Имам закажано кај доктор Фани па се надевам дека ке помине се најдобро. Супер мило ми е што слушам позитивни коментари така и да остане. Поздрав секое добро
направен ласик во 2019 година, ме правеше Фанка Гиевска. Еве ме сега 5 години и пол после операција јас имам 0 диоптер. Најдобра работа што сум ја направила. Инаку не е со резултатите поената. Пред операција имаш опсежен преглед на очите за да видат дали си кандидат за операција или не. Без тој преглед, мислам дека беше 4500 денари не можеш да знаеш дали ќе бидеш кандидат за операција или не. Така да прво направи го прегледот, па ќе ти кажат дали си или не си. Во поглед на самата интервеницја јас бев олабевена како да одам на маникир и ми помина најдобро што може. Поздрав
Здраво Нена фала ти за инфо, веке имам 2 прегледи исти направено за иста работа па ми посочија дека сум кандидат ама има шанси дека мал цилиндар би се вратил после тоа па онака ме интересираше дали некој со исти или слични резултати има поминато па да сподели искуство. Поздрав
Доктор Фани Гилевска е одлична докторка и прекрасна личност која многу си ја сака својата работа и професија, се разбира дека операцијата ќе биде успешна, доколку си добар кандидат (доволна дебелина на рожницата, капа вредности, хинџови итн). Инаку денеска ѝ е именден на доктор Фани
Се разбира дека има, обично се прави до -10D, но сепак зависи од многу други фактори, а најмногу од дебелината на корнеата (рожницата), над тие вредности на диоптријата се применуваат други типови на корекција, како на пример имплантација на интраокуларни леќи или имплантација на факични леќи
Здраво, ме интересира колку време треба да се отсуствува од работа после ласерска корекција на диоптрија, особено ако се работи со компјутер? Исто така дали другите дневни обврски може да се извршуваат нормално и после колку време? Имам бебенце па не знам дали е изводливо сега да се одлучам за ласерска корекција, а веќе долг период размислувам.
Десетина дена се повеќе од доволни да се отсуствува од интелектуална работа, а физичка работа може по еден месец, за тешка физичка работа препорачливо е барем два месеца, но сепак е индивидуално
Супер, ти благодарам! Мислев дека е потребно да се избегнуваат екрани подолго, 10тина дена и не е така лошо.
Искрено од мое искуство јас 2 недели не работев на компјутер, 10 дена додека примав антибиотски капки не гледав тв не седев на мобилен.Бев на боледување. И после тоа одма отидов направив заштитни наочари за екрани во оптика. Ова е мое искуство.
Фала ти! Дали вкупно 2 недели не работеше на компјутер (пртпоставувам капките се примаат после интервенцијата)? Дали другите обврски можеше да си ги извршуваш најнормално?
Па да. Две недели воопшто ни компјутер ни телефон и ограничено телевизија. Одмарање наночите. 10 дена се примаат капки антибиотски кои минимално шират зеница. И самото гледање е малку чудно. Се друго си правев најнормално, освен што 5 дена после операција никако миење лице, само со влажна крпа освежував. Ќе ти кажат таму.
Здраво девојки заинтересирана сум и јас за ласер Од која болница и доктор сте задоволни? Јас се мислам за во Европска Очна Болница што мислите ?
Здраво видов некоја промоција на Европска очна болница од 600 евра за симнување на диотрија, јас имам -2 на двете очи со цилиндар, цилиндарпт незнам точно колкав ми е. Ми треба мислење кој се правел операција таму колкава е веројатноста да се врати диоптријата и дали има скриени трошкови. Ви благодарам
Sega SE javiv I mi rekoja DEKA za dvete oci e 1200 evra taka sto Sistina e najeftino momentalno ... Osven Ovie dve bolnici Kade vo Mk na Dr mesto pravat a ste zadovolni???
Дали е вистина дека ако диоптерот ти е со цилиндер поголеми се шансите повторно да ти се врати диоптријата после ласик операција ? Ако има некој искуство со ваква ситуација нека пише.