Понекогаш , Апасиев го пишува и говори баш она што ми е на ум ( дури и кога ќе фрли псовки ) . Зошто ? Затоа што преку глава ми е од 30 годишниот криминал и корупција , преку глава ми е од замајување народ , преку глава ми е од игри на тронови , зад затворени врати . Преку глава ми е од тоа , да не можеш ко човек да се вработиш без претходно дадено мито . Не сум член на ниту една партија , а се сомневам и дека некогаш ќе бидам ( ниту имам време , ниту ме интересира политика ) па така и кога е Левица во прашање , единствено нешто што би ме натерало да гласам за Левица , е што гледам доста се трудат и Крмов и Апасиев да дејствуваат со амандмани врз небулозни закони . Не се сеќавам за кој закон беше , но усепаа да го вратат за измени па дури потоа се изгласа законот , но првичниот кој требаше да се донесе и оној што всушност се изгласа не беа баш исти - имаше измени и дополнувања ми се чини . Го следам Апасиев на фб , но не се замарам претерано , знам вака за по некој закон да прочитам , дали има поднесено амандмни и зошто .
Ааа пцуел добро, затоа е добар политичар? Колку што си разбрала колку е вреден дотичниот околу законите, толку и он се разбира во право на 21 век. Знаеш колку се труди? Провери како левица гласаше за добивање бесплатни хигиенски средства за девојки. Гласаа против, иако според истражувањето имаа сознанија дека околу 1/3 девојчиња не можат да си дозволат влошки да си купат, па партали користат за време на менструација. Е толку им е гајле. Само за пцуење се вредни.
Не дебатирам понатаму , моето мислење е јасно напишано . Само уште ќе додадам - не може да му се замери што не се разбира баш во право , па не можеме сите да сме правници . За тоа постојат советници и цел тим кој стои позади секој градоначалник , премиер итн .
Не се разбира во право, а професор по право е. Уста пена му фати дека завршил со 10. Како да не му се замери бре?
А знаеш ли колку девојчиња се предмет на потсмев во училиштата , кога ќе им најдат влошки во ранец ? Лично сум била иссмевана од момчиња поради влошка во ранец . Со овој закон не само поради тоа , ќе бидат иссмевани и поради тоа што немаат средства за да си обезбедат влошки воопшто . Знаеш ли какви последици ќе има тоа иссмејување врз психата на тие девојчиња ? Кога ќе го свртиш вака , можеби затоа гласале против .
Тоа се твои зборови . Јас велам паралелно со воведување на таков закон , треба да се воведе и едукација на сите иссмејувачи , дека тоа е нешто нормално , не е срамно и за иссмевање . Но , не ги следам сите закони и не сум сигурна дали во законот била воведена и едукација .
Професорот по право, со завршен правен факултет со просек 10 се буни затоа што полицијата казнувала граѓани кои го кршеле законот
Жмицко најави повлекување од политиката затоа што знае дека неговата е пропадната партија.Доаѓа времето на Левица.
Доаѓа време на суров комунизам, со авторитарен режим, овие од левица ја имаат таа идеологија. За пимер ја земаат Кина, така самите имаат кажано, а сите знаеме колку Кина е корумпирана држава со ниски стандарди, и само една комунистичка партија
Ne bi glasala za nikoj zatoa shto ne veruvam deka neshto kje se promeni na dobro. Narodot vo mk saka da si zhivee spored izvrteni vrednosti za koi misli deka se pravilni, i ne mozhe da se razubedi, tolku e kapacitetot.
Ке почнат од ВМРО и СДС да опаѓаат и да се формираат партии од нови луѓе, тоа е неминовно.Македонија е млада демократија, сепак ќе треба уште малку време за да достигнеме некој вредности. Јас ќе го коркстам моето право на глас, а те поттикнувам и тебе во идните партии да најдеш некоја надеж. А тоа дека има многу клиенталисти и луѓе кои за пари си го даваат гласот, да, но помладите генерации се подобро образовани и верувам дека нешто ќе се промени
Мислам дека живееме во различни држави . За жал поразително е колку од младите ни се функционално неписмени, уште пожално е што ништо не се превзема на тоа поле