Најверојатно ќе бидат во наредната влада, па ќе видиме какви се, сигурно ќе добијат министерски места, па според нивната работа јас би оценил дали да гласам или не за нив
Што дека Заев имаше изјави за 500 евра плата, да не ни се подобри стандардот случајно, кога тие 500 вредат ко претходните 50? Они можат да ветуваат и мед и млеко да им тече од уста, ама не е тоа поентата. Дела гледајте малку. Ако ви одговара моменталнава ситуација во државава, гласајте ги пак истите од прошливе 30 години. Или не гласајте ако не ви одговара, па остајте ги истите за наредни 30.
Освен НАТО и Заев знаете ли нешто друго? Никој тука Заев не го спомна, и тој е веќе бивш премиер, оти многу добро работеше. Едноставно, ако нема понуда, и јас нема да гласам.
Видете го последниот параграф Ми се чини како овие намерно не препознаваат тоталитаризам во Кина, ме плаши дека и тие самите сакаат и овдека да инсталираат таков тоталитарен режим со само една партија.
Видовме колку владее народот во овие земји, посебно Шведска и Финска, кои покрај тоа што народот таму беше против да влезат во НАТО, властите таму "своеволно" поднесоа кандидатура. Народот ама апсолутно не одлучува за се во ниту една земја. Само привидно има моќ на промена и одлука. Инаку, овие општества се градени врз социјализмот на Југославија. Можеш да прочиташ малку повеќе, има податоци за тоа како го земале и го усовршиле нашиот систем на управување. Исто така, има куп интервјуа од постари лица од Скандинавија кои со восхитување кажуваат за Југославија и нејзиното владеење. Значи, не е само демократски систем, туку и социјалистички. Затоа и моментално е најдобар во светот.
Да, еве овој новиот многу подобро работи. Левица ако ништо друго, се залага за укинување/намалување на камати за кредити и укинување на легални лихвари што ги рекламираат и телевизииве.
Повеќе треба да обрнат внимание на тие работи. Ако биде така ќе имаат моја поддршка, ако не, нема. Не би гласала воопшто. Сдсм и Вмро се видени веќе.
Помеѓу социјализмот во Југославија и оној во Кина и Русија има голема разлика. Овие од левица, со испраќање на писма до Кинеската комунистичка партија не знам за кој социјализам се борат.
Би ги поддржал ако се оградат од овој Масларовски или како и да е, што на тв збори како пушел марихуана итн... мислам дека негативно влијае на сликата на партијата
Најверојатно е од контекст извадено, значи ништо насочено кон твојов пост и ништо лично. Ама морам да прашам, зошто бе толку секоја грешка нивна толку се максимизира додека на огромните криминали предавства и други глупости на другиве партии се молчи. Па на дуи поготово.
Пратениците од параламентарното мнозинство денеска ги усвоија законските измени: со кои каматата нема да може да биде поголема од долгот. Со измените во Законот за облигациони односи и Законот за извршување, казнената камата нема да може да биде поголема од долгот. Дополнително, се скратува и рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката. „Конечно ја прекинуваме праксата граѓаните да плаќаат 10 пати поголем износ отколку што навистина должеле. За жал пратениците од ДПМНЕ и Левица не гласаа за овие законски измени со што уште еднаш ја покажаа својата незаинтересираност за потребите на граѓаните“, објави СДСМ веднаш по гласањето. Зошто не гласале? Па ова е за извршителите, брзите кредити итн.
Сепак требаше да го гласаат, да не биде за 10.000 денари, да платиш камата од 60.000 денари на пример.