Па не би рекла дека во Европска болница само се фалат. Не е убаво да се рече само така, колку да се каже нешто. Другар ми го спасија од слепило, а камо ли пак рутински операции како мојаѕа. Јас сум слушнала за неуспешни операции од Свети Вид, и тоа од мои познаници лично, па пак не судам. Инаку во Европската болница, операциите се извршени од врвни доктори од Истамбул, т.е. истите оние кај кои порано многу македонци одеа во Турција за оваа работа, па решиле да отворат тука болница за да им се скратат маките и трошоците на македонските пациенти. А за стручност, уште одамна се знае дека турците се врв во офтамологијата во Европа, како што се германците за кардиологија итн итн. Ајде да го споделам моето искуство, ќе биде долго и многу информативно. Однапред се извинувам за долгиот пост. За почеток, мора да кажам дека самата операција е мноооооогу лесна. Трае кратко и потешко се поминува на забар отколку на ласерска операција. Јас бев готова за 10 минути - двете очи. Јас мислам тие почнуваат со операијата, а ти ми велат - готово едното око, ајде другото... оп готово, ај наздравје Предоперативно: Се закажува преглед во болницата, македонските доктори прават преглед на очите, и се разбира ако покажеш заинтересираност за ласер, те праќаат на специјален скен. Новите резултати, кои го даваат окото во целост, повторно ги разгледува докторот (докторка во мојот случај), и кажува дали очите се здрави и 'кандидати' за ласерска операција. Условите се: здрави очи, стабилен диоптер во последните 12 месеци, и возраст (знам дека на многу млади не прават заради тоа што може да се менува, или не знам што). Доколку ги исполнуваш условите, нашиот доктор те праќа кај турскиот доктор. Тој си прегледува самиотуште еднаш, и со преведувач (има сестри турчинки кои преведуваат што кажува тој и обратно, секоја им чест) објаснува каква е процедурата и дали има било какви прашања. После тоа се оди во администрација, тие информираат за цената (92 000 денари со вклучени прегледи после тоа). Толку е тој ден, можеш да се заминеш и да си закажеш по телефон кога ти одговара. Најчесто во четврток го прават ласерот. Исто така пред оперативно не смееш да носиш леќи барем 2-3 недели. Видови операции: Има два вида ласерска корекција: LASIK и PRK. LASIK е почесто употребена заради што е многу полесна за самиот пациент. Опоравувањето трае 24 часа. Значи и болките исчезнуваат за еден ден, и видот се стабилизира. Таа се прави така што се засекува и се превртува дел од рожницата, се делува со ласерот, па рожницата се враќа назад. Трае околу 20 минути и средено. PRK ја прават луѓе кои имаат природно потенка рожница. За да не се оштети окото при засекување на рожницата, тие со гребење го отстрануваат тој дел од рожницата целосно. Јас за жал бев една од тие луѓе. Операцијата како операција е многу пократка и полесна од претходната, меѓутоа нема опоравување за 24 часа. Треба доста време делот кој е отстранет од рожницата да се регенерира, и затоа се носат заштитни леки после тоа. Два дена после операцијата имав болки, повеќе како пецкање беше. Чувството во очите ми беше како да заглавила трепка во двете очи, и не излегува. Или како да сечеш кромид, константно. Видот е матен, ама сепак подобар од претходно, и ќе треба неколку недели да се стабилизира, и да бидеш око соколово - нели Како и да е, си гледам, ете си седам на компјутер цело време, гледам телевизија, немам мака, секој ден видот ми се подобрува. Матно е, ама има напредок. Барем за разлика од порано го читам преводот на телевизорот Имам контрола во петок, ќе видиме што ќе кажат. Инаку за двата вида операција се дадени 4 вида на капки кои мора да се ставаат редовно, како што ќе препише докторот. Оперцаиите, како и пост-оперативните прегледи се прават исклучиво од страна на турските доктори, многу стручно, и организирано Во глобала луѓето прават LASIK, освен некои малери како мене. Со LASIK за два дена -и се е на место. Како и да е, среќна сум од стручноста на докторите, и тоа што не ризикувале да ми прават LASIK. Сега за сега не се каам за ништо, се беше во најдобар ред, и се радувам на тоа што наскоро ќе можам да гледам чисто. Оваа операција е трајна, тоа е нејзината цел, меѓутоа доколку нешто не дај Боже се деси во иднина да се појави диоптер, тоа не е грешка на докторите, туку нашите очи се тврдоглави и сакаат да се ќори Толку од мене моментално, не знам што друго да кажам.
