Za laparaskopija za proverka na proodnost na kanali ti treba krvna slika so sedimentacija,cist pap i brisevi,spermogram,hormoni i hsg. E sega neznam za sto ti rekle laparaskopija da pravis.
@Tinka2304 пап треба не постар од една година. Брисеви не постари од 6 месеци. Крвна слика ќе ти направат таму, ќе ти мерат притисок и тежина за да запишаат, тоа им треба за анестезија. Таму ќе те пратат кога ќе ти отворат историја, кај мене беше втор ден од циклус. Ми рекоа кога ќе добијам да отидам на одделение, да им кажам на сестрите и да ми отворат историја. И така најверојатно ќе биде и со тебе. Други дополнителни испитувања не знам дали и што ќе бараат, тоа сигурно е зависно од твојот проблем.
Со матичниот треба консултација или таму треба да се јавам? Проодност на канали имам направено,ок ми е се. Имам многу обилна и болна менструација и неможам да забременам.
@Tinka2304 матичниот ќе ти направи пап и брисеви. А за консултација не знам што мислиш ама нема да имаш работа со матичниот. На втор ден од циклус ќе се качиш на одделение, ќе ти отворат историја, ќе ти кажат се што треба и после некое време ќе ти се јават за да те стават на програм и ќе ти кажат кој ден е планот. Докторот или докторка што те води, ќе ти каже која сестра да ја бараш на одделение и кога да отидеш. Од матичен ти треба само упат за кај специјалистот кај што сакаш да се оперираш ако не си била досега, па тие ќе одлучат дали ќе те оперираат или не. Е сега, може е убаво да си земеш и слики од ехо ако имаш да однесеш, чисто да имаат докторите за да не ти прават ехо пак пред да влезеш во сала. Не се секирај, двапати досега го одам овој пат и стварно сите биле ок спрема мене. За постапки за документи ич да не се секираш, се што треба ќе ти кажат, сестрите се многу фини, а за докторите немам зборови. Само полека и ќе биде се ок.
Здраво девојки..Се припремам за хистеро/лапаро ги направив сите испитувања уредни беа ама на папот ми излезе хпв и сега ќе идам кај матичната ме викна да видиме што понатаму знам типизација ме чека. Муабетот ми беше знаете дали прават проблем за операцијата доколку постои присуство на хпв? Ќе идам кај матичната ама некако место не ме фаќа фала однапред
Не сум од Скопје па затоа прашувам. Незнам ни на кое одделение да одам ни ништо. Да ми заврши циклусот и ке си направам пап и брисеви. Мислев дека матичниот закажува термин затоа.
Jas vo septemvri pravev laparaskopija i histeroskoipija i isto mi baraa da napravam hpv. Seto toa mislam deka im e za instrumentite so koi rabotat. Ne go zimaj ova sto ti go kazuvam deka e taka,no 80posto mislam deka e za toa. Imav drugarka so hpv i napravija laparoskopija i histeroskopija. Sepak konsultiraj se so doktor nema da zgreis i nema da dobies pogresna informacija. Nie ovde moze samo da nagagjame . Kako i da e so srekja sto i da pravis ponatamu.
@Tinka2304 тогаш барај си упат за на ГАК кај специјалист, ако се обидуваш да останеш бремена тогаш за одделение за инфертилитет и асистирана репродукција. Амбуланта 34 или амбуланта 29. Роса Спасова, Глигор Тофоски, и уште многу други ги има, мислам дека нема да згрешиш кај било кој да отидеш. Матичниот ќе ти закаже кај специјалист на одделение, матичниот не може директно да те прати на операција. Е сега, веќе кога ќе те види и кога ќе си кажеш симптоми, кога ќе кажеш дека каналите ти се проодни и сакаш да останеш бремена ќе ти бараат решение. Може нема уште одма да се иде со план операција, може ќе ти предложат некое друго решение за твојот проблем, во секој случај ќе те следат па може ќе ти предложат инсеминација па ако не бидне тогаш на операција. Не би било лошо да побараш од матичната упат да си направиш хормонален статус, чисто да си провериш FSH, LH, Antimullerian хормон или сите хормони, за во случај ако ти го побараат докторите на одделението да не се маткаш дополнително. Едит: хормони се проверуваат од 2ри до 4ти или 5ти ден од циклус, така да ако планираш да правиш, консултирај се со матичната да си ги направиш за време на циклус.
Zdravo, dali so laparoskopija se otkriva samo endometrioza ili i nekoi drugi problemi dokolku gi ima vo dolniot predel na stomakot? Na primer problem so mocen meur i slicno.....
Toa mislam zavisi i od doktor koj ke te prave. Mene me pravija laparoskopija vo april vo gak na desen kanal, na pregled kaj privaren ginekolog 2 meseci posle intervencijata gleda hidrosalping na drugiot kanal. I na mene odma prasanjeto mi bese zaso ne e sredeno so intervencijata. Negov odgovor bese najverojatno poradi toa so ti si otidela za desen kanal i nikoj ne e posvetil vnimanie na drugo. I sega se spremam za vtora laparoskopija poradi hidrosalping na drugiot kanal ama na privatno
Здраво Девојки едно прашање до тие што се правеле лапараскопија во систина што и како сте поминале колку дена ве задржуват јас утре треба да правам ама незнам што да понесам со мене незнам колку дена ке ме задржат и што ке ми е потребно за таму.. а и околу цената прашав и ништо не ми кажаа рекоа ке видиме тогаш ... Некоја да има искуство па да ме советува малку
licna karta, polnac i mobilen, drugo nisto ne ti treba jas se pravev laparaskopija vo sisitina kaj dr Nikola Pancevski doktorot e vrv posveten i mnogu grizliv, tocna cena ne kazuvaat bidreki i samite neznaat so tocno ke se raboti, jas plativ 108.000 i me pustija naredniot den potoa za efna nedela si na konci vadenje.. so lesno neka ti e nisto strasno jas bev preplasena pred da odam ama potoa svativ deka bez potreba sum bila preplasena
И јас сум кај Панчевски, се договоривме да се јавам на прв ден од циклусот за да ми кажат точен датум за лапароскопијата. Ми кажа дека истиот ден ме примат, прават испитувања и интервенција па ме интересира какви испитувања прават?
Овие испитувања јас ги правев меѓутоа мене ми рекоа прво да ги направам па со нив да одам на разговор со анестезиолог.
Здраво да ве прашам дали знае некоја како е постапката за проверка на канали ХСГ со анестезија во Систина? ако правела некоја таму со анестзија и кај кој доктор јас сакам да правам по 2р пат (првиот беше без анестезија пеколно болеше и испадна дека имам затнати канали,па сакам да бидам сигурна и сакам 2от пат да биде со анестезија ) ако може да ми каже подетално како оди процедурата ? ви благодарам !
Јас имам правено во Плодност. Аналгеза е тоа,но јас би ти препорачала ден пред интервенција чаеви да пиеш и пола саат пред интервенција да се напиеш апче за болка. Со лесно.
Super milo mi e, kaj pancevski bese i ti neli? Tebe koi ispituvanja ti gi pravea? Kolku denovi te zadrzaa vo bolnica i ako moze da mi kazes poradi sto bese na laparoskopija? Fala ti
Девојки уште едно прашање од мене сега ми се појави вагинално слабо крварење 4 ден од лапараскопија што мислите нормално ли е или не е касно е не можам да звонам на лазаревски да прашам дали е нормално или не