Здраво, Кај кој Ивановски правеше жена ти лапароскопија? како сте задоволни општо од зафатот, колку време беше во болница, колку ве чинеше, какви подготовки и испитувања правевте пред лапарпскопијата? јас треба да правам во брзо време таму, па би ми значеле информацииве. Фала
Kaj Mitko Ivanovski vo sistina, nemase nekoja posebna podgotovka, den pred operacij i napravija Covid 19 test, koj ispadna negativen, istiot den koga se izvrsi intervencijata otide vo bolnica vo 8 sabajle a vo 13 casot veke bese vo sala, intervencijata pominala super, vo 17 casot veke bese vo soba, a utredenta pposle 12 pustena doma, znaci prestojuvase samo edna vecer, se vkupno za, test za korona, intervencija, prenokjiste, krvna slika, kontrola itn plativme 88 000 denari, vadenje koncii i zakaza za edna nedela, t. E utre ke vadi konci, e sega dali za vadenje konci ke se naplakja nesto ne znaeme, utre ke vidime, ne se plasi ne bilo nisto strasno,
Дали некој после лапаро имал проблем со кандида од антибиотикот во инфузијата? Пиев б комплекс кога си дојдов дома и пробиотик две недели ама пак ми се појави исцедок. Дали смеам да ставам вагиналети? Или да барам апчиња? Поминаа три недели од операцијата.
Здраво на сите! Пред точно шест дена правев лапароскопска операција, на едниот канал имав хидросалпиних, исчистен е каналот, јајцеводот остана бидејќи не бил многу зафатен, не било комплицирано. Моето прашање е дали некој исто правел операција на канал и како оди заздравувањето понатаму. Јас чувствувам по малку тапи болки, кога лежам, кога се движам чувствувам мали болки на местото каде што е оперирано, ( денес се движев надвор, дома, се надевам не ја претерав) , исто така чувствувам како да ми тежи нешто кај местото ? Дали имал некој слични мали тапи болки и дали се нормални ? Имам термин во четврток за вадење на конците, но ако имам утре пак вака мали болки планирам да одам утре на преглед. Ви благодарам на споделените искуства .
Zena mi napravi laparaskopija pred dve meseci, okolu 3 nedeli imase tapa bolka i site drugi simptomi sto si navedela, tala da ne se grizi, ke pomine i toa,
@Nene14 зависи колку портови имаш, јас имав 4 и заздравувањето ми траеше цел месец. Не се преоптеретувај, не претерувај, прави ги само основните работи што мораш. Миење садови и готвење, а другите работи остави ги на некој друг ако имаш до тебе. Во случај да немаш биди многу внимателна да не креваш тешко и да не се наведнуваш. Гледај да си лежиш поголем дел од времето за да ти заздрави убаво. Рано е само шест дена да очекуваш дека ќе биде како што си била, дај му време на телото. Од наредните денови ќе почувствуваш како те попушта и секој ден ќе биде подобро и подобро. Раздвижувај се, и тоа е секако битно ама не претерувај. Истото ми се случуваше и на мене, ако морав да излезам ќе отидев, ама после секое сработено нешто или откога ќе излезев, си лежев 2 саати.
Јас имам три. Од десната страна е опериран, исчистен десниот јајцевод. Исто така понекогаш ногата ме наболува и колкот, претпоставувам дека сето тоа е нормално и да точно малку време е. Само сум загрижена бидејќи може да се случи да има воспаление или некоја инфекција од операцијата, ама тоа сигурно многу боли. Не сакам да пијам апче за болка бидејќи не е до толку страшно, само чувствувам тапа, досадна болка на местото и на десната страна и чувство како да треба да одам во тоалет. А претходно имав и болки во рамото, во грбот, тешкотии во дишењето, но тоа помина, кажаа дека е нормално сето тоа и дека со време ќе помине. Имавте исто тешкотии после движењето и мали болки исто?