Јас имам 24, ама мислам дека над 18 или 20 е ОК. Јас препорачувам да одиш во болницата, и тие убаво ќе ти кажат. Самите тие одредуваат дали ги исполнуваш сите услови, затоа што не работат колку само да ги земат парите. Ако сметаат дека нема да биде успешно, или дека треба време, ќе ти кажат.
Па ми кажа очна докторка дека сега и да направам не ми врши работа. Немам родено деца, имам 27 и што понатаму кога пак ќе ми се зголеми диоптерот.
Спојлер Фала ти на деталните информации. Ама ова гребење, засекување, одстранување на рожница за мене звучи престрашно. Се надевам еден ден ќе соберам храброст. Инаку имам диоптер околу -3. Е сега раѓање на деца допрва ме чека. Се ми се чини дека никогаш нема да соберам храброст. Си викам што ако останам слепа.
Irena.1, знам дека страшно звучи, ама верувај ич не е. Ништо не се осеќа за време на операција. Јас дури си правев муабет со медицинските сестри. А за ослепување исто нема шанси. За раѓање, не е точно дека после пораѓај се враќа диоптријата. Ласерската операција го корегира окото, и го враќа окото во природната, или нормална состојба... онака како што имаат тие што никогаш немале диоптер. По таа логика значи, сите што раѓаат а имаат здраво око, без диоптер, после пороѓај ќе гледаат матно Докторите друго кажуваат, 6 месеци пред и после операција да нема пораѓај, бременост итн. И тоа не дека ако останеш трудна 4месеци после операција дека ќе се врати диоптријата, туку дека како правило пишува во книгите дека не треба, а немало случај кај што нешто такво се случило. Сепак, ми рекоа, ние сме должни да ја кажеме оваа информација, иако досега не се јавил некој таков случај. BTW, и дечко ми е доктор, и кога му спомнав за ова дека ете, се вели дека можело после пораѓај да се врати диоптерот, ми се изнасмеа. Ама ај јас за секој случај откако ќе се породам во иднина, ќе ви кажам како ми се очите
Па мене ми кажа очна лекарка дека ако сега направам ласерка, во бременост или на повозрасни години диоптерот пак ќе се појача и практично џабе сум правела операција. А јас имам -6,5 со -2,25 леќи. Така да колку и да симнат нема да ме дотераат на нула. А за -3, ич не се оптоварувајте за операција. Си има леќи.
Абе види, јас имав -3,5, па направив. Има леќи, носев, ама нели поентата на ласерот е ништо да не носиш. И можат да те дотераат на 0, верувај ми. Другар ми беше -10, сега гледа одлично иако тој си имаше и други компликации кој исто така му ги средија, пс мораа да му вградат и леќа плус. Како и да е, сега гледа одлично. Ако не ми веруваш, можам и контакт негов да ти дадам. Мојата поента на муабетот е: прашувајте повеќе луѓе!!! Јас порано прашував во државна болница кај што ми правеа редовен преглед, плукаа по ласерската. Не чини, по една година се враќа диоптерот, ова -она!!! Јас сепак се распрашував по разни доктори, читав за тоа, зборував со луѓе кои веќе направиле ваква операција, итн. Не решив туку така да дадам 1500 евра, ако има толку ризици, и е страшно, или штетно, или не е трајно. Затоа и сакав да споделам со вас, затоа што колку-толку искусив, и научив некои работи повеќе. Ако не ви се прави, тоа е веќе друга приказна, ама за тие што сакаат, и се заинтересирани, мој совет е - не се двоумете. Направете го првиот чекор, одете на преглед, ништо не губите, секоагаш можеш да отстапиш и да не правиш операција. Навистина се многу стручни доктори, и можам да гарантирам дека се истите оние од Турција, кај кои многу наши македонци одат дури и во Турција за оваа работа, поради нивната прочуеност и стручност. Технологијата им е на врвно ниво, сите машини и ласери, што е исто така многу битно. Тања, срце, ако не те мачат леќите и наочарите, убаво е да си ги носиш, јас не те убедувам ништо. Мене ми беше преку глава од нив. Скоро 20 години сум со помагала, и не можев повеќе. А ако ти е за тоа со бременоста, или големината на диоптерот, за тоа ич да не се секираш. Пак ќе ти речам, оди еднаш до Европската, прегледај се, па види тие што ќе ти кажат. Секогаш е добро да се слушнат повеќе мислења од доктори
Јас во Медика Плус ме тераше докторката, ме упатуваше на ласерска во Белград, и точно ми запиша кај кој доктор. Ама помислив да не е тоа заради профит. Да не зема некој процент бидејќи диоптерот зголемен, а таа нити очила, нити леќи ми препишуваше. И ја сменив, си отидов кај друг ми препиша леќи и задоволна сум. За понатаму здравје може ќе се одлучам за ласерска, ама ми кажа и овој доктор дека кај нас не се многу стручни и тој исто пациентка пред мене ја упатуваше во Истанбул.
