Здраво на сите. Пред некој ден бев на редовен преглед на очи и лекарката ми рече дека окото ми е многу ослабено. Инаку имам страбизам, и ми рече дека единствена опција е ласерска корекција. Сега се мислам дали да закажам во Систина или во Европска очна болница. Ве молам доколку некој има искуство да ми каже која од двете е подобра опција. Благодарам многу.
Zdravo. Moeto iskustvo e so Sistina, vekje godina i pol so laserska korekcija. Sto i da resis mislam deka nema da zgresis, osven ako ima razlika vo cenata
Здраво на сите. Пред околу 3 недели правев преглед за ЛАСИК во Систина и ми закажаа операција на 10.05.2021 во 10h во тимот на др. Билјана Костовска. На денот на операцијата околу 1 час пред почетокот додека се спремав да тргнам накај Систина ми се јавија на телефон дека имаат технички проблем односно ЛАСЕРОТ им се расипал и чекаат техничка служба да го сервисира, дека операцијата се одложува и дека ќе ме контактираат за кој датум се презакажува. Целиот разговор на телефон траеше 1 мин. Од тогаш поминаа цели 5 дена, никој нити се јавил од Систина ниту ме контактирал што се случува. Ниту па ми паѓа на памет на тазе поправен ЛАСЕР да бидам тест заморче. Така да размислете околу апаратурата што се користи во нашите болници. Можеби докторите и хирурзите се квалитетни меѓутоа под голем знак прашалник е апратурата што се користи кај нас. Во меѓувреме деновиве контактирав и со св.Вид во Белград и болницата во Загреб и Софија каде што веќе се нуди SMILE технологијата за ласерска корекција на диоптријата. Поздрав
Здраво девојки.Дали некоја има лично искуство или на познаник,во врска со ласерска корекција на диоптрија во Систина во однос на процедурата? Благодарам
а што мислиш дека не е стара технологијата во Македонија и останатите фирми продолжуваат со старата технологија,се ново што ќе излезе го имаат и Бугарија и Србија.
Здраво девојки. Јас пред два дена направив ласерска корекција (Ласик) во Систина. Доколку некој има правено скоро би сакала да ми пише во врска со заздравувањето, колку време е потребно за скроз за биде ок, иако јас сум добра, но се плашам да не ми се влоши, паничар сум. И секаков совет би ми бил од корист.
Може ли да пишеш подетално околу целата процедура? Колку време траеше, анестезијата со капки е? Има боцкање во око?
Епа прво си одите на преглед нели за да ви кажат дали воопшто сте кандидат за корекција и кој вид би можело. Има ПРК и Ласик. Јас како што кажав правев Ласик затоа што е многу полесна и многу побрзо се заздравува. Самата операција трае 10 мин (5 мин од око). Пред операција ти даваат диазепам и бруфен. Кога ке легнеш ти ставаат како кругчиња на очите за да не може да трепкаш и да ги затвараш и ти ставаат анестезија во вид на капки. Се осеќа дека ти работат, но не боли. Ласерот работи 6 секунди и тогаш е мрак пред очи, но веќе кога ке станете од креветот си гледате само матно. На моменти ми беше језиво кога ми чепкаа, но во секој случај ништо страшно и вреди за да се спасите од наочари и леќи. Потоа ви кажува сестра што смеете, што не, ви даваат капки и ви кажуваат кога да одите на контрола и си одите дома. Цената ја има на нивната страна, не е секогаш иста, некогаш има попуст. Во кратки црти тоа е, ако ве интересира нешто слободно пишете ми.