Здраво, Јас не знаев дека имам хидросалпингс, имав светло кафеаф исцедок, не густ туку воден околу овулација и со тек на време неговото времетраење се зголемуваше. Почна со 1 ден па 2 дена па на крај 7-8 дена имав таков исцедок ми беше мн непријатно. Матичната ми велеше дека е нормално и дека е од овулација. Но не беше така. Отидов во Плодност и на ХСГ се испостави дека двата јајцеводи ми се затворени и дека има присуство на хидросалпингс. Направив таму лапароскопска операција, после која ми беа отстранети и двата јајоводи. Инаку биле премногу оштетени, пробале да ги отворат и ги отвориле, но типките не функционирале, па поради оштетување на едниот од 1 цм ги извадиле. Во болницата и општо со др Таше имам многу пријатно искуство. Беше на операцијата после тоа кога бевме на интензива дојде да нѐ посети и со секоја пациента зборуваше како поминало се. Другиот ден пред испуштање исто така дојде до собата кај што бев сместена и ми објасни. Вработените исто така убаво се однесуваа и престојот во болницата беше добар. Сега таму правев и инвитро, исто така позитивно инскуство. Денеска гледам и втора бледа цртичка на тест за бременост. Иако беше мн тежок процес, сите од болницата ни даваа поддршка, па здравје во понеделник треба да се испита и преку крф и само со Господ напред.