А да ни ја опишеш и самата операција подетално? Јас знам само дека се става локална анестезија во самото око...и можам да замислам колку е грозно сето тоа
ЕЕеее операцијата е прича сама за себе Битно е да знаете дека болка како болка нема да осетите у ниеден момент..ама затоа има некои други непријатни чувства Прво пред да влезете ви даваат две апчиња едното е дијазепам сигурно и тоа од 5, а другото немам појма што е. Тоа пошто некои паничат па си праат проблем за време на операцијата. После тоа во една друга соба ви ставаат капки (тоа е локалната анестезија) и ви ги чистат капаците и околу очите со нешто како бетадин. После 5минути ве носат во сала ама си ги осеќате очите најнормално не дека нешто како со обична анестезија да се здрвува местото па да останете ококорени Е сега во сала ви мерат притисок, пулс сите тие пропратни работи и почнуваат едно по едно око. Ви лепат одозгора на окото нешто како проѕирен целофан малку подебело само (бар такво чувство дава) и нон стоп капат капки на тоа додека се работи. Вие го гледате само ласерот (светлото) и тоа матно и слушате звуци на стругање така некако му доаѓа. Е сега лошото е што има еден мал период од 7-10 секунди каде што окото ви е отворено а не гледате ништо. Тоа искрено мене ми беше малце језиво Нормален дел од процедурата е и не е ништо страшно ама така мене ми се виде малце језиво. Се осеќа и благ притисок додека работи ласерот. Сума сумарум ништо страшно и завршуваат за 10 минути максимум.После тоа си имате терапија, треба често да ставате капки незнам како му доаѓаше на секој саат или два. Денот после операција е малце така блесав, пошто се осеќа нелагодност во очите, можеби и малку чешање а не смееш да ги чешаш и скоро цел ден лежиш ама веќе вториот ден си ок. Не те задржуваат во болница ама си обврзан наредниот ден да дојдеш на контрола и ако е се ок може да си одиш дома. Пробав што подетално биваше да објаснам Не е ништо страшно ама треба и да имаш доверба во тој/таа што ја прави операцијата. Сепак се очи во прашање !
Оф леле, ти благодарам многу. Мене ми имаат таков преглед направено, со капнување на капки за раширување на зеницата, ама одамна беше тоа и мислам дека не се сеќавам на некоја голема болка. И веднаш после операцијата ,,прогледа,, ??
И јас исто така имам направено ласерска интервенција (не ја декларираат како операција) во Турција, во Истанбул на Клиниката Nisa Hastanesi. (еве ја веб страната http://www.nisahastanesi.com/) Имав голема диоптрија, поточно миопија (-6,5 на левото, со -6,0 на десното). Преку деловни партнери на татко ми, закажавме преглед, ме прегледаа околу 10:00 и ми кажаа дека ќе може да интервенираат. Требаше само да се потпише согласнот бидејќи интевенција опфаќаше 5% ризик. Поради високиот диоптер, докторот кој ме прегледа, ми кажа дека можно е да треба после 3 месеци да се направи уште една интевенција, ако не успеат од еднаш да ме корегираат, но... За тоа немаше потреба. Истиот ден ми закажаа и во 14:00 јас бев во сала. Се на се, интервенцијата траеше околу 15-тина минути, на почеток многу ми беше страв, ама после тоа, кога станав од кревет, ми се сменија погледите кон светот . Претходно со тој диоптер гледав само контури, а после тоа... веднаш почна да ми се враќа видот. УШте еднаш после тоа ме прегледаа, докторот ми кажа дека успеале да ми го вратат видот на 0 диоптер, ми препиша терапија и одма ме пуштија. Инаку, ако од прегледот се воспостави дека нема услови, нема да се нафат воопшто, по никоја цена. Вечно ќе им бидам благодарна на докторот и на самата болница, за тоа што ме препородија. Ниту пак, ќе го заборавам чувството што го имав кога станав со креветот. Првичниот преглед чинеше 25 евра, самата интервенција 350 евра и уште терапијата (три типа капки за очи кои се комбинираа) околу 25 евра. Искрено, со сета почит на нашите доктори, пак да треба да правам ваква интервенција, не би се нафатила да го направам тоа овде. Интервенцијата ја правев во декември 2006 и до ден денес видот ми е екстра. И најискрено би препорачала на сите што сакаат да направат ваков вид интервенција, да го направат тоа што е можно побрзо. ЈАс имам визит карта од болницата и докторот, ако некој е заинтересиран нека ми пише порака, ќе му ги дадам сите потребни информации.
