Го следам Апасиев одвреме навреме на фб, и да беше во друга држава веќе долго ќе беше на власт. Доста е еден храбар потег да направи плус да покаже разум и интелигенција и народот ќе го избере. Во Мк веќе долго се труди и прави работи што никој не се осмелува, ама ете, од приврзаници задоени којзнае дали некогаш ќе дојде на власт. Впрочем како и за обичен народ што не може да просперира само со способност, така и за него.
Изгорени Бриџо од млекото сега и на маштеница дуваме-имало и порано по некој храбар па после испаднало само за сопствен некој интерес му било.Ќе видиме што и како,времето ќе покажи ...Мене лично не ми се залетува по никој,баш поради се уназад...Не спорам дали е храбар или не,само да не е лице едно опачина друго
Од парламентарните до локалните избори имаше огромен скок во гласовите. Ќе видиме на следните парламентарни. И вмро и сдсм му се плашат. Има и зошто.
Кои работи (немам фб па следам твитер само)? Ја на почеток имав верба во нив. Нова партија, млади луѓе,образовани. Ама толкав дегенерик испадна. Апла се гледа измишљотини дека збори, некако немаат некој став, идеја како да ја смени државата и испаднаа исти како другите. Посебно кога ќе каже нешто како правник па испаѓа дека тоа врска нема со правото. Роднини што имам со 2ро основно обеќавал советници да ги стави да одат на протести. Такви не верувам во нормална држава да би биле на власт. Ми личи ист како и другиве. А стварно мислев "мешавина" ќе направат во собраине. Посебно кога ќе чуеш работи како дека гласеле против за бесплатни улошки во школите за девојчиња, против нова градинка само од инат за другите. Ај добро утро иако осеќам ќе не забришат...
Абе имаше твит напишано нешто од правен аспект и доле правници/адвокати го демантираа со законот. Ама не памтам што точно беше. А и да луѓево се на листа на советници во 2 општини по Скопје. Не седел со нив него си се зачлениле во партија. Да не се лажеме сите праат вака, секоја една партија. Не ги пратиш редовно вестиве низ МК од страна може изгледаат сјајни не викам не. Ама дека се разликуваат нешто дека се "почесни" и "поперспективни" од вмро сдс не би рекла. Сите си праат се за инат народот го јаде. Али ако ве бендисуе со задоволство ќе ви го пратиме
У моментов бугарска партија да дојде на власт ќе е поперспективна и почесна од сдсм. Па и од вмро, ко што го снема Мицко сега. Не би рекла дека не ги гласаат пошто се изгорени веќе еднаш. Туку затоа што уште се убедени дека ќе влеземе во ЕУ, дека Апасиев бил руски платеник, и дека еве, сдс е перспективната партија.
Дефинитивно. Ако може еу да пратат свои нови луѓе да не опраат би била благодарна Се видоа нивните перспективи
Тука е грешката, што ЕУ не ни мисли така добро. Апасиев имаше изјавено дека шарената револуција била финансирана со странски пари (што е логично). Кажа дека кога би се вратило времето, би размислил дали воопшто би се вклучил. Дека протестите се скапи, нашите партии ги немаат тие пари за да ги организираат. Тоа што реално нема многу собран народ пред собрание, е доволен показател дека не е платеник од надвор. Туку преку фб статуси се обраќаат за протести. Додека вмро нигде ги нема. Затоа што ем сакаат да дојдат на власт, ем нејќат да идат контра гостинката што им беше. Откога дојде Заевизмот, се знаеше кој го донесе на власт. Редно е малце самите да одлучиме кому ќе му дадеме шанса, наместо да ни наштелуваат партии.
Човекот освен ораторство и правење збрки нема никаков друг квалитет. Не знае основни работи како функционираат во државата. Левица беше просперитетна партија и создадена од образован млад кадар, сѐ додека Апасиев не им забоде нож во грб. Со помош на Вмро и судот буквално си ја присвои партијата, а оние кои му го отворија патот ги избрка за да нема кој да му се спротивставува. Доволно е да ги видите членовите на Вмро, сега активисти на Левица Затоа и нема ништо да направат, ќе си остане сателит партија од типот на Павле Трајанов и Лиле Дом. Друго што ми боде во очи е подршката на Русија, а знаејќи дека истиот Апасиев и некои други членови патуваа пред неколку години по сибирските манастири јасно ми е и зошто. Ако ви дојде аргумент дека секој може да оди каде сака, распрашајте се прво колку кошта такво патување. Како гледаат некои перспектива во ваков човек не ми е јасно.
Се повеќе кај младите зема замав идеата на Левица и тоа се чуствува кај нив, се повеќе млади се приклонуваат на Левица. сдс и вмро се веќе "старомодни" корумпирани, извикани и неактуелни. Се чуствува духот кај народот веќе за нова свежина и промени.
Ги кажува работите јасно и гласно, директно. Апасиев има добри идеи, и активни се со Борис Крмов, но не треба да одат во крајности, да навредуваат, пцујат, затоа што така си одвраќаат гласачи.
Исто мислам, но искрено па некогаш токму нивното пцуење е она што цел народ сака да го кажи, од овие со лизни мазни ништо арно не дочекавме. Плус овие двајца се многу млади, немаат ни 40 години, мислам дека има трошка надеж
Брат ми и татко ми баш поради целиот хаос, ја правдаат таа некултурна комуникација. Е сега, да не се претера.
Апасиев има 10,00 просек на сите три циклуса студии....да не му го коментираме образованието. десет нула не е ич за потценување, јас шо учам по 12-14 саати во ден, едвај до 7,6 сум дојдена, а тек до 10?
Исто, се согласувам. Народот е веќе презаситен и од вмро и од сдсм. Мислам дека во Апасиев гледаат, ај така да речам, спасител. Некој што гласно ги брани. Оти таков долго време не сме виделе.
По мое, би дала шанса. Сепак се млади дечки, а и во кандидатите за советници имаше многу образовани луѓе. Всушност во таа партија гледаат надеж луѓе кои не се продадоа за партиско вработување и кои учеа со свој труд и пот. Димитар колку што го следам е дете на работничко семејство, со учење стигнал до тоа што е. И е нај навредуван, најплукан политичар од сите. А е во опозиција. Значи има нешто што им пречи. Всушност на криминалците кои 30 години владеат им пречат паметни и образовани луѓе кои со своја глава мислат. Ама ајде да видиме што ќе се случува