@Nene14 види вака, ако ти треба апче за болка напиј се. Јас пиев првите две недели секој ден. После тоа пиев по потреба и чувствував истоштеност низ цело тело, а не болка. Пиј си по потреба вентор или ибупрофен. Купи си б комплекс и пробиотик за да од антибиотикот не ти се појави габична инфекција. Пробиотик е убаво да се пие цел месец после операција. Чешање е нормално некаде накај третата недела, немој да се исплашиш од тоа. Ќе те видат во четврток ќе ти кажат дали убаво зараснува. Пеглај си ги алиштата што ги носиш баш врз раните. Јас првата недела си ставав стерилни гази поради тоа што ми беше страв да не ги закачам конците со облека. Откако ги извадија конците, ставав гази кога морав да излезам бидејќи поубаво и побезбедно се осеќав. Нормално е да ти тече малце крв првите денови, после тоа понекогаш може да имаш како водичка бидејќи го перат абдоменот со раствор, може да ти тече капка две понекогаш се дури не ти зараснат раните. Јас лично рамената не ме болеа, ама ми рекоа дека е можно да се случи поради воздухот со кој прво ти го пумпаат абдоменот за да имаат поубава прегледност. Така да тоа е поради тоа. Тешкотии во движење секако дека имав, наведнување никако или многу внимателно, за движење бев бавна, полека и секој ден бев побрза. Имав и болки, кај мене се 4 отвори, и двата јајника. Пази само да ти биде чист тој дел. Јас се истуширав уште наредниот ден после операција, може да се мократ. Само немој никако да лежиш во када. Се туширав секој ден ама без никакво средство, значи само вода да помине одозгора, немој со многу топла вода и немој директно врз раните. Ќе приметуваш секој ден како ти се зацелува раната, после вадење на конци е полесно, не мораш да пазиш толку кога се вртиш во кревет и сл. На страна почнав да спијам втора недела. А и тоа за тежина во стомак нормално е, операција е. За инфекции исто така ставаат антибиотик во инфузијата и инјекции ти ставаат после тоа те боцкаат така да не се плаши. Ептен ако се добие инфекција мислам дека се качува температура, гној и отечено е. Јас дома не мачкав ни бетадине ниту масло од кантарион, само се туширав, си ставав антибиотски спреј и ставав стерилна газа. Спрејот доста помага, ако сакаш побарај го во аптека Vioplex околу 400 денари е ама убав е, го користат и жени после царски рез. Само немој да се оптеретуваш, јас еден ден така си направив пред да ми извадат конци. Се наведнував многу и кренав малце потешко па се извадив од памет дека ми се отворила раната. Ама се испадна ок, ми ги погледнаа наредниот ден и рекоа дека се е супер и убаво зараснува.
Благодарам премногу на исцрпниот одговор. Навистина многу ми помагаат советите, особено затоа што можам прво да се смирам и да не мислам на секакви работи. Стерилни гази исто и јас сменив, си ставам нови за сигурност онака да не ги запнам нешто, вака повеќе внимавам. Само вчера многу движев и тоа ми предизвика повеќе болки сигурно. Денес е многу подобро, се надевам така ќе биде и понатаму. Благодарам за сите насоки, навистина многу ми значи.
Јас одамна правев лапараскопија, циста на јајници ми вадеа, пред 15 години. Некако не ја сфатив сериозно операцијата, мислев дека многу полесно ќе биде, затоа што нема резови. Ама, не било така. После анестезијата се утепав од повраќање, можеби затоа што долга била операцијата. Ден-два после операцијата, такво притискање во градите чувствував, мислев дека ќе умрам. Не знам дали ми било потешко. Ми кажаа дека тоа се случувало кога излегува воздухот од телото. Самото опоравување не одеше така брзо - јас мислев дека веднаш ќе се вратам на работа, а останав дома цела недела откако се вратив дома од болница. И најголемо изненадување за мене беше тоа што и ден денес нагли движења ако правам имам силни болки во тој дел. Исто така и на промена на време чувствувам тапи болки.
Zdravo. Treba da napravam histero- laboriskopija.Mnogu sum isplasena. Kolku dena sedis vo bolnica? Planiram vo GAK da naprava. Dali imas bolki odposle?
@Tukuluk и јас правев лапаро на ГАК, докторите и сестрите се супер, немој да се плашиш. За хистеро знам дека полесно поминуваат, истиот ден ги пуштаат ама тебе ќе те пуштат дома наредниот ден после операција. За болки зависи колку дупчиња ќе имаш од лапаро, јас имав болки, ќе си стануваш сама за најосновните работи. Си готвев, миев садови, а другиот дел од времето си одмарав. Секој ден ќе станува се полесно и полесно. Не сакам да те исплашам ама не е нешто што не се трпи. Кога ќе си отидеш дома одмарај си, лежи си, не кревај ништо, првите денови јади си нешто полесно (супа, сокови) а после тоа ќе си осетиш кога можеш пообилно да јадеш. Со среќа, немој да се секираш, ќе биде ок.
Два, три дена во болница, и потоа ќе мора дома да одмараш. Додека си во болница ќе си добиваш лекарства против болки и така нема да осетиш ништо. Дома ќе внимаваш да не се напрегаш физички, да не креваш тешко. Во суштина лесна интервенција од која нема да осетиш никакви болки, но сепак е интервенција и тоа во стомак, па не очекувај после будење од анестезија да можеш да трчаш.
Хелоу. Ајде и тука да прашам. Кои испитувања и анализи се потребни пред лапаро-хистероскопија во Ремедика? Крвна група, микробиолошки брисеви, хемостаза, д-димери, нешто друго?