1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Латас го повикува Фрчкоски на двобој

Дискусија во 'Политика и настани' започната од vodnicka1, 8 март 2011.

  1. vodnicka1

    vodnicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    35
    Драган Павловиќ - Латас јавно му закажува тепачка на професорот Фрчковски на денот на изборите. Уредникот на „Сител“ и „Вечер“ е подготвен да му го смени личниот опис на професорот, лут поради изјавите дадени во интервјуто за А1, во кои препознал закана по неговото гласачко право.
    [​IMG]


    „Еве, јас лично на хермафродитот со женска фризура му порачувам: Јас гласам во гимназија „Јосип Броз Тито", околу 12 на пладне. Дојди ти лично да ме запреш во моето основно политичко право. Да ми го земеш правото на гласање.

    [​IMG]

    - Дојди јас да те решам лично и персонално. Како што секој демократ ги решава оние кои му се закануваат дека ќе му оневозможат да гласа на избори. Како што ги решаваат по Либии, Каира и Туниси таквите како тебе што не даваат човек да гласа, кога законот му дава право, и според своја воља. Дојди јас да те решам, по што ни Бране нема да те препознае. Ќе ти треба премиум лиценца на фотошоп да те вратат во нормална фотокондиција“, му порачува Павловиќ на Фрчкоски во својата колумна.

    Слични пораки завиени само во политичка реторика, на Фрчкоски и на целата опозиција од партиската говорница им испрати и министерката Јанкулоска.

    „При секаков обид за изборни попречувања, тука нема да има дилеми - ниту кај нас, ниту кај народот. Институциите имаат капацитет да се справат со секаков предизвик. Институциите ја бранат демократијата по секоја цена, бескомпромисно и ревносно“, вели Гордана Јанкулоска, министер за внатрешни работи.

    Претседателот Иванов пак на политичките противници им одреди и дијагноза.

    „Во последно време слушам некои лица со помрачени умови продуцираат мрачни сценарија за избори“, рече претседателот Иванов.

    Фрчкоски во саботата во интервју за А1, оцени дека доколку власта оди на избори без опозиција, тоа може да предизвика жестоки реакции кај нејзините приврзаници.


    Љубомир Фрчкоски

    Изборите се иницијатива на СДСМ, тој не може да ги бојкотира на начин на кој ќе седи дома, во папучи и ќе гледа дека ќе гласаат без него. Тоа не може да се случи. Јас мислам дека судир, протести ќе се случат на денот на изборите. Бојкотот ќе се претвори во вистински бојкот на изборите како такви“, вели универзитетскиот професор, Љубомир Фрчкоски.

    Останува нејасно, зошто доколку Иванов и Јанкулоска навистина оценуваат дека земјата е пред сериозна закана од дестабилизација, се уште не свикуваат седница на Националниот совет за безбедност.

    Со тоа оставаат простор нивните изјави да бидат протолкувани дека се дадени само во функција на предизборната политичка битка.

    Што е ова што ни се случува во земјава??????
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Па еве моментално оди реклама за психолошо советување за секој родител со насилно и невоспитано дете...
    Ова дете,заедно со неговите родители од владеачката партија,сместа на психолошко советување.Молим лепо!
     
    На NelChe, nesa, lolyta777 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. vodnicka1

    vodnicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    35
    Искрено се срамам светов што се гледа , и што се правиме ние во државава. А дане го споменувам писмото од почитуваните новинари до европратеникот Талер :x
     
    На Βικτωρία му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Да се чудиш: дали особиве се културни и образувани академски граѓани или се типични сељаци желни за публицитет?!

    Особено за заканувачов важи, што не гледа подалеку од целите на партијата. Да ми е сила ко што ми е памет, би го забранила со закон. Фала лепо!
     
  5. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Дојди јас да те решам, по што ни Бране нема да те препознае. Ќе ти треба премиум лиценца на фотошоп да те вратат во нормална фотокондиција“, му порачува Павловиќ на Фрчкоски во својата колумна.
    посебно се изненадувам поради умешноста на говор.како смислил што да напише свак му част,мене нема да ми текне.а овој ги везе зборовиве едно по друго,кој талент човече :!:
     
  6. vodnicka1

    vodnicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    35
    Ама за писмото Талер убаво им вратил на сите им одржал предавање и што требале да прочитаат. Кога читав се смеев еве дел

    Талер ги повикува петтемина на отворено соочување и дебата.

    На писмото на Латас, Мирка, Миленко и компанија, европратеникот денеска одговори смирено и со факти, потсетувајќи на неколку основни принципи.

