1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Левица

Дискусија во 'Политика и настани' започната од pdb123, 20 јануари 2020.

  1. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.773
    Здраво луѓенца, сакав да смениме малку од ВМРО/СДСМ, бидејќи ок е, знаеме дека се најголеми, знаеме дека се корумпирани и дека лажат и цело време зборуваме за некоја трета опција, а сепак не гледам некаде некој да дискутира за помалите партии.

    Не дека некои трети моментално би можеле да се на власт, далеку од тоа, но барем да можат да влезат во собрание и да вршат поголем притисок, да зголемуваат популарност, за да може по неколку години воопшто да добијат шанса да се борат за власт.

    Со оглед на тоа дека сега некој месец им ги следам изјавите од порано, како и сегашните, би ги прашала пред сѐ неопределените, разочараните, дали се согласувате со ставовите и залагањата на Левица?

    Еве најскорешно нивно излагање:
    , но можете да најдете и други постари видеа на YouTube. Ги нема многу, бидејќи како што знаете и телевизиите се партизирани, па нема веројатно да „рекламираат" или „да создаваат некоја фама" за помали партии.

    Знам дека се поделија, но искрено за тоа не можам да имам мислење бидејќи тешко е да се знае кој е во право додека не се види цврт доказ, а единствено што сум прочитала досега е дека моменталното раководство на партијата го добило спорот за тоа чија е партијата.

    Исто знам дека го обвинуваа Апасиев зошто земал (толкави) приходи од СЈО (мислам беа околу 30 000 денари на 2 седмици работа, првите 6 месеци од формирањето на СЈО?), ама мислам имаше кажано во некоја емисија или интервју дека тоа е нормална, дури и ниска цена во нормалните земји за таа работа што ја извршувал и дека кога одлучил посериозно да се занимава со политика самиот си дал отказ бидејќи сметал дека е нечесно тој да ги гони своите политички противници.

    Според мене, ова второво е сосема коректно и сметам дека секој политичар би требало така да се однесува во случаи кога би требало да се има објективност, а своето учество би можело да се поврзе со инкриминираност и извртување на вистината за сопствени цели.

    За цената за своите услуги во СЈО сметам дека не би требало луѓе од други професии да коментираат. Тоа би требало да го каже искусен правник, кој имал слично искуство и кој не е политички определен.

    Велам да не е политички определен, бидејќи во нашето општество партиите секогаш шират омраза и создаваат револт и кон тоа што треба, а најчесто кон тоа што не треба, сѐ за сопствена корист. Тоа лесно се гледа бидејќи секогаш секоја партија осудува членови на други партии, а никогаш свои, како да сите членови што ги имаат се совршено чесни и искрени.

    Според мене, тие пари што ги земал би требало да се нормални за професор или општо, експерт од некоја област, а тоа што кај нас не се, кажува повеќе за државата, отколку за поединецот што си побарал колку што смета дека тежи, а не е нешто абнормално многу, како на пример 5000 евра од месец.

    Да не испадне дека ова го мислам само за овај случај, исто поддржувам кога луѓе и од други професии не им ги прифаќаат мизерните плати на работодавците. Ова се претежно помлади образовани луѓе, бидејќи тие имаат најголеми опции за наоѓање друга работа (тука или најчесто во странство), но сепак, ме радува што работниците (мнооооооогу полека) вршат притисок на работодавците да даваат повисоки плати, инаку ќе нема кој да работи за нив, како што се случува со мајстори итн :).
     
