Ако е навистина така како што велите, дека вашиот сопруг се оперирал со астигматизам со +8 и нешто и +6 и нешто, сега корнеата (рожницата) му е деформирана толку многу, што визијата сигурно не му е добра!
Па не се жали дека има некој проблем.Сега диоптријата му е +075,тоа што беше +8 а другото му е скоро на 0
Јас имам одлично искуство во Турција. Диоптријата ми ја донесоа до 0 од -2,75 на двете очи. Се правев во клиниката EyeStar Lasik. Првата клиника во Истанбул што ја има направено ласерската корекција и е специјализирана само за ласерска корекција на диоптрија и не работат други очни болести. http://www.lasikinistanbul.com/. До ден денес немам никакви мкомпликации и гледам перфектно!
Извинете ме интересира мене лично Вашето искуство сигурно сте истражувале доста. Јас истотака имам и цилиндер на левото око. Како се Вашите лични искуства ?
@zmaj333 кажи ми како може да се закаже преглед? По e-mail, телефонски ? Ако може да ми кажеш и како иде околу плаќањето .... фала ти
Dobar den na site, dali ke moze nekoj da mi ja bjasni celata procedura za operativniot zafat ...od prviot pregled, kolku trae samata operacija,kolku vreme trae da se oporavis ... bilo koj sto veke napravil zafat. vi blagodaram
значи моето лично искуство не беше со цилиндар јас имав само диоптрија минус, но со сигурност можам да ти кажам дека астигматизмот или како што го викаат и цилиндер се лекува со ласерска корекција. Само не треба да ти е многу висок. Пр. најдобро е да е до -+6.
Процедурата без прегледот, (кој е задолжителен и пресуден дали вашите очи се погодни за ласер трае 2 часа),а самата ласерска корекција трае на око околу 2 мин, односно работата на ласерот од 30-60 секунди по око, или колку е помала диоптријата толку помалку време работи ласерот. Болка воопшто не се чувствува, освен краток притисок во задниот дел на главата, барем јас така почувствував додека работи ласерот околу 30-40-50 секунди.
Jas malce istrazuvav.. i osven Evropska bolnica i Sistina ima i edna turska.. eve link http://www.laserskakorekcija.com/ i tuka mozes da zakazesh pregled. I kako sto procitav imaat poveke od 30 godini iskustvo i prvi pocnale so laserska korekcija vo Turcija. Imaat paket cena 1200 evra za tretman na dvete oci i tamu pisuva drugo sto vklucuva cenata, mozes da si procitas da ne pisuvam referati tuka
Процедурата започнува со тоа што најпрвин треба да си сигурен дали си соодветен кандидат за таа операција. Има општо познато неколку параметри во кои треба да се движиш. пр. Најважно е да немаш други очни болести освен рефракциската грешка или диоптрија во минус и плус. Значи доклоку имаш миопиа, хиперопиа, астигматизам и тоа не многу високи, секогаш е полесно. Јас тоа го утврдив откако им пратив на болницата во Турција лекарски извештај од офтамолог. Тие го проверија и ми рекоа дека се позитивни резултатите и може да се корегира... Те молам кажи ми " јојаск" колку ти е диоптријата пред да продолжам да пишувам, бидејќи болницата во која се оперирав е специјализирана само за ласерска корекција на кратковидност, далековидност и астигматизам,.. па ќе ти ја казжам целата процедура
Ви благодарам многу на одговорите на сите. Незнаев дека форумите од ваков ти се доста полезни. Бидејќи сум малко во години и ова го сметав за млади. Но сепак добив доста корисни информации.
Imam -3.75 na levoto i -4.00 na desnoto oko, cilindar.Drugo nesto, barem za sega, mi nemaat kazano deka imam na ocite.