    Талер: Лектира за Мирка, Латас и Миленко

    „Вашето писмо отвора многу прашања“, пишува Талер.

    „Легитимно е да се запрашаме зошто една група независни новинари би имала потреба да испраќа писмо со толку политизирана и идеолошка содржина до пратениците во ЕП.

    - Новинарите и уредниците имаат задача да се осигураат дека новинарските професионални стандарди се почитуваат“.

    Во писмото во кое петтемина странците ги нарекуваат непријатели на Македонија потсеќа на некои други времиња, вели Талер.

    „Во минатото некои режими биле многу инвентивни во постојаното измислување внатрешни и надворешни непријатели на државата. Успешните демократии се способни да разговараат за проблемите додека авторитарните режими имаат постојана потреба да ги истакнуваат своите „успеси“. Се надевам дека Македонија нема да тргне по тој пат“, им пишува Талер.

    Тој потоа им одржува куса лекција за тоа што значи членство во ЕУ, како функционира оваа организација и потсетува дека процесот на зачленување во Унијата се темели на низа договори и документи кои се достапни и транспарентни.

    Тој се согласува дека работата на дипломатите може да биде предмет на критика. Но не и да се нарекуваат „непријатели на Македонија“.

    Известувачот за Македонија понатаму пишува и за неколку непријатни искуства што ги имал со некои медиуми во земјата кои погрешно ги пренесувале неговите изјави.

    За крај, Талер на петтемина потписници на невкусното писмо им препорачува да се фатат за книга и да ја прочитаат „Злосторство во 19.30“ , „балканските медиуми во војна и во мир“ на Кемал Курспахиќ која „елоквентно образложува, колку катастрофална улога може да одигра „активистичкото новинарство“ во едно општество“.
     
  7. BV87

    BV87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    81
    Јас иаку не сум партиски определена и политички незаинтересирана, ама овие од СДСМ не се баш со сите :D Прво сакаа избори, ќе оделе на предвремени избори а сега ако има избори ќе ги бојкотираат!? Ако може некој ова да ми го објасни :|
     
    На slobodka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. vodnicka1

    vodnicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    35
    Они сакаат и сега мислам само бараат одредени услови да се исполнат кои ке гарантираат фер и демократски избори
     
  9. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Абе срамота и ние се нарекуваме ДРЖАВА ??? Во кое време живееме? Луѓето по светот почнаа плацови на месечината да купуваат,а кај нас сеуште со ќотек се заплашуваат
     
    На peperutkaa и vodnicka1 им се допаѓа ова.
  10. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Партиски мегафон, само за тоа го бива.
    Само не ми е јасно зошто институциите молчат. Кога беа претседателските избори Латас јавно во емисијата на Јанко(Јади бурек) упати јавни закани дека со пиштол ќе го решел Фрчковски. Јавни закани на телевизија и сите молчат. После едно време почнаа да вадат податоци дека бил кодош, и типот доби експресно подтврда од МВР дека не бил кодош. Да, да, само Латас и Чак Норис можат да добиат таква потврда од МВР за 24 часа. А сите други ќе се лустрираат. Сега еве пак јавна закана и повикување на насилство. Незнам кај ќе му биде крајот кога ќе се смени власта. А поради таквите како него, едвај чекам да се смени.
     
    На esperanca и lolyta777 им се допаѓа ова.
  11. vodnicka1

    vodnicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    35
    Да си жива и здрава. А плус кај се видело потврда од МВР дека не си шпиун??????????
     
  12. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    Боже сачувај што се не шете по Мк посебно по нашата ни такозвана власт и опозиција...
     
  13. DivineChaos

    DivineChaos Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    60
    Оф циркусот почна.
    Ова е само за занимавање на народот, препукување кое не е достојно да се следи . Поентата на вакви понуди за дуели, прекувања е обична дистракција, чисто информативно Бранко беше тој што лично и персонално стапна на истрагата за Окта и Национална платежна картичка со која можеше да биде уапсен Груевски. Груевски сега ако сака може легитимна истрага да спроведе и да го уапси исто така Бранко. Реалноста е поинаква овие нервози и препукувања се случуваат баш кога цените ненормално рипаат до невидени височини, нафтата е поскапа и од 2008 кога нафтата стигна фамозните 147 долари барел а сега е 110. Нормално ќе гледаат да го држат во лажна надеж дека изборите утре, задутре ќе сменат нешто, ќе го занимаваат со скандали и препукувања како мали деца ( искрено вака не се карам ни со комшиите ) и тепачки по улици.

