Благодарам на информациите, ќе ги имам на ум ,али сеуште не се чувствувам 100 % сигурна да легнам под ласерот.Имам разговарано со лица кои ја направиле операцијата али со значително помали диоптрии и кај сите е успешна. Мојата диоптрија е значително повисока -6 и -7, дури и немам направено во скоро време преглед. Сега собирам информации, поздрав
Добар ден на сите јас малко сношти истражував по интернет и најдов некој податоци за EyeStar Lasik Истанбул во соработка со Атлантис агенцијата. За агенцијата имам доста слушано па се изненадив за тоа. Има ли некој повеќе информации. Ви благодарам
Добро уште колку профили ќе отвориш за да ја фалиш клиниката и агенцијата? Лоша, лоша, лоша маркетинг стратегија. Доволно беше еднаш. Повеќе ме одврати отколку што ме убеди да ја направам таму.
Aj uste ova i nema veke da zamaram... Sto ako se utvrdi deka ne sum za operacija na samiot pregled? Nema nekoja dopolnitela sigurnost pred da se odlucam dali da odam do Istanbul ili ne?
Прв пат слушам дека е одвратно да сакаш да помогнеш на некој!!! На крај краева затоа сме тука, да споделуваме мислења и да си помагаме! Ама не сме сите исти! Чувствувај се одвратно, не ми смета! Life's most persistent and urgent question is "What are you doing for others"?
Значи ни јас не тргнав така слепо за Истанбул, најпрвин ги испратив резултатите од лекар, што ги направив тука и од клиниката во Истанбул ми вратија дека резултатите ми се во параметрите за соодветен кандидат, но нај сигурно ќе ми кажат откако ќе ми направат преглед во нивната клиника. Ако излезе дека не сте соодветна и тоа е за ваше добро,подобро да не во прават ништо отколку да ви ги деформират очите, значи ќе си платите само преглед.
Трол си или да? http://www.makedonski.info/search/одвраќа?position=undefined&where=undefined - под точка 3.
Многу баналноод твоја страна!!! Со секој пост си го потврдуваш горе кажаното! Негативна си до коска!Штета! Life's most persistent and urgent question is "What are you doing for others"? - Еве прочитај пак, можеби ќе сватиш.
Ајде @zmaj333 штом си толку упатен и сакаш да помогнеш да ми одговориш на неколку прашања : 1. Кога и каде се плаќа? Тука во Атлантис, или директно таму во клиниката ? 2. Како изгледа таа писмена доживотна гаранција и кој ја потпишува? 3. Таму комуникацијата со турските доктори и медицински персонал како се одвива, има преведувач, на англиски.. ? 4. Дали во тој пакет е вклучен превоз и ноќевање само за тој што прави операција? Зашто сигурно никој нема да иде сам на операција на очи, мора најмалку уште еден да иде со тебе, за пратњата се доплаќа плус, како иде тоа? 5. Викаш после си бил на 2 прегледи низ текот на годините, бесплатни биле.. Прегледот е бесплатен ок, а патот претпоставувам сам го плаќаш?
Можам само да го споделам моето искуство и нормално би била среќна ако му дадам на некој поттик или охрабрување да го направи истото...бидејќи не се опишува со зборови, какво е чувството да прогледаш со сопствените очи, без секаккви оптички помагала!!! 1. Кога и каде се плаќа? Тука во Атлантис, или директно таму во клиниката ? - Атлантис се ексклузивни претставници на клиникита EyeStar Lasik во Македонија. Плаќањето се врши во клиниката, само закажувањето на термини оди преку Атлантис. 2. Како изгледа таа писмена доживотна гаранција и кој ја потпишува? - Доживотната гаранција претставува највисок стандард на нега за пациентите, откако ќе си заминат од клиниката.Ми објаснија дека е посветеност, ветување, грижа и индивидуално внимание доживотно за секој пациент на клиниката и кога и да посакам можам да дојдам и да направам бесплатни преглед или волучај да излезе некоја копликација, ветуваат дека ќе обезбедат повторно бесплатно лекување со најдобар можен резултат. а ќе се согласите ретко која клиника бесплатно би ве прегледала а да не зборувам лекувала.Барем јас не сум била во таква. 3. Таму комуникацијата со турските доктори и медицински персонал како се одвива, има преведувач, на англиски.. ? - Комуникацијата се одвива на англиски, а јас кога бев имаше медицинска сестра која добро зборуваше македонски и бугарски. 4. Дали во тој пакет е вклучен превоз и ноќевање само за тој што прави операција? Зашто сигурно никој нема да иде сам на операција на очи, мора најмалку уште еден да иде со тебе, за пратњата се доплаќа плус, како иде тоа? - Во пакетот не беше вклучен превоз, а ноќевање беше вклучено во цена. Јас отидов со група од луге, кои исто се правеа и не ми требаше придружба. Не виакам дека не е добро со придружба, најмногу заради морална поддршка, но преку целото време, од пристигнување во Истанбул, т.е на аеродром ве чека возило со одговорно лице кое ве сместува во хотел, па ве носи во клиниката, преглед, операција, пак ве носи назад во хотел. Потоа се препорачува да се спие цела ноќ, и веќе другиот ден само одиш до клиниката повторно да те прегледаат и пак ве носат на аеродром. Се е толку добро организирано и постојано сте пшод нивна заштита. Евентуално,ако сакате со придружба се плаќа само 10еур од ноќ за двокреветна соба, наместо еднокреветна која е во цената. 5. Викаш после си бил на 2 прегледи низ текот на годините, бесплатни биле.. Прегледот е бесплатен ок, а патот претпоставувам сам го плаќаш? - Патот сам си го плаќаш,а прегледите се бесплатн кога и колку пати и да посакаш и навистина те третираат како нивни пациент.
