Каква лапароскопија ти закажаа? Не е ништо страшно. Со анестезија, ништо не чуствуваш. по зафатот ден-два ќе се оправуваш, ама за една недела ќе си како нова. @Sesil еден ден пред зафатот, и вечерта после зафатот. Потоа си дома Јас отидов во четврток. Ми се јавија кај 12 часот да испијам некоја течност. Кај 5-6 отидов на Гак. Ме примија. Утредента кај 12:00 ме правија лапароскопија. Кај 17:00 мислам дека се разбудив. Веднаш почнав по малку да се движам, низ ходникот. Утре дента ми дадоа пак инфузија. ме освежија. И приквечер дојде маж ми ме собера првите 2-3 дена дома ми беше малку тешко при станување ама пешачев колку што е можно повеќе, и за една недела го прекинав боледувањето и си тргнав на работа.
Дали некој има информација колку чини лапароскопско вадење на циста на јајник со хистероскопија во Систина?
Околу 90.000 денари . Кога јас прашував секогаш кажуваа различно. Најдобро јави се кај нив и ќе ти објаснат поубаво.
Mene otprilika me interesira, tolku mnogu se isplasiv sto zaboraviv da prasam na cenata. Inaku, tolku e samo intervencijata ili i bolnickite denovi se vkluceni?
Здраво девојки, оддамна не се активирала групава, а знам многу девојки кои прават лапароскопија, па да им помогнеме со некои основни совети и искуства. Јас имав ендометриоза, односно се сомневаа дека имам такви чоколадни цисти, со лапероскопија се утврди дека имам еднометриоза и тоа 4ти степен. Со лапароскопија ми отстранија дел, а дел не смееа да чепкаат бидејќи планирам бременост, но пред бременост нормално мора да се одморат јајниците па ми дадоа золадекс терапија од три месеци. Лапароскопија ми правеше др.Панчевски и можам да кажам дека е најдобар за овој вид на операција. Во систина со сите комплет услуги и анализи,како и еден ден преспивање ме кошташе 84 илјади денари. Многу е да, но пак би ги дала бидејќи докторот на мене и на многу девојки ни спаси јајници и размислуваше дека сакаме еден ден да родиме, за разлика од др доктори Операцијата не е воопшто страшна, што ве интересира пишете ќе ве информирам. Поздрав
I jas И јас правев во Систина, меѓутоа мене не ми дадоа хормонска терапија. Јас мислев дека на сите даваат по дифолт, за да се одморат јајниците, ама мене не ми дадоа иако и јас имав чоколадна циста од 4 цм. Имам едно прашање, вчера пишав на друга група меѓутоа нема одговор таму. После операцијата кога имам овулација на тој јајник имам ненормални болки од неколку дена, дали е тоа нормално? Овулацијата на другиот јајник не ја ни осекам.
Здраво Кога правеше и кај кој доктор? Во наодот што ти пишуваше? Toa e многу важно и тогаш одлучуваат каква терапија ќе ти дадат. Обично доколку е ендометриоза прв степен не даваат никаква терапија, односно не даваат јаки терапии туку само контрацепција Јаз/Јасмин. Болки се нормални бидејќи е работено на тој јајник, ќе имаш болки, но ти препорачувам да се консултираш со гинеколог за да почнеш со некоја терапија бидејќи 80% од случаевите јас што ги истражував ендометриозата се враќа. По правило ако се е во ред со организмот и органите овулацијата не се осеќа, може да се осети само ако имаш слуз а болки имаме сите со цисти што сме. Мое прашање до тебе е дали планираш да останеш бремена или пак не?
Операцијата ја правев на 18 октомври. Во наодот не пишување кој степен само дека е ендометриоза.Инаку цистата беше 4,2цм. Баш пошто кажав дека сум заинтересирана за бременoст не ми дадоа никаква терапија.Од тогаш поминаа 4 месеци, меѓутоа свадбата ми е тек во мај па од тогаш поинтезивно ќе можам да се посветам на бебе и сега пробуваме до негде меѓутоа не може одма да бидне. И после 4 месеци е нормално болка при овулација на тој јајник?
Според мене би требало да ти дадат барем три месеци некоја терапија за да се исклучи можноста пак да ти се појави циста.Но штом си имала една циста сметале дека не е страшно па веднаш си можела да почнеш со бременост.Кај мене бидејќи имав цисти на двата јајници и плус на цревата затоа потежок степен се лекува со золадекс инекции.Болки не би требало после 4 месеци да имаш,мој искрен совет е не знам кој ти ја правел операцијата но ти препорачувам да си закажеш преглед и контрола кај др. Никола Панчевски он е специјалист за ендометриоза и цисти ќе знае што точно ти е.
Можноста за да не се појави пак цистата е многу мала, скоро и невозможна. Јас се имам оперирано од ендометриоза и година дена подоцна пак ми се појави на истиот јајник, уште поголема од претходната. Случајно наидов на една страна на Facebook каде прават мед и бонбони за женски болести и си ги нарачав да пробам, зошто не ми се прави повтпрно операција и за чудо после еден месец конзумирање кога бев на контрола кај докторката немав ни ц од циста, која всушност беше 47мм голема.
Тоа сакав да кажам, за да не се појави пак ендометриозата треба да промениш начин на живот, значи повеќе физичка активност, храна што не ја менува нашата Ph вредност, никако рафинирани шеќери тоа е најголем непријател на ендометриозата. Тоа е совет од доктор кој јас лично го добив и кога истражував странски литератури сфатив дека само тоа може да помогне ништо друго.
Sum chitala za ishranata. Pokraj shekjerite chitav deka ne smeat voopshto mlechni prodizvodi da se konzumiraat, nitu ovoshje, ni meso. Pa probuvav nekolku prirodni lekovi na interner shto gi naogjav i nitu eden mene lichno ne mi pomogna, osven med i bonboni od edna devojka, shto gi pravi. Sepak e prirodno, nema hemija, nema hormoni, nema nishto... Srekja.
Рафинирани работи, премногу трансмасти млеко месо млечни производи не, а овошје секако дека може зошто да не би можело...Какви се тие бонбони и мед ???
Jas imam prochitano nekade deka i ovoshjeto ne e preporachlivo... Kojznae. Bonbonite se isto od med napraveni i od nekoi bilki i seminja, kako i medot shto e. Ne znam shto tochno ima vo niv.