1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ласерска операција на очи

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од leonidicka, 7 април 2011.

  1. leonidicka

    leonidicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    3
    Не знаев точно каде да ја ставам темава... Дали некои има направено и колку е тоа ризично:: каде има најголеми гаранции?? дали некој знае новава клиника од турција дали извршува таков тип на работа?? и колку пари чини
     
    На zmaj333 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    ласерска операција на очи

    И мене ме интересира за ласерска операција на очи дали има некој искуство, а и цените како се движат дали знае некој?
    Инаку од тоа што се имам распрашувано за оваа процедура, викаат дека трае од 5 до 10 минути со капки анестезија само, дека вооошто не болело и после еден ден може човек да се врати на секојдневните активности.
     
  3. leonidicka

    leonidicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    3
    ласерска операција на очи

    да така е ама полсе имаш многу солејне на очитемене така ми кажаја а иначе знам за турција дека е 500 евра од око а со се се ваќало 1500 евра и требало видот повеќе да не ти варира оти пожело пак да се врати проблемот. е сега не знма за оваа новава клиника турскава што е во ск и за систина. јас бев во визија таму е 700 евра од око и гаранцијата е дека ќе ти го намли 2/3 од диоперот ама луѓево што биле не се многу задоволни. затоа ја пославив темава. да се надеваме дека ќе има некој со повеќе информации
     
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.109
    Допаѓања:
    100.221
    Пол:
    Женски
    моја пријателка е во процедура за правење ласерска операција а очи. Велам процедура зашто не е се толку едноставно. Прво се оди на еден не толку пријатен преглед каде што ти ги шират зениците со капки и ти прават детален преглед на окото. Самиот подготвителен преглед е понепријатен од операцијата. Потоа во зависност од тој преглед ти кажуваат дали може воопшто да се направи операција и тоа дали кај нас или треба да се оди во странство. Знам дека пријаелката моја одеше во Капичтец во ординација која е најдобра за оваа процедура. Сепак ласер за неа овде немаше па мораше да оди во странство. Операцијата кошта до 2500 до 3000 евра зависно од процедурата и типот на ласерот и све пропратно. Преходните испитувања не влегуваат во цената. Се надевам дека помогнав.
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Моја пријателка беше во Белград, ако не се лажам Св. Вид така нешто се викаше. Ја чинеше 1000евра 2 очи и навистина ги фрли наочарите. Целата процедура е неколку часа, значи ти прават анализи прво па потоа ласерски те третираат. Првите неколку денови ја болеа очите додека да заздрави таа ципа некоја што ја кине ласерот - така таа ми кажуваше, и некои капки мислам дека ставаше во очи.
    Како и да е за 1 ден си дома и веднаш те пуштаат дома да си одиш.
    Има и во Турција веќе одамнааа, мојот газда го водеше татко му таму и успешно се заврши. Значи пред 10 год, зборувам, турците имаат напредна технологија за тоа веќе одамна.
     
    На Meckicja и dannaa им се допаѓа ова.
  6. ViKtOrIjA21

    ViKtOrIjA21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    148
    Сум слушнала за скопје дека има отворено вакво нешто за ласерска операција...јас ставив наочари пред некој ден не ми е голем диоптерот 0,25 со 0,50 меѓутоа и јас би сакала понатаму таква операција да не морам да носам наочари..
    инаку во Свети вид во Белград која е најпозната во регионот се има правено операција еден другар и истата го чинеше 2000 евра..тоа е пред неколку години и сега се е ок. операцијата трае 10 до 15 мин меѓутоа секој не може да се оперира затоа претходи преглед кој како што знам и не е толку страшен.
     
  7. m-25-r

    m-25-r Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    И јас сум заинтересирана за ласерска операција , баш деновиве се распрашував за тоа. Има во скопје на повеќе места, др.Ристовски го најдов на гугл и кај него цената е 38 000 по око, во визија не знам кај прочитав дека било 700 евра по око, а во турската новата, не кажваат мора преглед кај нив да направиш, 1200 ден. па после се одлучува колку пари( www.eeh-mk.com), а јас веке се имам прегледано на друго место и ми кажаа дека можам да се оперирам, само не знам каде.
     
    На EmeraldBLUE му/ѝ се допаѓа ова.
  8. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    174
    Во Скопје,ординацијата се вика Визиа и мислам дека за операција на едно око земаат 500 евра.
    Самата операција не е воопшто болна ,бидејќи ставаат локална анестезија и не се осеќа никаква болка(од сигурни извори).За време на операцијата си буден и гледаш се што ти прават :D Повеќе е грозен самиот преглед и кога ти ставаат анестезија,а операцијата воопшто.Трае само 5-10 мин и дава добри резултати ,кои се трајни:)
    Мене ми имаат кажано блиски роднини за самата операција и се презадоволни.
    Само за ваква операиција треба самиот лекар да ти одобри,а претежно одобруваат на тие луѓе на кои веќе им стагнирал диоптерот,значи на оние луѓе на кои подолго време не им се променил и на луѓе без висок очен притисок.
    И секако,како се' во животот и самата операција има ризик.Можеби мал,но сепак е ризик.За тоа треба да сме свесни ,и подготвени на се' пред самата операција :)
     
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    уште пред неколку години се распрашував за таква операција(баш во Визија)
    ама нема да ми помогне па така да се откажав од таа идеја (совет добив од лекар да не ни пробувам оти ке бидат за џабе фрлени парите)
     
  10. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Прво те прегледа и константира дека нема да ти помогне операцијата? Кратковида си или имаш некој друг проблем? Кратковида сум, имам размислувано за операција меѓутоа незнам дали ќе помогне и нормално постои и ризик
     
  11. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    85
    Ако било добро да се прави операција на очите сигурно богатите ке беа без наочари , пример Бил Гејтс ...
    Можеби ке помогне на краток рок а после пак по старо :)
    Инаку сум слушал дека Иван исцелителот од Куманово лечел бесплатно очи без операција!
     