@zmaj333 Фала на одговори, и да се извинам што во претходниот пост ти се обраќав во машки род, некако никот ме асоцираше на машко. Се е супер, само уште едно нешто ме интересира. Превозот е со авион така? Бидејќи истражувам доста на оваа тема периодов, на едно место прочитав дека по правење ласерска операција на очи се препорачува избегнување летање со авион во првите месец дена ради х фактори, а ова малтене само што ти напраиле операција одма се качуваш во авион. Ти претпоставувам немаше никакви проблеми, така? Фала уште еднаш
За превоз можеш да избереш и автобус, но нема потреба да се малтретираш 12-13 саати, кога одиш за операција. Јас немам прочитано такво нешто, а и нема никаква опасност, освен што ми текнува едно нешто, воздухот дека е по сув во авионите, но затоа од болницата ти даваат вештачки солзи за навлажнување на очите. Јас после операцијата се чувствував супер, бев на екскурзија на Босфор и имав вечерен лет за назад.Единствено што малку ми сметаше имав капки на секои два часа да ставам, но тоа мора, за побрзо заздравување на розжницата. Поздрав
Ви ги прочитав муабетите на сите. Порано беше доста популарна ласерската операција и чинеше премногу. Сега е подостапна и на оние кои навистина сакаат тоа да го направат е подостапно како локациски така и финансиски. Јас викендот малку истражував и се распрашав за клиниките кои беа овде спомнати. Eye Star Lasik имат доста големо искуство, бев и во Атлантис агенцијата ова го работат уште од 2008 година и ми рекоа доколку сакам да ми договорат кафе средба со некој кој преку нив е бил на операција. Бев и во Европска очна болница и таму ми дадоа информации. Сега се на ред прегледите од моја страна и спраќање на анализи.
Уште еден профил за рекламирање на Атлантис и Хербалајф. Го отрувте форумов. Значи доволно беше еднаш. И јас се заинтересирав после првиот коментар и бев готова да уплаќам. Со ваква агресивна кампања ништо не правите. Не знам како може да мислите дека сме толку глупави.
Извини г-ѓо или г-це Секој си има свое право на мислење. Јас сум г-ѓа во години и мене не ме интересира којшто како лично сум навредена од тебе, имам проблем кој навистина сакам да го решам. Не е лесно да легнеш под ласер. Но ако сакаш да се увериш во тоа што пишувам пиши ми приватно детално ќе ти објаснам која сум јас, па можеби ќе станеме и пријатели. Почитувај го сечиј збор и биди достојна за годините зад кои стоиш.
Едно нешто ме мачи во однос на операцијата во странство.. Јас се договарам со клиниката термин се, и идам јас таму и испаѓа дека сум непогоден кандидат за операција. И што правиме?? @zmaj333 Бидејќи со болниците од Истамбул или Белград нема како да ти направат проверка пред да отидеш таму на лице место, и страв ми е да не испадне работава пошто зошто чим си веќе тука.. И не сум во дилема, него трилема.. Каде? : 1. Систина 2. Свети Вид - Белград 3. EyeSTAR LASIK Institute - Истанбул Со цените се сите тука негде, прашувам за квалитет. И ме интересира ако не дај Боже, во тие 1% шанси што ги има да се поврати диоптерот, после операцијата може да носиш леќи некогаш пак или ќе си осуден на наочари?? Може досаѓам, ама милион прашања ми се мотаат во глава, и сакам за се да се информирам пред да решам било што. Ве молам само искрени совети, искуства и мислења, никако рекламно промовирање, бидејќи не се работи за коса па да порасне, не е козметички третман, не е декоративна козметика, се работи за здравје. Благодарам