девојки не најдов ваква тема па ме интересира каков лак за коса користите, каков ке ми порачате да користам што нема да ја оштети косата и нема да ми ги расцвета врвовите, и да не ја направи крута, ако има ваква тема заклучете ја
Мајка ми го користи овој,јас од неа си земам иако не ставам лак често Мене лично и Интесата ми е добар но,мајка ми сака да експериментира,па купува различни.Битно е да не ја лепи косата и да има прифатлив мирис.Тоа ми е битно Ама,најдобар е црниот од Тафт,некако најдобро ја држи косата,иако реков,немам омилен. А,кога станува збор за пена,тогаш имам омилена,тоа е Нивеа и тоа Flexible curls,па каква само ми ја правеше косата,немам зборови
Јас го има четвртиот зелен, иако не користам често, ама се наоѓа поготово кога ја виткам косата, доста држи и убаво мириса!!
Јас обично не користам лак за коса но затоа мајка ми постојано го користи Taft некогаш зелен а некогаш портокалов.
Женски, никогаш досега немам користено Интеса, користам цело време Тафт и сум онака, океј задоволна. Не лепи, лак како лак. Ама од повеќе луѓе наслушнав дека некако се позадоволни од Интесата? Кен дис би тру?
Кога е во прашање лак за коса, Интеса никако! Барем од мое искуство. Не е проблем за издржливоста, но најголем проблем е тоа што е многу леплив, па не се одмива ни дури по миењето на косата.Низ целата коса се создаваат белки како првут, а понекогаш и цели парченца.А ако се прочешлаш со ситен чешел, чешелот е полн со некоја леплива маса, абе катастрофа. Поефтин е и затоа некои фризери го користат. Моментално користам црвен тафт и сум задоволна и од мирисот и од трајноста на фризурата.Иако во последно време воопшто и немам потреба да ставам лак.
Јас порано бев задоволна од Интеса, но повеќе не сум ич не ми ја зацврстива косата само ми ја измрсува сега го користам оној од Кам маркет и сум многу засоволна
Oтсекогаш (кога ќе ми спотребал) сум користела Iнтеса...од истата фирма има и регенератор за коса значи косата преееубаво изгледа и лесно се чешла.......сега го нема веќе тој регенератор.....а лакот сеуште постои..............
Јас не користам лак за коса, досега само еднаш ми ја имаат виткано на фризер во локни и тогаш ми ставија, инаку природно ми е права а и + ја пеглам за да ми биде баш права и средена, и немам потреба за лак. Е може за матура ќе им речам да ми прават локни, па тогаш ќе ми стават. Инаку мајка ми дека има прекршена коса, брановидна така нешто па ја средува, ја тегне којзнае што и праи и дома ги иам овие 2:
Интесата е многу јак лак за коса, во смисла издржлив, меѓутоа за мој вкус многу ја укрутува косата и малку е леплив. Кога ставам од него, ставам сосем малку и прскам оддалеку. А мајка ми е тотално навлечена на Интеса, прска ко луда, и да - точно е дека со премногу ставање се создаваат крупни парчиња во косата слични на првут, го имам забележано тоа кај неа. A мирисот на Интеса дефинитивно би го познала меѓу илјада, силен и продорен, и тоа не ме бендисува баш. Од лаковите за коса најмногу сум била задоволна од тафт зелениот, прекрасен мирис и не ја лепи косата воопшто. И овој на Нивеа, исто мириса убаво и косата има неверојатен сјај.
стварно Интесата нема шанси да ја промашиш, истиот мирис непроменлив и јак, ако помине некоја свежо напрскана одма се знае Инаку јас ви го препорачувам тегетот од Тафт лаковите, пре пре задоволна
Интеса користам. Имам пробано и други ама од интесата сум најзадоволна. Знам дека кога ќе ставам цел ден косата нема да ми мрдне од место.
Не користам лак за коса немам потреба, али ете некогаш ептен ако правам некоја фризура па да мора лак тогаш користам Интеса
Го користам Интеса, и дефинитивно нема подобар, Прскаш еднаш, ама знајш дека косата така и ќе остани. Вчера еднаш се прснав цела коса не ми мрдна