И јас да го пренесам моето искуство.Значи ласерска операција правев пред едно 12 години.И тоа во Ихтиман Бугарија.Тогаш не постоеше Визија во Скопје.Значи ми се смачи од носење леќи и наочари..слушнав се консултирав со неколкумина кои биле и се решив.Кога отидов болницата не ми делуваше воопшто репрезентативно..ама реков кога сум веќе тука да го направам и тој преглед.Ме прегледа една фина докторка,констатира диоптрија на едното -6 на другото -4,5,ме праша за годините,заради тоа што не се препорашува операција до 18 па 20 години кога телото се усте се развива,значи годините ми беа идеални 25.Ми кажа дека ме ме чини 700 долари за едно око.и плус 3 месечна терапија со 3 вида на капки и нормално контрола на месец па на два и на крај на 3.Се решив кога отидов на закажаната операција ми дадоа апче за смирување ,после 15 минути ме викнаа во салата...по неколку капки во двете очи,мислам како кога добиваш анестезија за заб, и почнаа со работа..најважно нешто е да не мрдаш да бидеш колку што е можно посмирена,зашто од тоа и зависи до некаде успехот на операцијата.Го гледаш снопот светлина како ти се доближува и искрено јас имав впечаток како да има некој звук ..а можеби и само вообразував...не знам се на се не траеше долго ама јас кога станав од масата бев жива вода ,докторот се смееше ,немал таква пациентка.Признавам по природа сум паничар па ништо не е чудно што телото така ми реагираше.Потоа излегов со тампони на очите.Маж ми ми ставаше капки на 2 саата.Вечерта дојдоа да ме видат во хотелот докторот и сестрата.Утредента уште една контрола и дома.Многу е важно да се ставаат капките навреме,нормално тогаш нема да ја поднесуваш светлината на компјутерот и на телевизорот,но чувството кое го имаш, на пример наутро кога ке се разбудиш, да приметуваш се повеќе детали на таванот и на ѕидовите не мери со ништо Е сега има нус појави на пример тешко ми е кога сум ненаспиена,чувствувам пецкање на окото со поголема диоптрија,не можам долго време да гледам тв ,не поднесувам јако сонце ..ама тоа е ништо во однос на маката што ја имав кога користев леќи и очила..поздрав и секое добро..
http://www.igh.com.tr/en tuka sakam da se zakazam za sega na 1 juni. da ne ima nekoj odeno vo ovaa bolnica ?
Феминки дали некој има направено ласерска интервенција кај др. Роберт Ристевски, во Капиштец? Таму одам на прегледи, носам леќи и очила комбинирано, па сакам да се мафнам и од двете. Ако некој има искуство од кај овој доктор , ве молам пишете
Ако може да ми кажеш дали во последиците ти споменаа и ризик од слепило? За останатите можни последици знам дека е можно после неколку години да не може да се поднесе силна светлина или дека постои можност од двојно гледање на вечер. Али не знам за ризикот од слепило кој што сигурно исто така постои во тие 5%. И дали ако недај боже би дошло до таква појава тоа би го знаел докторот веднаш по завршувањето на операцијата или можно е по неколку години да дојде до тоа? И уште нешто: ако докторот веднаш по операцијата знае дека дошло до слепило тогаш за да се избегне слепило на двете очи дали воошто постои можност да се оперира прво едното око, па после 10тина дена откако ќе се види дека се е ок со него, тогаш да се оперира и другото, па макар ова да би коштало дупло повеќе од стандардната сума. Ако имаш информации за двеве прашања те молам пиши. Поздрав и фала од напред
