага мене ми се Јас не велам дека не сум лажела ,сум но јас во глобала сум искрена личност ,несакам да лажам кога не е потребно па дури и кога е.Можеби тоа резултат на тоа што сум била многу пати излажана и повредена поради тоа и се поради иста причина.Порано кога ке се сетев на тие лаѓи од луѓето кои се дел од моето секојдневие ми навираа солзи во очите но повеќе не е така.Се ќувствувам како да сум премилана преку таа болка ,како таа рана од минатото да е заздравена Секако дека после лага не е исто.Некои простуваат.За мене како Бик во хороскоп е тешко да простам иако тоа го направив многу пати дури и кога нетребаше.Јас мислам дека некои лаѓи можат да бидат оправдани поради некоја причина ,но тоа не беше и во мојот случај.Оние кој небиле излажани за нешто што било посериозо за нив никогаш нема да ја сфатат болката на повредениот.Таа болка,таа рана остави длабок печат во мене,остави зборови кои останаа неискажана кои наперавија да не верувам во никој друг повеќе.Ме направија параноична.Направија постојано да се навраќам во минатото,се претвори во вистинска траума за мене.Но како и да е со запознавање на нови луѓе кои денес имаат централна позиција во мојот живот се смени таа статистика дека неможеш да му веруваш на никого.Мислам дека после толку лаѓи јас успеав да простам ,но не и да заборавам.
Хм .. порано кога бев помалечка лажев повеке (детски работи), сега многу ретко лажам и воопшто не сум умешна во тоа,ме гризе совеста кога ќе излажам некого и на крај сепак ја кажувам вистината. Инаку сум фатила многу луѓе како лажат,но вистината секогаш излегува на виделина
Баш убаво си ја опишала пријателката,исто како мене да си ме опишала.Имено јас имам проблем со лажењето од мала почна од ситници како прикривање на слаби одценки,подоцна кога дојдов средно почнав да лажам и за поголеми работи,каде одам лажев. .Да дефинитивно ова е болест,сум одела до крајности да измислувам цели филмови .Благодарение на тоа што сум патолошка лажга немам никакво друштво за излегување,моите дома немаат никаква доверба.Ваква бев и ваква останав,патолошка лажга а башка што никој и не ме сака.Како и да е ова си е моја кривица.