Ke moze li da mi kazis kolkav vo bese diopterot i kako pominavte ? Sto ispituvanja imavte prethodno ?
Имав мешан астигматизам: +4.50D sph -5.50D cyl, а за да биде корегиран во Систина офталмологија ми имплантираа вештачка мултифокална торична леќа, по која имаше заостанат астигматизам од +1.00D sph -2.00D cyl кој беше отстранет со ласерска корекција, претходно ми беа правено многу прегледи на окото: одредување диоптрија, мерење интраокларен притисок, правење пентакам за одредување на дебелината и формата на рожницата, ми правеа ширмер тест за одредување солзен филм, ми ширеа зеница за да се провери очното дно и задниот сегмент и на крајот пополнив еден прашалник (дали имам други хронични болести, дали имам алери, дали имам дијабетес, дали сум носел наочари или контактни леќи, дали сум имал претходно операции на окото, дали некој во семејството има очни болести и слично), потоа ми закажаа термин за правење YAG ласер капсулотомија за отварање на задната капсула на окото, за да се отстрани ризикот од евентуална секундарна катаракта на окото, а по еден месец од таа YAG ласер капсулотомија ми направија ласерска корекција на диоптрија
Додека се правеше операцијата немав никакви болки, но по неколку часа откако исчезна анестезијата, почнаа болки, печење, глодање и интензивно солзење, но зедов еден аналгетик и болките се намалија и ставав кортикостероидни капки и вештачки солзи, веќе на третиот ден по операцијата немав никакви нелагодности, потполно како пред операцијата, по една недела од интервенцијата веќе имав визус 0.8, односно вид од 80% на далечина и 100% на близина
Доктор Ристовски е премногу официјален и не размислува "надвор од кутијата", односно научил тоа што требало за да специјализира и толку, освен тоа, не прифаќа ни помал ризик и оперира само едноставни случаи и не дава надеж на пациентот, односно ако тој не може да го реши проблемот, тогаш тврди дека никој друг не може (едноставно толку го бива), а што се однесува до визиа, таму е катастрофа и тоа најблаго кажано, таму не е за одење ни под услов тие да му дадат пари на пациентот, жанина врска нема од оперирање катаракта (на пациентот кој го оперира му го гмечи окото!!!), а сашо (нејзиниот сопруг) е еден голем манипулатор, инаетчија, несериозен и лажго, навистина не го бива, моја препорака е во визиа апсолутно не
Здраво на сите, детето мое има 7 години и има диоптрија 3.5 веке еве 2 години носи наочари се си е во ред. Сакам да прашам во последно време кога повеќе гледа на телефон го чеша послабото око и примижува (кско кога ќе ни смета сонцето) и си велам дека е од премора. Но забележувам дека кога ќе му речам да ги движи очите лево десно да следи прст тој само на лево ги движи на десно не, а несвесно можи да ги сврти надесно дали имате искуство секако ќе се јавам утре во Систина.
Sakam da odam na Laserska operacija vo sistina...vie so iskustvo od tamu...koj doktor bi mi go preporacale???
Zdravo imam strabizam uste od bebe Kako posledica na previsoka temperatura. Vo posledno vreme razmisluvam za operacija, poglednav za European Eye Hospital vo Gjorce, ama reviews im se katastrofa pa se podzamisliv. Ima li nekoj iskustva od tamu I kolku e bezbedno?
Јас се правев во Систина. Др. Билјана беше тогаш. Сега не знам дали е уште. Полесно и побезбедно здравје. За помалку од 5 минути. После 3-5 дена чувствуваш како вода да ти имаа некој плиснато во очи. И тоа е тоа. Пресреќна бев порафи видот.
Искуство со European Eye Hospital? Имам одредено диоптер но имаат некоја можност да не се носат наочари со операција можело да се реши...За ова конкретно
Некој со искуство со ласик во систина? Имам astigmatismus myopicus L: 0sph, -3cyl и R: 0sph, -3.75 cyl Совет некој што правел со слични резултати? Поздрав и секое добро.
Јас имам правено ластик на астигматизам во Систина офталмологија кај доцент доктор Билјана Костовска и имам само пофални зборови, интервенцијата трае максимум 3-4 минути за едно око, но подготвителниот период е еден час до час и половина, нема болка во текот на операцијата, но по неколку часа кога ќе исчезне локалната анестезија, се јавува чувство на гребење и глодање во окото, кое веќе наредниот ден е прилично намалено и за два до три дена по ласерската корекција потполно исчезнува, видот се изострува една недела по операцијата, а максималната острина на видот се добива по неколку месеци (сепак е индивидуално), најважно од сѐ е кој ја прави таа ласерска корекција, во секој случај една од најдобрите одлуки што сум ги донел во животот