Во принцип секогаш гледам да сум искрена ама некогаш неизбежно е да излажеш. Ако веќе лажам, лагите гледам да не се на штета на никого. Кај човек најмногу ценам искреност затоа и јас сакам да сум искрена со луѓето. Понекогаш сум обвинета за брутална искреност ама сепак колку и да боли на крајот кажаната вистината во очите на другите ќе те направи човек.
Многу ретко. Еднаш сакав да ја излажам мајка ама ми рече не ме бивало за лажење. Имам и повеќе примери каде што сум се обидела да лажам, ама сите ми кажаа исто како мајка. И од тогаш, сакам црло време да ја кажувам вистината и да ми ја кажуваат, па колку и да боли. А тоа што секој излажал некогаш, е вистина и те како.
Лажат сите што викаат дека никогаш не лажат. Искрено, јас лошо се чувствувам кога лажам, затоа гледам тоа да се само т.н. "бели лаги". А на крајот секогаш вистината е подобар избор, зашто кога-тогаш си излегува на виделина. Може ќе закасни ама ќе дојде.
Неспорно е дека сите лажеме, некад едноставно се наоѓаш у ситуација да мораш, јбг дел е од животот али зезнато е ако често лажеш, тоа е веќе болест
Многу добро лажам. Во секундата може да ми текне лага ако ми треба. Знам доста пати да излажам некого за нешто. Патолошки лажов не сум за среќа
Мене ми имаат кажано немој да бидеш брутално искрена Ми се чини како повеќето луѓе да сакаат да ја слушнат повеќе лагата, отколку вистината. Секако дека и јас некогаш сум лажела, ама само за да се извадам од одредени ситуации без да настрада некој.
Дали сте лажеле за да дадете нешто некому, да му направите добро? Повеќето лажат за да земат, да направат нешто лошо или веќе направиле нешто лошо. Но има ли и поинакви случаеви?
Ценам искреност , и секогаш се трудам да бидам искрена . Е сега , не сум светица , жив човек сум , имам кажано неколку ситни " бели " лаги ( на пример треба да стигнам до банка , кажувам дека сум на плоштад , а јас тогаш излегувам од дома - такви лаги ) , кои не повредиле никого .. На крајот на краиштата , подобро да ме повреди вистината , отколку да ме усреќува лагата .
"Бели лаги" кои немаат никого повредено од тип доаѓам за 5 минути, а јас од дома не сум излегла да. Сериозни лаги што навистина може некој да повредат не користам. Не сакам лажговци ич. Бегам од вакви што се трчи лажи.