Јас би ти рекла да не веруваш во се што ќе слушнеш. Јас кога студирав имаше триста приказни за некои професори, демек не пуштале ако претходно не си паѓал по 5-6 пати, демек Пеливанов фрлал индекси низ прозорец и кажувал кога овој инедкс ќе се врати, тогаш ќе положиш, па некоја чистачка случајно чистела долу и го видела индексот па го вратила кај Пеливанов во канцеларијата Ееее студентски приказни, им нема крај. Секоја година некој измислува по нешто и тоа се пренесува од генерација на генерација, па се филува од секоја наредна генерација по малку, така одат тие работи. И ова за Фрчко(или било кој друг) дека му играле, сигурно е плод на некој болен ум, кој најверојатно неможел да го положи испитот кај Фрчковски, а знаеме дека се смета за поприлично тежок испит, па си направил приказна во стилот ,, фрчко не ме пушта, оти сум му многу убава и сакал да ме гледа повеќе сесии, а ми бара и да му играм за да ме пушти,,. Приказна, која студентите едвај чекаат да ја слушнат и веднаш ја проголтуваат, зошто им е интересно. А ако е вистина, тогаш се прашувам како мене некој професор во текот на моето студирање не ми побара да му играм?!?
Изгледа и оптичкото прегледување не важи ако некоја му се допаѓа на Фрчко, доаѓа и ѕирка која како изгледа, прави листа и вика -еее оваа има да игра па што сака нека биде... , како бе само верувате на вакви измислици...приказни има колку што сакаш...седни научи и нема да играш во скут на никого... А што се однесува до Латас веќе сите видовме каков манијак е...ако може на ТВ вака да се глупира, што се случува тогаш позади камерите... Не знам Боа, сумљива е работава , изгледа и јас и ти не сме му се свиѓале ни на Фрчко ни на некој друг професор...ОК, наша среќа , смајли што се крсти..
Треба да си глуп или слеп, за да ги оспоруваш интелектуалните и ораторски способности на Фрчковски, како и неговото образование и искуство во политиката.
Му играле студентки, не знам што му правеле... И да било така, очигледно на никого не му смета, зашто во спротивно досега ке беше пријавен и ке беше докажана неговата дејност во таа сфера. Од друга страна, тоа нема никаква врска со неговите интелектуални способности и ФАКТОТ дека со само една реченица која ја формира на многу внимателен и културен начин, односно ја формира со точно определени и соодветни зборови, може на дотичниот спикер да го пикне под земја. Другиов се служи со прости и селски навреди, оние кои секој ги разбира, а чие место не е детерминирано во ниеден културен вокабулар. Да разбереш зборови на интелектуалец - е тогаш вредиш и можеш да се расправаш со него на негово ниво.
[/quote] Јас би ти рекла да не веруваш во се што ќе слушнеш. Јас кога студирав имаше триста приказни за некои професори, демек не пуштале ако претходно не си паѓал по 5-6 пати, демек Пеливанов фрлал индекси низ прозорец и кажувал кога овој инедкс ќе се врати, тогаш ќе положиш, па некоја чистачка случајно чистела долу и го видела индексот па го вратила кај Пеливанов во канцеларијата Ееее студентски приказни, им нема крај. Секоја година некој измислува по нешто и тоа се пренесува од генерација на генерација, па се филува од секоја наредна генерација по малку, така одат тие работи. И ова за Фрчко(или било кој друг) дека му играле, сигурно е плод на некој болен ум, кој најверојатно неможел да го положи испитот кај Фрчковски, а знаеме дека се смета за поприлично тежок испит, па си направил приказна во стилот ,, фрчко не ме пушта, оти сум му многу убава и сакал да ме гледа повеќе сесии, а ми бара и да му играм за да ме пушти,,. Приказна, која студентите едвај чекаат да ја слушнат и веднаш ја проголтуваат, зошто им е интересно. А ако е вистина, тогаш се прашувам како мене некој професор во текот на моето студирање не ми побара да му играм?!?[/quote] нема врска со студентки кои не можеле да положат баш спротивно инаку по природа сум скептик и не верувам на обични муабети ама верувам во докази.се случи на моја блиска другарка со просек 9.8,со добивање непристојни предлози од негова страна а после беше виден со наша колешка.али океј,небитно.појма немам како било во времето коа ти си студирала во секој случај јас го гледам она што пред мои очи се случува.и не би сакала со тебе веќе да се препуцавам пошо гледам си ги организирала сите другарки тука да се држите заедно
^ Додека има овци, ќе има и волна. Го прават тоа по сопствена воља, никој не ги тера. Викица, врз основа на што да ти веруваме дека студентки му играле на Фрчкоски? Врз основа на збор? Јас верувам само на моите очи и наочари, кои го видоа ова. http://www.youtube.com/watch?v=uSs84vttCLM Незнам на кого му играат
ХММММММММММММ ете това је сумњиво, имаш највисока оцекна кај фрчковски а подолу додаваш дека му играле студентки стриптиз , па реков да те прашам колку стриптиза ти му одигра на фрчко за највисоката оцекна и дали остана само на стриптиз или имаше и нешто друго ? прашувам затова што имам една познаничка која е ептен јака ( мислам како женска ) и кај фрчко неможе никако да положи па дај кажи сподели како шо да и кажам да си положи девојчето.
