Стварно!? Од кај нив слепило? Иначе и јас имам слушано за такви искуства али обично биле од државна (не дека нема таму професионалци али..) или од некоја не ласерска корекција...е сеа се замислив...Инаку им вртам 2-3 дена веќе никој не се јавува..нз сигурно треба нешто преглед да ти напраат за да ти кажат дали си уопште кандидат за ваков зафат
Стварно!? Од кај нив слепило? Иначе и јас имам слушано за такви искуства али обично биле од државна (не дека нема таму професионалци али..) или од некоја не ласерска корекција...е сеа се замислив...Инаку им вртам 2-3 дена веќе никој не се јавува..нз сигурно треба нешто преглед да ти напраат за да ти кажат дали си уопште кандидат за ваков зафат :^ Да знам дека треба да се направи преглед и да кажат дали си добар кандидат, јас се јавував и ми рекоа дека прегледот е 1200 ден. Но од форумов гледам дека лугето се најзадоволни од клиники во Истамбул. Исто така и пријател оптичар ми го има кажано тоа а и друг човек со поззитивно искуство од таму. трошокот ке те фати исто толку колку и овде ама барем се навистина специјалисти. Јас лицно имам слуснато позитивно искуство и од Св.Вид Белград, ама се навистина скапи.
Би ве замолила да споделите ваши лични искуства или мислења за тоа во која болница е подобро да направат очни операции дали во Систина или во новата Европска очна болница. Мене би ми било од големо значење да ги слушнам вашите искуства бидејќи во иднина сакам да правам ласерска операција на диоптер.
Јас лично бев во Европска ошна болница, мислејки дека ке можам да направам ласерска операција, но се запрепастив кога ми кажаа дека имам кератоконус (ретка болест на очите) и ми препорачаа да правам една поинаква операција (радијална кератотомија се вика). Но јас секако сакав да слушнам и друго мислење и отидов во една друга приватна ординација, се вика Др-Ристовски (побарајте го на интернет Роберт Ристовски) и тој ми ја потврди болеста (иако е ординација не е болница) и ми рече дека тоа што ми го препорачаа во Европската е застарен метод на лечење на таа болест и не дава добри резултати. Дури и ми кажа каде во Белград можам да го направам тоа по пониска цена. Овој човек стварно е специјалист во својата област има специјализирано на Фјодоров во Москва. Јас отсега кај него ке одам на редовни контроли.
Ако не ти е тешко, врати се поназад на темава и ќе го прочиташ моето мислење за Европската очна болница. Професионалци во вистинска смисла на зборот, од доктори до персонал. Неможам лош збор да кажам
Есперанза освен тебе никој друг не слушнав со позитивно мислење за Европската очна болница. И јас бев таму но како што кажав и погоре ми препорачаа некој си стар метод на лечење на кератоконус што и не дава добри резултати, Јас правев полуоперативен третман во Белград во Милош Клиника, а таму се сретнав со луге од Битола со иста дијагноза кои исто така ниту малку не беа задоволни од Европската очна болница. За да ти ја дијагностицираат болеста во Европската да но никако и да ти ја лечат.
Баба ми е многу задоволна, правеше операција за отстранување на катаракта во Европска очна клиника. Баш таму виделе како некој млад човек се спремал за операција поради нарушен вид и ги прашал докторите што да прави со наочарите после операцијата (на смеа) и тие му рекле што сакаш можеш да си ги чуваш за спомен . Операцијата за корекција на вид траела околку 15 мин. И јас сакам да направам таков зафат, но искрено и мене ми е страв од самата помисла. Но, летово можеби ќе направам кога нема да имам за учење. Ако има некој нов со искуство нека пише
Па искрено, на форумов и јас не прочитав позитивно мислење. И баш се чудам зошто пациентите не се задоволни, кога јас лично слушам само пофални зборови од сите оние кои ете на некој начин преку мене закажале преглед или направиле интервенција. Не сакам да звучам како да им правам реклама тука, но ете навистина во мојот случај, работата перфектно си ја завршија и тоа е тоа. За цената не би коментирала, сумата навистина беше голема но вредеше. Но сепак нели, неможат сите да бидат задоволни, некој ќе си најде решение надвор од Македонија, во други клиники.Тоа и не е толку битно, она што е најбитно е здравјето и внатрешниот спокој на некој кој направил корекција како мојата, и секако, секој според сопствените можности.
Еве јас ќе ти одговорам од нејзино име, има правено операција за страбизам, што всушност и не е ласерска (како таа за диоптрија што се изведува со ласер). Јас откако го прочитав нејзиното мислење и искуство, се решив исто да направам операција на страбизам (го имав истиот проблем како нејзе) во Европската очна болница. Имам во план да напишам едно долго и опширно мислење за моето искуство, но сеуште нема поминато ни месец од операцијата. После прегледот што ми е закажан на 21ви месецов ќе одвојам време за повеќе информации, се надевам дека ќе му помогнам и јас на некој што го има овој проблем, како што ми помогна на мене Есперанза со нејзиното мислење на форумов
Да, корегирав страбизам на двете очи и се помина во најдобар ред. joanna90 незнаеш колку се израдував кога прочитав дека конечно си се оперирала. Ајде, брзо опоравување ти посакувам и чекам лп
Денес закажав преглед во Европската очна болница. Ќе видиме што ќе биде. Носам леќи и наочари цел живот, и тоа не баш мал диоптер. Преку глава ми е дојдено. Па се решив на операција. Wish me luck
jacqueline.s со лесно да ти помине операцијата и периодот после операцијата. Те молам кога ќе можеш пиши детално искуство. И јас сум и со леќи и со наочари од како знам за себе, кратковида сум и диоптерот неколку пати ми растеше. Заинтересирана сум, па ќе ми кажеш, како помина, кој лекар, колку чини. И најважно пред некој ден во неврзан муабет ми напомнаа демек ако направиш ласерска операција за корегирање на видот, понатаму на неколку години ќе мораш да ја повторуваш пак. И до крај ме збунија, таква работа немав слушнато.
Мене како што ми кажале, можеш да ја правиш само еднаш во животот. Пожелно е да имате родено деца бидејки во бременост се појачува диоптерот и џабе ако веќе сте направиле операција. Е сега колку чини и дали после операција ќе носите леќи, очила бидејќи намалуваат за 2,3 диоптера, ама нема да биде на 0. Мене ми советуваа во странство демек кај нас не се работи квалитетно за ласерска операција.
Кој сака да прави ласерска корекција на видот само во Свети Вид во Белград, Европска Болница и други наши очни болници можат само да се фалат ништо друго,а доколку сакате преглед и третман на очните заболувања од врвни стручнаци само во Свети Вид..