Јас пред година дена се оперирав од страбизам на двете очи, во Европска очна болница во Скопје. Имам 21 година, а страбизмот ми беше стекнат, не вроден. Презадоволна сум од резултатите, операцијата беше скоро 100% успешна. Прво да кажам за цената, ме чинеше вкупно 5000евра за двете очи. Од фондот за здравство не ми вратија ништо, затоа што мојата операција се водеше како естетска корекција (немав никакви проблеми со видот). Операцијата беше ласерски изведена, траеше нешто повеќе од час и половина и веќе наредниот ден излегов од болница. Анестезијата е локална, се изведува со капки дирекно во зеницата... Немам никакви лузни, ништо не се познава...малку ми е крваво десното око во внатрешниот агол, но докторот ми кажа дека ке избледне со време. Терапијата продолжи со различни видови капки за очи, во почетокот имав контроли на две недели, па на еден месец, два месеци, и сега веќе на шест месеци. Продолжувам да ги носам очилата само заради заштита од штетни влијанија. Генерално, операцијата не беше многу тешка, далеку потешко беше опоравувањето..Јули месец, не смеев да се туширам (само од врат надолу ми беше дозволено, и тоа после 15 дена поминување од зафатот), минимален продор на светлина во просторијата каде што престојував.... Мислам дека вечно ке му бидам благодарна да докторот, и на целиот тим и болницата во целост. Животот ми го променија. Поздрав и ако ве интересира нешто повеќе, слободно прашајте
Иако прочитав повеќе корисни мислења на темава, би сакала пак да ја активирам, за нови искуства во меѓувреме, посебно овде во Македонија. Инаку и на двете очи веќе 4 години имам непроменета диоптрија од -8. , а почнав да носам наочари на 12 год. со диоптер -0.50. Сега се чувствувам и психички и финансиски подготвена за да ја направам оваа интервенција. Значи би сакала да знам поконкретно кој ја има направено овде во Мк, отприлика колку чини бидејќи читајќи на форумов овде е доста поскапо отколку на пр. во Турција. Па дали вреди да се оди до таму или веќе има со убави искуства оттука? Однапред фала за споделените искуства
веднас до свети лазар има турска очна болница талу бев за да ми го одредат диоптерот прасав и за ласерска и они гарантираа за враканје на видот ама цекам да наполнам 18 години ресена сум бидејки несам да носам наочари
Се извинувам но не го следам форумов често.. Пред операцијата имав диоптер 3,75 на двете очи а сега ми е 2.75. Но сега ги носам очилата најмногу за да не ги напрегам очите при читање и сл. активности.
Диоптрија Планирам да направам операција за отстранување на диоптрија па сакам да прашам некој дали има искуство и со која ординација
1000 евра ама по око, не за двете. Во Визија е 93000 ден а не 500 евра по око. И јас моментално разгледувам и барам каде би ја направила оваа операција, најверојатно мислев дека тоа ке биде Визија, но сеуште незнам, најсигурни ми се Св.Вид од Белград ама некако ми се поскапи. Ве молам ако некој има направено ваква операција нека го сподели искуството како можете да поверувате дека Иван лечи, да он лечи од све, па сте го слушнале ли на ТВ какви глупости треска
Имам слушнато дека моментално кај нас најдобра е Европската. Има ли некој некакво искуство за корекција на диоптер таму? Да не слушнал некој колку чини?
Јас се распрашував за оваа операција, и најдов една клиника од Србија (не се сеќавам во моментов на името) со долгогодишно искуство и кај нив цената беше 450 евра за двете очи. Е сега еден другар правеше ваква операција за враќање на диоптерот бидејќи тој носи наочари од 6 год. и му беше преку глава од нив, тој ја правеше операцијата во Турција и вика дека операцијата со постоперативен третман во болницата го чинела само 300 евра за двете очи иако мене ова не ми е верно.
И мене треба да ме прават операција на очи и тоа не за остранување на диоптрија туку да ми го сопрат растњето на диоптерот бев во евроспската очна клиника вчера и ми кажаа да одам на контрола за 6 месеци и некој турски доктор ке дошол да ме прегледа и да каже дали стварно мороа операција или не
Операцијата некаде отприлика е 1500 евра за двете очи, ама неодамна слушнав лошо искуство со настанато тотално слепило после операцијата. И јас сум во дилема, цело време мислев дека овде ка ја правам операцијата ама сега...