Значи вака доколку немате други очни болести и секако годините Ви се помалку од 50, Вие сте потенцијален кандидат за ласерска корекција. Кај мене беше помала диоптријата исто во минус, но ми рекоа дека последно одобрување и пристапување кон операција ќе биде штом ми направат преглед и испитувања во самата клиника. Бидејќи бев веќе цврсто решена, резервирав лет за Истанбул и заминав. На аеродром ме чекаше одговорно лице од болницата за трасфери. ПО пристигнувањето ме однесоа во хотел кој исто како и трансферот беше вклучен во цената од 1200 еур.На две мин. од хотелот на самиот полоштад Таксим беше и клиниката EyeSTAR Lasik. Отидовме веднаш по сместувањето во хотел и испитувањата започнаа.Ми беше направена, топографија, томографија, ми измерија дебелкина на рожница, капки за ширење на зеници...очно дно да нема некои болести што ни јас самата не би ги знаела ...и накрај се утврди дека сум соодветна по сите направени параметри. Процедурата започна со чистење на очите и потоа влез во операциона сала. Ласерот со кој работи клиниката е најновата и најнапредна технологија во цел свет.Откако легнав веднаш докторот започна со инструкции кои јас ги следев. Откако ми ги ставија капките за локална анестезија,на десното око ми беше ставена заштитна фолија и со вакум ми беше фиксирано окото да не мрда. Инструкцијата на док. беше да гледам во зелената точка и да го контролирам окото да не мрда и ласерот започна да работи. Тоа траеше околу 30-40 секунди и за кратко се почувствував непријатно, но не болка.Веднаш потоа и левото око ми беше направено по иста постапка.. и тоа траеше исто толку кратко и безболно. Ми ги преврзаа очите и требаше да легнам во друга сала со специјални хепа филтри за релаксирање и стабилизирање на мојата состојба. После 15мин. веќе требаше да заминеме од болницата во хотел и ни дадоа инструкции да мируваме или да се обидеме да заспиеме.Очите после операцијата ме пецкаа и ми прешеше светлината и имав чувство на песок во очи , но светла точка кај мене беше што видов дека гледам, но несакав да се напрегам. Следното утро кога се разбудив бев фрапирана дека гледам јасно и остро на далечина. Пак отидов до клиниката за пост-оперативни испитувања и се беше во ред. Но најважно од се беше дека јас се чувствував одлично и гледав. Во цената имаше и екскурзија, па со останатите пациенти заминавме на прошетка низ Истанбул и возење на Босфор. Летот ми беше во 19,30 така да успеав да стигнам и на аеродром пак со нивниот трансфер. По враќањето имав медикаменти кои требаше да ги ставам по шема, секако и тие беа вклучени во цената и ми ги дадоа од клиниката.Околу еден месец после операцијата ги ставав сите капки( кортокостероиди, антибиотик и вештачки солзи) за побрзо закрепнување, но тоа не ми прешеше да се вратам на работа 5 ден од операцијата. Така да острината на видот ми беше фасцинантна уште првиот ден, само требаше да внимавам да не се повредам од механички повреди, да не се капам во мориња, езера, да не спортувам првиот месец. Имав инструкции за кои бев многу дисциплинирана, сепак за око се работи. И еве до ден денес скоро 4 години немам никакви компликации. Поради доживотната гаранција која исто така е во цената, можеш да одиш кога сакаш кај нив на преглед, и јас за тие 4 год. имам отидено 2 пати и се е бесплатно. Испитувањата се истите детални двочасовни како и пред операциајата и сите се многу професионални. Клиниката работи по многу високи стандарди и секој пациент таму се третира ВИП. Можам слободно да кажам дека ако не сте погоден ве враќаат, значи битни им се резултатите кај пациентот и неговото задоволство.Не се како другите клиники фабрики за пари! Ако имаш уште прашања, повели ЈОЈАСК
@zmaj333, може ли веднаш да почнеш да работиш на компјутер после операцијата, или советуваат помалку пред екран? Зборувам за 10-12 часа дневно.
од болницата советуваат секој да си земе боловање 3-5-7 дена после операцијата, поради на периоди замаглување на видот, лесно пецкање, односно адаптирање на новата состојба. Јас лично после 5 ден почнав да работам на компјутер, секако дека не 10-12 часа.Чисто за споредба, мој пријател кој се оперираше исто во EyeStar Lasik Истанбул, се врати возејќи со сопствено возило 3 ден од операцијата. На крај се се сведува и на индивидуалното чувство. Рефракциската грешка или диоптријата се корегира на самиот зафат и главната работа е завршена, останатото е да се чува окото, бидејќи колку и да е лесен зафатот сепак мора да се внимава!