Светат ноќе тие од орифлејм или се неон бои, бидејќи често ги мешаат луѓето. Инаку вакви флуересцентни што баш светат ноќе еднаш дискутиравме дека сеуште нема кај нас (ако не се појавиле некаде во меѓувреме), едино преку нарачка од ebay или нешто слично.
Jaс имам ов флормар неонски, не свети ноќе туку свети на флуорсцентна(?) неонка. Ми свети мене по журки Тој синиот што ги имам, свети баш како на сликата погоре
Сигурно мислите на овие како што прочитав зрачеле под УВ светлина некој ги има пробано и ме интересира сега малце детско прашање ама да прашам во овие лакови нели имаа нешто ставано за да свети ? Може тоа да го оштети ноктот? http://mk.oriflame.com/products/product ... Code=23804
Зрачат под ув светлина значи дека треба да имаш такво свело за да изгледа како да ноктите ти светат, инаку се обични дречливи бои што личат како флуоресцентни под таква светлина. Вистински флуоресцентни се тие што светат во темница, а колку се штетни не знам..све и свашта има веќе не се знае што е штетно што не е... Инаку освен ваков флуоресцентен лак има и прав што може да се става на нокти, врз лак, гел и слично. http://www.bornprettystore.com/images/P ... 0475_1.jpg
Ако не се лажам.. Тоа не е лак. Туку е правено некако со фолија. AngelOfArh, ги имаше правено. http://forum.femina.mk/telo/vasite-nokti-t4509/2580.html Еве ја постапката:
Ајт овде да ги пофалам лакчињава, ептен сум задоволна. Почеток на март месец ги земав овие од орифлем само зошто ми се допадна бојата, а квалитет не очекував, но излезе дека вреди за тие 170 денари. Со лакот само 3-4 пати се имам налакирано и еве 6ти месец си е како на почетокот, не е згуснат и капка. Многу лесно се нанесува, четкичката е практична. Маана е што не трае долго без база, ама за згуснување проблем нема!
какви се овие на дебора дали траат,баш ги видов во космо http://www.google.com/url?source=imglan ... 1YcDgKkFfQ
какви се овие на дебора дали траат,баш ги видов во космо беа 89 денари http://www.parokeets.com/wp-content/upl ... Porter.jpg
Јас сакам понежни нијанси , имам многу лакови , ама омилен ми е еден како праска боја Иначе , мачкице , имам еден дебора. За квалитетни , квалитетни се, и не се гребат толку лесно како другите, и многу интересни нијанси и бои има, и јас ги видов во Космо, види и одлучи си, јас само ти кажувам
Eте и ние Штипјанките конечно си начекавме China Glaze лакови во Штип. Има една нова парфимерија,влегов чисто од љубопитност.Кога ги видов се изненадив. 220 денари се,ама многу големи.Не се лакови туку ЛАКЧИШТА. Инаку,највеќе ги користам лаковите на Малена,ем ефтини се Имам околу 25 лака,ама ке бидат повеќе.
Обожавам лакови. Мојата колекција на лакови брои околу 50. Најмногу сум задоволна од Голден Рос Парис и фантастик. Исто така морам да ѓи пофалам и лаковите на Малена одлични се, а најмногу ме разочараа Пацифик премногу се водлести. Користам и лак што пука-графити на Голден Роус и сум задоволна за брзо време ми се средени ноктите. Сега планирам да си купам и магнетен лак.