Еден 'апдејт' за оние што ги интересира како е опоравувањето. Една недела по операцијата, докторот ми рече дека рожницата ми е заздравена, и можам да се вратам на секојдневните обврски: чистење, вежбање, миење коса, и се останато. Контрола по еден месец. За време на тој месец, видот треба да се опорави скроз. Инаку видот ми се подобрува, почнав да гледам многу почисто, сепак сеуште не е 100%. Сепак, гледам детали на згради, читам билборди и реклами, гледам ТВ без проблем, и преводот го читам чисто. Сега за сега сум задоволна, ќе видиме како ќе биде. Само да одговорам на Тања, вели : ''ми кажа и овој доктор дека кај нас не се многу стручни и тој исто пациентка пред мене ја упатуваше во Истанбул.'' Точно е дека тие во Истамбул се најдобри, затоа и напоменав во другите постови, болницата е турска, и ја отворија кај нас затоа што имапе многу македонци што одеа таму. Докторите се турци од Истамбул. Не сакам да се повторувм по сто пати. Ама не сакам ни да убедувам некој (нити процент ми даваат ако ве убедам, нити ништо, хаха), само сакам на тие што се двоумат или сакаат да научат нешто повеќе за сето ова да им биде појасно. Знам како е да се има потреба од помагала, затоа сакам да помогнам.
да се размрда малку темава... Тие што сте правеле со LASIK, за колку време видот ви се опорави, комплетно? Значи без замаглување,пецкање и сл? И после колку време почнавте со шминка на очи? Знам дека сенка може после недела, а маскара,туш и останато?
Ајде ве молам кажете искуства со European Eye hospital - турскава очна болница во Скопје што е! Сериозно размислувам за операција на очиве за корекција на диоптерот (имам доста голем диоптер -8.50 и многу би ми значелоо да прочитам и други мислења за болницава. Фала многу!
Татко ми беше таму и направи ласерски операции и на двете очи. Задоволен е, многу повеќе гледа од претходно, пак има диоптер но мал Исто и мајка му на другарка се направи операција таму но за очен притисок и нејзината операција беше успешна па се беше во ред Се надевам дека и со тебе ќе биди така ако се решиш да одш кај нив поздрав
Мене видот ми е над -2 и мнооогу ми е слаб ама јас будала мислам дека сум грда со наочари и воопшто не ги носам, ги носам само кога ќе треба да читам нешто од табла или да видам некој какви мимики ми прави пошто ја гледам дека има табла ама ми изгледа како да е празна а кога ќе ги ставам наочарите таа цела испопишана или гледам само како празно лице без очи, уста, нос, дома си ги носам цело време, но несакам повеќе да ги носам многу сум тажна и разочарана и може некој да ми даде некој совет освен ласерска операција нешто за да ми се намали диоптерот барем до -1 да ми дојде навистина бидејки за жива глава не сакам да ги носам надвор 100 пати до сега ќе ме прегазело кола или ќе ме мавнел некој. Воопшто неможам да ги видам опасностите околу мене, какко слепине луѓе се чувствувам без наочари, како инвалид и мразам што сум зависна од очилата. Ве молам дадете ми некој совет ми се плаче.
Мене ми е поголем од твојот, ама чаре нема. Леќи си земав, зошто иста бев ко тебе не сакав наочари и сега супер ми е. Земи леќи и после 18 години ласерска операција и готово.
Да се наплаќа. Јас кога бев ми наплатија 1200 денари за преглед за одредување на диоптер и уште 1200 денари за скенирање на окото за да можат да проверат дали можам да правам ласерска операција. Се плаќаш однапред и после одиш на прегледите.
Ау многу ова. Јас одам на очно веќе неколку месеци пробувајќи да најдеме решение за очите, ама неуспешно. Незнам како да ја опишам состојбата, но на моменти ми се замаглува видот, не можам да гледам чисто и морам да го протријам окото зашто имам чувство дека имам трепка внатре. Пробував со 3 различни вида на капки и од сите 3 ненормално ме печеа очите Не е до диоптер, тоа имам испитано Некоја феминка со сличен проблем? Или барем препорачајте доктор каде да се обратам за второ мислење?
Сакам да охрабрам,сите што имате проблем со очите да одите во Европската Очна клиника Ѓорче Петров Искуството на мојот сопруг е СУПЕР...Се оперира минатата година во декември и одлично помина,вика дека е прероден.Дијагнозата беше астагматизам, а диоптерот му беше -6 и -8. Презадоволен е!