    На LoveHope му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Buubica

    Buubica Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    245
    Здраво девојки

    Гледам многу од вас сте заинтересирани за оваа операција па ајде да споделам и јас искуство може ќе ви помогнам!!
    Јас ја правев операцијата во Турција во приватна болница по препорака и претходни разговори со луѓе коишто претходно биле таму и се подложиле на истата постапка. Се одлучив за Турција пред се заради искуството што го имаат докторите (нема офталмолог со испод 1000 операции!! ) а второ заради цената. Овде ми спомнуваа некои безвезни суми и тоа доктори коишто тек допрва ќе почнуваа да работат во никакви услови.
    Ако некој нема можност да отпатува во странство и баш мора тука да се оперира би ги препорачала Визија не заради нешто друго туку имаат услови. Останатото е чист аматеризам (освен ако некаде нешто значајно не се сменило во последниве 2 години).
    За цената. Конкретно операцијата ме чинеше 600 евра вкупно за двете очи, сосе преглед и терапија (капки 3 вида за после операцијата).
    Има неколку услови што треба да ги исполнувате за да може да направите ласер. Основно е диоптарот да не ви расте т.е. да е фиксен минимум година дена наназад. Второ да немате некаков друг проблем (болест) со очите и ова се утврдува со преглед кадешто ви ги шират зениците со капки. Прегледот не е болен ниту ширењето на зениците е нешто којзнае што единствено би можела да го опишам како несекојдневно па во таа смисла може да биде мааалку непријатно.
    Ако ве инетерсира нешто повеќе за операцијата,пред/потоа пишете па ќе вратам за да не е постов предолг!
    И да само да напоменам јас се оперирав пред 2 години со диоптар 7 и 3 и фала богу гледам ПЕРФЕКТНО!Дефинитивно би ве советувала ако имате услови да се решите од овој проблем пошто чувството кога ќе станес одсабајле и немораш да ставаш очила или леќи...е неописливо :D :D :D :D
     
    На Bici33, dannaa, Unfaithful18 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421

    Бубица јас би те замолила во лп да ми пишеш која е клиниката и во кој град во Турција се наоѓа и како стапи во контакт со мив, некој од овде ти ги препорача?
    Ти благодарам :*
     
  14. m-25-r

    m-25-r Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1

    Toa e mnogu eftino!
     
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Феминка
    бев на преглед во Визија(пред неколку години) и случајно низ разговор стана збор за операција, па докторот ми кажа дека нема да има подобрување инаку сум далековида
     
  16. m-25-r

    m-25-r Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1

    и јас би те замолила ако можиш да ни помогниш, да ни кажиш како стапи во контакт?
     
  17. Buubica

    Buubica Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    245
    И пишав и на Чупе во ЛП ама еве и вака за да видат и останатите што се заинтересирани. Во таа болница отидов по препорака на семејна пријателка којашто имаше направено корекција веќе и ми ја препорача и болницата и конкретната докторка. Јас пред да отидам ги контактирав по меил и ептен пред тргање на телефон за да потврдам за терминот. Цената е таа самошто јас мислев на почеток кога ми пишаа дека е за едно око а уствари испадна дека е полната цена за двете очи, терапија и прегледи. Ако некој се реши нека ми пише ќе ви дадам детали за болницата а и за операцијата зошто според мене многу е важно да сте спремни и психички и да знаете што точно ќе се случува.
     
  18. m-25-r

    m-25-r Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Бубица, дали можи да ми дадеш линк или меил?
     
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Бубица, дали може да го опишеш подетално прегледот пред операцијата ?? Дали има превртување капаци и слични такви работи. :D Можеби звучи смешно, но се повеќе сум заинтересирана за оваа операција, а диоптерот ми расте. Па да си бидам подготвена еден ден. :)
     
  20. Buubica

    Buubica Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    245
    :) :) :) Затоа и пишав јас дека ако нешто ве интересира ќе објаснам пошто знам и јас какви филмови си правев пред да отидам :D :D
    Нема никакво превртување капаци никаква болка или боцкање во било каква форма :P Ти капнуваат по 3-4-5-6 капки во секое око за да ти се рашират зениците. Откако ќе ти ги капнат капките дремеш така некој 15-тина минути да профункционира тоа и после те земаат пак во ординацијата каде докторот со една сијаличка ти свети во око по 10 секунди и така ти го гледа очното дно. Единствено е што кога ти се раширени зениците видот ти е доста поматен ама си се враќаат во нормала. Убаво е да отидете со некој и да не сте сами пошто сепак ќе ви треба колку толку бар мала помош кога ви е поматен видот.
    Е да и пред операција минимум 10 дена ако не и 2 недели не смеете да носите леќи само наочари.