1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лапароскопија

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од stevemila, 23 март 2011.

  1. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.385
    Допаѓања:
    1.134
    Пол:
    Женски
    Zdravo zenski, se borime 2.5god so neobjasneta neplodnost, dali nekoja od vas pokraj proodni kanali pravela i laparoskopija? Maticnata nisto ne mi kazala do sega ama nekako me kopka da ne treba uste ispituvanja
     
  2. Swwtbbgl

    Swwtbbgl Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Дали имате искуство со лапараскопија на ендометриозна циста 35мм. Се двоумам помеѓу систина и ремедика. Дали може да ми препорачате доктор за оваа проблематика
     
  3. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.829
    Пол:
    Женски
    Мојата беше околу 30мм на десен јајник, лапароскопија со ексцизија и адхезиолиза правев кај проф. Глигор Димитров, тогаш беше во Ремедика, сега е во Систина.

    35мм обично не е за операција, а дали ќе се отстрани зависи од повеќе други фактори: времетраење на обиди за бременост, состојба со резерви на јајце клетки, симптоматологија... Штом размислуваш за приватно, моја препорака е Димитров, докторот е врвен за оваа и слична проблематика.

     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anettta

    Anettta Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2022
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски

    Еве исто и јас мислам како членката подолу доколку си млада и немаш деца и болки не ја вади бидејќи се оштетува јајникот и после постои можност пак да се појави на исто место. Еве јас имам исти проблем млада сум и немам деца и имам ендометриоза 16мм. Во ремедика ми кажаа да ја вадам ама јас побарав и други мислења. И бев во Плодност кај др Таше и тој ми рече да не ја вадам и дека таква циста се вади кога е над 5цм
     
  5. TiFani87

    TiFani87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2021
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    121
    Пол:
    Женски
    Колку временски бевте на боледување по интервенција?
     
  6. Iki lepi

    Iki lepi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2018
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    303
    Пол:
    Женски
    Девојки вие што правевте лапароскопија да прашам за искуство,во петокот на клиника правев,во саботата ме пуштија,во понеделникот почнав да крварам вагинално мислам дека е циклус тој период е,ама денес сабајалево имам многу јака болка со грчеви во стомакот,дали е нормално тоа,му се случило ли истото на некој
     
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    Баш пред добивање ти ја направија?
    Обично ја прават по добивање, или лошо се сеќавам?

    Јас имав неколку тешки менструации по зафатот.
    Ама ако имаш јаки болки, контактирај го докторот што те оперираше. За секој случај.
     
    На Iki lepi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Iki lepi

    Iki lepi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2018
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    303
    Пол:
    Женски
    Итна беше,се работеше за вонамтерична бременост
     
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    Оди да те видат за секој случај и да ти дадат нешто, да не се мачиш со болки.
     
  10. WhiteCat33

    WhiteCat33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2020
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    1.752
    Пол:
    Женски
    Девојки после колку време од лапароскопија (отстранет десен јајцевод) започнавте со физичка активност? Сакам да почнам да правам едноставни вежби без тежина како пилатес ама незнам дали смеам ..поминати повеќе од два месеца
     
  11. kristi23

    kristi23 Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Zdravo devojki. Sega brzo mi otkrija cista od 5cm dali mora da se operira ili moze so terapija da se namali?
    I ako treba da se ostrani nz stvarno kaj kogo. Preporaka za privatno?
     
  12. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.782
    Допаѓања:
    4.796
    Пол:
    Женски
    @kristi23 ти требаат повеќе информации за да се реши дали ќе се оди со операција или не. Вака не би се осмелила да ти дадам совет на форум, а верувам и доктор не може.
    Најпрво, претпоставувам матичниот ти ја открил цистава? Од него земи си упат за на специјалист за на државна клиника. После тоа побарај си и второ мислење ако сакаш од доктор од приватна клиника.
    Ама во меѓувреме, испитај си хормони на 3ти ден од циклус и тумор маркери пред да отидеш кај специјалист, и за овие побарај упати од матичната.
    На база на овие испитувања и плус кога специјалистот ќе те види на ехо, според изгледот ќе ти каже од каков најверојатно тип е цистата, ќе одлучи дали си за операција или прво ќе пробаат со хормонска терапија да ја намалат цистата.
    Една препорака што можам да ти ја споделам од лично искуство е да не земаш апчиња од матичен без да те види и специјалист.
    Со среќа.
     
  13. kristi23

    kristi23 Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Da maticnata mi ja otkri. Ona spomna deka najverojatno e cokolasna i deka mora da se odstrani i samo me prati kaj doktorot vo new born sto sum i ne mi dade nisto da ispitam.
    Fala ti mn na objasnuvanjeto
     
  14. moni.poni

    moni.poni Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    85
    Ај ве молам совет, или некој што е запознаен со ова
    Направена е лапароскопска операција
    На раната што е над папокот има нешто бело
    Пробав нежно при туширање да видам дали ќе се извади но несака
    Што би можело да е??
     
  15. milamila94

    milamila94 Активен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2023
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Дали знаете колку чини лапароскопија во Систина ? Инсеминациите ги правам таму па докторот ми препорача доколку и втората инсеминација е неуспешна да се направи лапароскопска операција.Дали ако се одлучам за на ГАК ќе требаат некои дополнителни испитувања за да се изврши таму операцијата ?
    Фала.
     
  16. eleonora7852

    eleonora7852 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Јас правев хистеро лапараскопија во Систина и кога прашував за цена ми рекоа не можеме точно да кажеме зависи што ќе се прави во текот на интервенцијата, околу 2500 евра.
    Мислам дека излезе 135 000, ја правев кај Димитров на 28.02.2023 и по 2 месеци останав природно бремена (сега може да имаат и нов ценовник )
     
  17. milamila94

    milamila94 Активен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2023
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    А која дијагноза ја имаше ? Ако може да ми кажеш. Јас имам ПЦОС и непрооден десен канал.
     
  18. eleonora7852

    eleonora7852 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Мене после вонматерична бременост на ХСГ снимање ми покажа субсептум на матка и хидросалпинг на лев јајцевод. Ми кажаа дека не ми го отстраниле туку некако само го пресекле како под врзан а уште е таму.
     
    На milamila94 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. milamila94

    milamila94 Активен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2023
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Фала, надеж ми си :sun:
     
  20. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    7.270
    Препорака за лекар?

    И дали некој има искуство со здравствено приватно? За бенигни цисти како дијагноза имам уште од 2019, ама само ги следев. Сега докторката ми спомна за лапароскопија, ама не го пиша тоа никаде во извештај.

    Дали ако уплатам приватно здравствено би ми била покриена операцијата? Или ќе мора друга дијагноза да напише докторот прво...