хахах уште шо не ќе прочитам.јас за среќа немав потреба од такви работи за да си добијам оценка.пошо отсекогаш сум учела и не ми требат нечесни работи за да успеам.а од ова шо си го напишала ќе повратам.стварно.и ако немаш со шо да се браниш не измислувај.мислам аман...од вас човек не може ништо да каже.ако не е по ваше одма се организирате и напаѓате.за жалење сте.
Убаво те замолив да кажеш шо како да пренесам на познаичката................... уствари добро збориш човек кој мисли дека латас је паметен тогаш тој треба да има иста интелигенција како и дотичнио ако не и индентична ......................ХММММММММММММММММ кога уште подобро ке размислам ДРАГАНЧЕ ТИ ЛИ СИ БЕ БАЦЕ ???????? мора да си ти нека кој . Ама де кажи за стриптизо нешо повеќе да пренесам више и се јавив на девојкава дека и најдов решение за проблемот со испитот, биди фер. ( не правам нишо оф топик само го избирам стилот на латас за изразување )
Најнапред извинете за офф топик, ама морам да кажам: Види вака девојко, погледни ги на сите профилите, ќе видиш дека сите сме со различни години, цели генарации па и децении сме разлика, ако си подолго време на форумов ќе знаеш дека сме од различни места во државава, едноставно сите имаме исто искуство кое се коси со твоите тврдења, нас тука никој не не организира, ако тука сме се согласиле не значи дека е така и во другите теми....Тоа што не поврзува е искуството и истите ставови и мислења, нема тука никакви завери, ни тајни организации.
^ Девојче, најискрено ти кажувам, немој да дебатираш доколку немаш јасни, кратки и изградени ставови и аргументи. Многу си контрадикторна, велиш дека Фрчкоски не чини затоа што му играле (?!), а кога ти постираа видео дека всушност Латас е таков, оддеднаш тоа играњето не стана толку лошо, зошто на Латас Волчица му играла, а на Фрчкоски студентки (за кои не е ни докажано, да не ја повторувам Боа). Потоа викаш дека нема друг начин да се добие оценка кај него без таква работа, а потоа викаш дека ТИ си добила висока оценка, па тој само на други барал. Имај свој став, брани го Латас (за кој патем не можам да разберам како може некој да го симпатизира, и не си трошам зборови на него, мили ми се прстиве за да си ги употребувам на таков ... човек), но не навредувај за да го браниш него. Не вака кога ти извадија факти, одма напад како најдобра одбрана. Научи прво убаво да разложиш зошто ја симпатизираш власта, па потоа влегуај во дискусии. Се изначитав празни мислења, во кои во ниедно не прочитав зошто ти го браниш него (остави десетки на факултет и играње), туку прочитав само навреди кон Офспринг, Боа итн да не набројувам (кои патем да ти кажам со одличен дијапазон на зборови знаат да си го бранат мислењето). Значи имај си став, не може тоа никој да ти го забрани, ама брани го со квалитетно мислење и не не трујај со мислења кои комшивчено мое од 10 години може на подобар начин да ги искаже.
Што се нама да прочиташ, ама ај Туку чекај јас да си се заблагодарам Епа другарки мои фала ви што се одзвавте на моите молби да се организирате и да ме одбраните Само внимателно, вака добро организирани, може да не теретат и за организиран криминал , ова дека веќе секое второ дело во државата се третира како организиран криминал, па никогаш неможеш да знаеш
^Што бараш ти во темава односно што разбираш ти од политика на твои 16 години ? И јас не сум компетентна да зборувам па си ќутам . Само да се кажало нешто ..
Јас како голем почитувач на делото на ЕднООки ќе го кажам ова, ако некој гледал, ќе му текне Дојде време да се објави и обзнани 11 Оффспрингова Божја заповест, која толку време ја криев од вас, мои верни поданици. А таа гласи, дека кога ќе се запнам за некој, овде веднаш ги организирам другите форумџики и меѓусебно се браниме. Мали, пакуј куфери
како сакате мислете.јас зборувам за она што го гледам кај мене на факс.ако за факт го сметате тоа што некоја дотична мене ме обвини дека сум правела нешо со фрчко океј.нека ви биде тоа цврстиот аргумент.кај вас политиката длабоко навлегла во формирањето на мислење.јас ниту сум ниту ќе бидам партиски определена.немам потреба од тоа.така да продолжете и со навреди и со непочитување на туѓо мислење и со вадење на т.н. факти....форумов е секој да си го каже мислењето.јас го кажав и ме направивте од куче подолу.тоа зборува за вашата личност и за вашата почит кон другите.фала.