    Колку повисоки цените на храната и поголема сиромаштија толку поголем циркузот. Препорака земете си пуканки и уживајте .
     
  14. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Не се секирајте за Фрле бре, не ти излегува тој пред Латас. Нели не излегува на избори, па на безбедно е. Башка Тој е на релација А1-дома- кај би се сретнал со Латас??? :D :D :D
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Вику,сакаш да кажеш дека поддржуваш насилство?!
     
  16. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Не! Само се смеам! Нели ми ги гледаш самјлите! А и да е така Фрле прв ни се закани, на сите.

    Ај малку сериозно- да бидам појасна: Фрчко е долго време во политика, имал поприлично сериозни функции. Професор е на правен- не на било кој факултет туку на правен. Него итоа како зборот му е основна алатка и орудие- како политичар професор и правник- не можам да му ги опростам оние зборови- никако. Барем луге со таков профил не би требало да ги користат зборовите на таков начин. Не ми паѓа на памет да помислам дека на несакање, или од брзање и од немарливост ги кажал-премногу е искусен за тоа. Тогаш???
    Ти како гледаш на тие зборови??? (пази Фрчко Е некој фактор во политиката, па кандидат за претседател ни беше, а Латас- тој е новинар. Од него не зависи многу во државава, а и од секогаш бил саркастичен и незгоден на збор. Ама Латас е „слободен уметник“(да речам) не е ФАКТОР. Сакаш го читаш или слушаш-сакаш не- не ти мења ништо!
     
    На BV87 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Што кажа Фрчко,што толку го изиритира Латас за да се најде лично повикан?!Јас го гледав интервјуто,беше во негов стил и не кажа ништо кое е погрешно,а она што го збореше горе-доле беше субјективен став и беше во такво својство,а башка што веќе и не игра некоја конкретна улога,освен професор на факултет,но во ред,веќе тука гледам други интереси.
    Новинарите се седма сила,чисто за потсетување,што значи и не се така мал фактор.А друго е што Латас користи уличарски јазик,друго е што ги изруга и Нато и Еу амбасадорите.Освен него,јас не видов друга будала да се излета,ниту пак обичниот граѓанин да се почувствува засегнат било како.Што,Фрчко лично да не направи своја полиција,своја армија,па да не спречи да гласаме?!Како ќе го изведе тоа?!Зошто параноја и зошто такви глупости за да се тргне вниманието од поважни работи?!
    А друго,претседателот кој е најважна фигура (дали?!),кој се откажува од сопственото членство во партијата и е претседател на сите,кој е врховен командант,си дозволи да каже дека мантни умови ја прават политиката.Министерката за внатрешни,рече дека ќе има крв до колена...Кво вадис Македонијо?!
    За тебе тоа е занемарливо?!

    Вику...биди реална.
    Шилото ќе боде,ќе боде,ама ќе го најде дупчето и ќе излезе вистината на виделина! :D
     
    На esperanca, anima, Phyramide и 2 други им се допаѓа ова.
  18. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Види, за Латас има кој го плаќа и кој да му контролира зборовите, јас не сум таа. Неговите зборови од неговата глава ќе се удрат-воопшто не ме интересира. Она што мене ми е малку чудно -колку лесно му простуваме(те) на Фрчко за овие зборови, на Шекеринска дека оваа власт ќе падне и тоа нема да е на демократски начин, на Заев дека живи луѓе ќе јаде.... абе дајте осудете ги еднаш и нив, па да си речам дека зборуваме од друга освен обоена перспектива. Па луѓево ни се фактори во државава! Па и ненамерни грешки да се -многу се!
     
    На slobodka и BV87 им се допаѓа ова.
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Кратко и јасно...Латас е психијатриски случај!
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    Од Латас и не очекувам нешто поинакво..Што може да се очекува од еден патетичен машки примерок што си го рекламира либидото секоја укажана прилика, моја претпоставка - тоа го прави поради комплекс предизвикан од сексуална дисфункција...
    Мислам..Типот е женет, швалерка му е онаа НЕВЕРОЈАТНО ОДВРАТНАТА водителка на вести на сител која не заслужува името да и го знам, и јавно на тв си кажува човекот дека си е*е кога стигне... А ќерка му не е у дубак туку е 20 и кусур годишна девојка која го гледа тоа и го слуша...
    Мислам..шта речи?
    Човеков е колтерален промашај...
    Смешка...
     
    На peperutkaa, anima, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.