Факт е дека сите си лажеме, срам да ни е Порано во основно некаде 5то или 6то одд. не памтам, со една другарка направивме лажен профил за едно девојче и беше прилично навредливо, и кога мојата класна дозна за тоа, затоа што другарка ми и призна, јас упорно тврдев дека не сум јас (праев будала од жената) На крај си признав, ми одржаа лекција и ден денес се смеам за тоа.. Сега веќе немам зашто да лажам, се си кажувам искрено.. Едино моите така малку ги подлажнувам дека не си доаѓам сама дома, дека сум со другарка, ама ништо посебно нели?
Професионално некогаш морам .Инаку за мене важи она правило во животот ... " што на ум тоа на друм "....
Па,за лажење и не ме бива баш-баш,повеќе ме нервира кога некој ме лаже,наместо да ми ја каже вистината,каква и да е. Ретко лажам,а кога лажам,лажам за ситници,неважни работи(најчесто за работи за кои ми е непријатно да ја кажам вистината,од страв да не бидам погрешно сфатена или исмевана),не сум се осмелила да лажам некого за некоја посериозна работа.
Не знам да лажам т.е. ако излажам секогаш ме препознаваат, затоа и не се трудам да лажам. А white lies користам понекогаш, ама еднаш годишно или поретко, најчесто околу обврски што не сум имала време да ги средам. Кога гледам дека некој ме лаже, само ми покажува колку се мизерни и воопшто не се замарам со такви луѓе.
не лажам никогаш, не поднесувам лажење никакво-ги презирам луѓето со таква особина, а за жал ги има многу многу. Aко имаш да кажеш нешто кажи си го онака како што е, немора филмови да правиш некому. подобро биди искрен за се, отколку лажго.
Мразам лажачи, таквите кога ќе ги откријам ги бришам од моето присуство и мое друштво. Во ред е некогаш нешто да премолчиш или да го извртиш малку муабетот за да се снајдиш во одредена ситуација. Но не и да лажеш, бев таму а не си бил, купив она а не си купил, направив ова а не си направил. Алооо сами себе се лажете ...
Јас многу лажам, понекогаш за да спречам караница, понекогаш за да скријам нешто што сум направила а не требало, а понекогаш и за некои неважни работи! не знам што ми е, ама кога и да ме фатат во некоја непријатна ситуација, секогаш лажам! СЕКОГАШ! понекогаш и јас нејќам, се каам што лажам, ама нема назад.. Заради ова и се скарав со дечкото, цело време го лажев. На крај си се помири дека можам и да го изневерам, а на крај памет не ми паднало..
Oва што го правиш т.е лажеш е доста неубава особина, сите луѓе околу тебе ја занаат таа твоја неубава страна и мислам дека за сите нив ти си во редот од личности во кои немаат доверба или имаш етикета за недоверба. поради тоа и дечкоти ти се скарал, пробај да се смениш малку, и да си во некоја непријатна ситуација мислам подобро е да ја кажеш вистината, било каква да е, од вистината нема ништо подобро-самата ке си бидеш поспокојна, мирно ке спиеш и нема да имаш никаков товар и грижа на совест. Jас верувам дека може да се смениш, пробај ништо не губиш. Oд лажењето само одиш од лага во лага, а на крај ке биде онаа народната- на лагата кратки и се нозете- и во очите н адругите секогаш ке бидеш лажга и недоверлива личност.
Знам, свесна сум за последиците од секоја кажана лага, ама ете, во моментот не можам да си помогнам, едноставно ми доаѓа само лага да кажам.. Пред некој ден излажав со кој број автобус дојдов до школо! тотално непотребна лага, а ја кажав.. И сама не знам како да се променам, сум пробала, и најдолго време без да лажам ми било една недела
За лажење скоро па ич не ме бива. Некогаш знам да излажам ама за ситници, а не за некои големи работи. Дури и кога за најмалата ситница сум излажала, имам грижа на совеста. Таква сум што да правам- глуперда.
Абер немам од лажење. Никако не успевам да излажам некого, смеа ми доаѓа ако лажам, затоа чиста сметка долга љубов.
За некои ситни работи,најбанални да, лажам. И се плашам дека ми има прејдено во навика. Се трудам тоа да го сменам ама ете, некогаш, за да спречам расправија, конфликт или премолчувам или со брзина на светлината смислувам нешто . Најлошо е тоа што оние кои сум ги излажала и за најбанални работи ја имаат изгубено довербата, но ете, сречна сум барем што се сеуште покрај мене. Никогаш немам излажано за нешто сериозно, со цел да наштетам некому или пак да се фалам... ама овие ситни лаги ептен ме ставаат некад у непријатна ситуација
Да лажам? Ретко. Првпат ми беше пред помалку од четири години, и се плашев од самата помисла дека лажам. А мене до сега дали пет пати ме имаат излажано. Веднаш знам дека лажат. Брат ми секој ден се обидува да ме излаже, но јас веднаш велам: ******** знам дека лажеш. Не ти успева кај мене. . ова откривањето на лагите ми е ко шесто сетило.
Ретко лажам и тоа за некои ситници и не многу важни работи. Иначе сум многу отворена личност, и се што мислам, кажувам
Лажам т.е не ја зборувам вистината само доколку ме прашаат нешто а јас несакам да ја кажам вистинат, знчи кога сум приморана. Но има и луге кои свесно лажат без да ги прашаш, а се со цел да ти наметнат подобар впечаток за себе. Не оправдувам лажење, но не секој има право да ја знае вистината посебно кога е таа од длабоко интимна природа.
Постојат добри и лоши лаги. Добрите се дозволени, а лошите не се Јас во последно време научив да лажам, кога треба да се спасам од некоја лоша ситуација или друг да спасам. А мене некој да ме излаже нема шанси одма го познаам