Многу ретко ставам лак но некогаш кога сакам шишките да ми стојат настрана го ставам овој и кога правам локни, ја зацврстува косата и трае околу 4 саати што е добро за мене зошто после сакам да ја исчешлам косата
Дали имате пробано од Лореал лак за коса ? Сменив повеќе на Нивеа и Тафт ама не сум задоволна. Сакам повеќе цврстина а да не изгледа како зацементирано како што ја прави Интесата . Или предлог за некој добар, што ке изгледа природно косата, да не е крута и леплива ?
Девојки,го има ли кај нас лакот за коса L'oreal Elnett Satin Hairspray ? Јас го немам забележано,ама ако некоја од вас го видела или знае каде го има најблиску,би сакала да ми каже.Благодарам однапред .
jas koristam na free limix sto e namenet za profesionalna upotreba sto go koristat frizerite i prezadovolna sum, a ne e skap zasto e vo golemi pakuvanja
Девојки препорака за лак ама со убав мирис ( а не како оној на Интеса ) ? И по можност да го има во мала милитража? Одамна го чекам на L'oreal Elnett Satin, ама изгледа не планираат да го донесат кај нас. Немам навика да ставам лак, ама дали е до времево, имам многу бебешки влакна, кои ми ја прават косата да ми делува како испржена и многу ме нервираат Вака со лаков ваљда некако ќе ги прилепам, да не ми се познаваат Ако има некакво решение кажете
Земи го зелениот Тафт. Мене ми мириса најсвежо, го нема тој карактеристичен мирис на лак за коса кој го спомнуваш. И ја скротува косата заедно со бебешките влакна, не ја скаменува косата како некои.
Не користиме по дома лак за коса. Бидејќи имам многу бебешки влакна решив да земам некој, кога ќе ми текне на него можеби и ќе прснам па ќе ја средам косава И така, се враќаме од фризер накај дома, а тргнати на свадба и и викам на сестра ми ај да земеме еден лак. Го земав најефтиниот, секако ќе го фрлиме после некое време оти само ќе ни фаќа место. Ама девојки полошо нешто не знам дали сум купила некогаш. Освен што мирисот е преубав, на машки парфем, делува само како вода, буквално. Те го, тој од лево:
јас користам од Lisap.малку е поскап бидејки се продава низ салоните, ама со едно прснување врши работа.
Девојки, дај препорачајте некој добар лак за коса. Нека биде и поскап, ама сакам да држи, а не да излезам со совршено виткана коса и по некое време да ми падат локните. Да не биде од Тафт, од нивните ги имам пробано речиси сите, Интеса исто не сакам (патем за тие што се мислите да го купите, остава некои чудни бели парчиња низ косата, ужасен е). Што користите вие?
Лореал, Сесилија. Мислам дека голема е веројатноста да ти се допадне. Малку е поскап од Тафт, ама би рекла и со право. Јас имам многу меко влакно и ниту еден лак за коса не ми е ефикасен како Лореал. Го купувам од Космо и мислам дека има повеќе видови. Јас го имам виолетовиот и мислам дека го купив околу 300 денари.
И мене ми е меко влакното, и кога ја виткам не ставам ни регенератор ни маска, ама џабе. За собрани фризури не е толку проблем, ама за локниве и тоа како е важен лакот. Еве последно ја навиткав можам да кажам како да ми е трајна и после некое време скроз ми падна, се пренервирав. Се мислев и јас меѓу Лореал или Нивеа, или пак некој од професионалните на Субрина, ама сакав проверено мислење. Баш ќе разгледам деновиве низ парфимериите. Фала Мишела.
Ретко користам, ама тафт црниот со виолетово ми е незаменлив. Мирисот на лаков ако го имаше како парфем, ќе го користев 100 %.
Од сите лакови за коса што ги имам испробано,на Schwarzkopf дефинитивно се најдобри.Многу убаво мирисаат,а и лесно можам да ја расчешлам косата и не ми се лепи воопшто.
ЈАс не користам користи тетка ми но премногу ги сака Taft спрејовите и ги обожава и многу убаво зацврстуваат ја гледам кога се прави