  2. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Вo Мaкедoнијa aкo нештo се дoкaжa зa тoчнo е декa третa oпцијa нити имa ниту ќе имa, сите пoмaли пaртии пoстoјaт зa вaдење нa глaсaчи кoи следственo се стoпувaaт вo мaтицaтa, a и луѓетo немaaт aнгaжмaн дa прaвaт третa oпцијa пoрaди мoделoт и демoгрaфијaтa, кoгa сме кaј левицa и тaa кaкo и мнoгу други пoмaли пaртии зa дa се фoрмирaaт oд стaрт мoрaaт дa се прoдaдaт нa гoлемите пaртии пoрaди пoтписите, дo сегa вo мaкедoнијa немaлo движење кoе би ги симнaлo гoлемите пaртии.
    А и дa се пoчне сo чесни и не купени луѓе дa се нaпрaви нештo aвтoхтoнo... Пaк тие две пaртии гo имaaт системoт дa те уништaт...
    Сегa Пaлевски ете е негде вo Србијa вo притвoр, се oбиде Љубе гo пикнaa и негo, тoa кaжувa aкo пaртијaтa пoстoи и функциoнирa... Не гo прaви тoa зa себе туку oдрaбoтувa зa oвие две.
    Третa oпцијa требa дa се бaрa вo сдс и дпне.
     
  3. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Левица убаво почна, даваше надеж на почетокот дека може да биде реална трета опција, ама за жал кратко траеше тоа. Од политичка партија, која првенствено почна без претседател, со президиум како колективно претседателство, како симбол на тоа дека никој не е над никого, туку сите се еднакви, заврши со караници меѓу основачите, па влечење по судови, за да на крај од партијата излезат мнозинството млади луѓе по кои Левица беше препознатлива, а истата да стане малтене приватна сопственост на Апасиев, кој сега слушам е и Претседател на партијата. Толку од еднаквоста.
    Лично мое мислење е дека Апасиев со својата суетност ја уништи партијата. Имаше многу квалитетни дечки Левица, уживав да ги слушам на дебати, не заземаа страна, се држеа до некој принципи. Сега тоа го нема во Левица. Апасиев е начитан, али превише суетен и самобендисан. Уште го следам на фејсбук и за жал постовите му станаа приказни за собирање на дневно политички поени. Штета е што секоја мала надежна политичка партија кај нас вака завршува.
     
    На La Stilla, x-MajaEsposito-x, friendy и 9 други им се допаѓа ова.
  4. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.863
    Пол:
    Машки
    Се сложувам за Апасиев ама тука и Павле умеша прсти. Опортунистички изигра и не испушти шанса како "независен" да влезе у Собрание и така на климави нозе остана партијата, поделена. Инаку имаа добар потенцијал, млади и учени луѓе ама како и се' друго кај нас и ова кратко траеше.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Ја мислам дека Апасиев не можеше да се помири што Павле влезе у Парламент, а не он. И тука почна раздорот. Се подели левица на два дела, еден дел членови кои останаа доследни на принципите на партијата, и друг дел кој на секој начин и по секоја цена сакаа да седнат у фотеља, дал со едните или со другите небитно. Мене најпозитивен лик од Левица ми беше Мариглен Демири, не е повеќе таму мислам, али колку издржани и реални дискусии имаше дечкото, секоја чест. И сосема спротивен од Апасиев. Не негирам дека Апасиев е паметен и начитан, ама чекај малку не си само ти паметен начитан професор со 10.00 просек (да да, си го имаше сликано уверението од факултет и споделено на фејсбук (facepalm) ). Да намали малку Апасиев со самобендисаноста и суетноста, можда и ќе има шанса за Левица.
    Мада гледам по социјалните мрежи, секој втор спонзориран пост што ми излегува е да се потпишеш за Левица за пререгистрација на партијата. 1000 потписи требаат, еве неколку месеци ги собираат мислам уште не им се собрани, а се декларираат за најбрзорастечка партија. Малце нема логика :D
     
    На Mikha4, Karamela12, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  6. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.863
    Пол:
    Машки
    Боа дај ти кандидирај се ко независна глеам имаш познавање од политика, а и убава жена си. Убавите жени увек имаат успех:angel: Еден глас имаш загарантирано(lalala)
     
    На elimkd и Vildiz им се допаѓа ова.
  7. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl: Ме изнасмеа убаво @John Snow
    Добро e, еден глас еден, мора од некаде да се почне (highfive)
     
    На John Snow му/ѝ се допаѓа ова.
  8. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    ,,Ја као слаб правник со просек шестица, замолувам некој поначитан колега бла бла бла...,, Најновиот статус на Апасиев, кој пак вришти од суетност и му ја уништува поентата на постот. Ок човек, разбравме оти имаш просек десет. И врапчињата на гранките разбраа веќе. Дај сега кажи нешто ново, нешто што нема да вришти од самобендисанот и фалење.
     
