Утре имам закажано преглед во Европсла очна болница, за да видат дали можам да правам операција.. Ме интересираше каква е процедура на прегледот.. Слушнав дека се прави томографија, но на дента на операцијата, дали е така ило на прегледот се прави? Многу ми е страв од се, и затоа се распрашувам за прегледот.. И колку трае прегледот, дали знаеш?
Очен притисок и диоптер одма ти мерат, после зависи колку луѓе има пред тебе. Иначе, ако има потреба од нешто дополнително од обичен преглед, прво те прашуваат дали сакаш дента, или да ти закажат дополнително. Можеби не си спремна. Мене требаше да ми прават нешто ко томографија, меѓутоа јас не сакав истиот ден, па ми закажаа повторно за неколку дена.
Да да, бев, видов ништо страшно, ми направија топографија, аамо малку од тие капки мј требаше време да се стабилизирам, еве сега е во ред, само светлина ми смета. Фала многу.
За двете, и тоа со Intralase Lasik. Во таа цена ти се трансферите од аеродромот и плус ноќевањата. Ако имаш придружба ќе доплатиш за двокреветна соба, толку. И лет/автобус, нормално за таму некоја пара. Јас скоро ги исконтактирав ама уште ми расте диоптријата па ќе си почекам.
Може да ми оставите податок каде ординира др. Ристовски? А јас испратив e - mail во "Sante Plus" Поликлиниката со мојата очна историја ( имам астагматизам и 5 - ка диоптрија). Веднаш ми вратија одговор дека сум одговарачки ``кандидат`` за операција за ``симнување`` на диоптријата. Цената била 1 300 евра со еден пратител + операцијата + едно ноќевање + повратен авионски билет ., во Турција.
Во Август една година после направен Ласик..Можам да речам со сигурност една од најдобрите одлуки што сум ги донел за да после години истражување/мислења/двоумења-премислување/консултации и ткн за на крај да се одлучам за Ласер..Чуството е супер
Kako be taka po mail videle deka si odlicen kandidat. Mene 3 saati peegledi mi pravea vo Sistina za da vidat dali mi e zdravo okoto.
Колку чини операцијата? Дали се прави на двете очи одеднаш или едното па другото? Колку време после операцијата те пуштаат дома? Дали има некои несакани ефекти?
Операцијата е 1000 евра. Се прави на двете очи и за 10 мин си готов. После имаш уште еден преглед, и одиш дома. Ти кажуваат како да се однесуваш пост оперативно. Другиот ден си на прва контрола. Несакани ефекти се сувост во очите, матнен вид заради капките првите 10 дена ама тоа е минимално, и толку. Јас лично отидов на интервенција релакс како на маникир кога одам.