Има преубав мирис за разлика од Интеса кој го користев предходно. Секогаш користам лак кога ја носам врзана косата за да ги скротам бебешките влакна.
Препорачајте некој лак да не остава бели траги како првут ? Скоро од сите досега пробани вечерта се прскам , другиот ден цела коса ми е бела и од сите тафт истиот проблем ми се јавува...
Дали некоја го има користено лакот на Балеа за волумен што е? Дали е траен, дали лепи и дали остава бели траги?
Нема лак за коса кој може да ја држи мојава коса..цел ставете го за 10минути пак ке се пушти.Затоа сум цело време со права или прекршена коса.Едино да спијам со смоки/да ги држам над 5 саати па да се навитка колку толку.
Нивеа лакот за фарбана коса доколку ви е за замазнување на собрана коса ок е,ама ако е за друго катастрофа.Јас ставам на шишките обично тафт инвизибл користев,ама декљ немаше последниов пат таков викам да сменам.И зажалив.Ја топи косата и како да се туткаат влакненца,па морам да ги расчешлам и сушам одново за да не се познава оти сум ставала.
Intesa ми е некако стандард за ова, зацврстува и трае, имам пробано и некои други, ама помалку ја држат косата. Ретко користам дома, претежно на фризер кога ми стваат.
Здраво на сите! Имам многу проблематична коса која едвај држи локни за жал.. Па препорачајте ми добар лак а воедно да не ја стврднува косата(сум слушнала за такви), без разлика на цена.