    На Mikha4 и boomsleng им се допаѓа ова.
  9. t.a.m

    t.a.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    398
    Влева мала мадеж само да почекаме...
     
    На Ahoy и fantastic girl им се допаѓа ова.
  10. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Ги пратам нивните најекспонирани во јавност дечки и супер се сега засега и тие и нивните заложби, не се сеќавам дали имам слушнато некој во политика да ја кажувал вистината без влакна на јазикот како нив и тоа неизвештачено без преглумување. Нека продолжат вака.
     
    На fantastic girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ева33

    Ева33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.213
    Пол:
    Женски
    Убав говор и обраќање на претседателот од Левица, Димитар Апасиев.

     
    На Sarence му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.659
    Допаѓања:
    18.998
    Пол:
    Женски
    Апасиев е вселена за сите политичари во државава а и пошироко
     
    На MoNiToDi, пуле, Cutiepie1 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    5.396
    Во целост се согласувам со се што кажала @BoaVista, многу ветуваа како партија на почетокот, но откако Апасиев си ја присвои како лична сопственост како да се работи за различна партија. Апасиев е толку лицемерен и со двојни стандарди како и останатите политичари. Прво кога беше доцент на правен на УгД така жестоко ги напаѓаше вмро дека го бојкотира, потоа се заборави тоа. Друго навредува на основа употреба на дрога, а бизнис партнер му е адвокатот Јанаки, иронично. Со Јанаки држеа часови по право и имаа тарифа од некој си така фини суми, а Апасиев до вчера што се вели фураше на картата од сиромашно семејство доаѓам. 10 просек ок симнувам капа, ама тоа да ти е секој втор збор, кажува многу за него како личност. На крајот на краиштата и Генералниот секретар на владата Рашковски, е ,познато, лице од тој факултет со докторат и сешто па гледаме колку ,пука, и тој од знаење. Залудно 10 просек ако тоа не знаеш да го примениш..
    И нека го посоветува некој дека се бламира со тој уличарски речник и сленгови, не доликува на 10 просекот што го фура и на титулата професор, не е воопшто интересен и посебен како што мисли.
    Партијата навистина беше една убава свежина во политиката, но славата му удри во глава на Апасиев.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ева33

    Ева33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.213
    Пол:
    Женски
    Признајте. Вчера сите ја чекавте седницата со нетрапение ради Апасиев...
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lite.

    lite. Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2020
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    164
    Пол:
    Машки
    И Апасиев е вметнат пиун.
     
    На Spiceyourlife му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ева33

    Ева33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.213
    Пол:
    Женски
    Кој го вметнал?
    Наведи конкретни примери.

    " секако сега се подобра опозиција од вмро.
     
    Последна измена: 1 септември 2020
  17. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.483
    Пол:
    Женски
    Ќе ги гласаме. Пиуни или не, времето ќе покаже. Шанса треба да добијат. :)
     
    На MoNiToDi, Kimberly11 и fana им се допаѓа ова.
  18. diff

    diff Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    45
    Никакви пиуни не се дечкиве, тие агенди си ги тераат Дпмне и СДС бидејќи им земаат голем број на гласови и представуваат голема закана за нив во иднината.
     
    На MoNiToDi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.483
    Пол:
    Женски
    Јас ќе гласам за нив иако знам дека за жал нема да постигнат некој голем успех.
     
  20. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.659
    Допаѓања:
    18.998
    Пол:
    Женски
    а зошто дсжа гласаш воопшто за нив ако сметаш дека нема да има голем успех?