Завчера во Собранието една пратеничка од Охрид го исмеа Крмов, бил единствен пратеник со средно и без возачка дозвола. Па не купил диплома и не купил возачка, да се заагажирал, можел да си ги купи двете работи колку и да е антиталент и за учење и за возење. Има луѓе што поседуваат возачка, но не возат, ама во CV им стои дека поседуваат возачка и кога работното место не бара возење, CV-то делува побогато, а кандидатот посериозен. Има луѓе што потрошија по 10-12 години на приватни во внатрешноста, земаа дипломи, станаа магистри. Значи средно текстилно завршиле со двојки, ама сега се магистри во петта деценија од животот. Исто имам запознаено еден од една партија, завршил средно земјоделско, тоа беше школо каде некои не ни знаеја да читаат течно, па потоа до 26 години докторирал на приватни колеџи. Толку е се мешаница, што смешно е што таа му се изнасмеја на Крмов. На крај и од неа и од Крмов, фајдето е исто за нас, ич ништо.
Да, најзаслужна беше што Левица освои 4-5 советници во Аеродром, баш во таа општина Левица имаше најмногу гласови за советничките листи (со исклучок за советничката листа за цел град СК), но си замина, и не само таа, повеќето млади ја напуштија партијата, во мојот град, околу 95% млади си заминаа од огранокот на Левица, останаа само 10-15 души.
Од кој град си ако не е тајна? Прашувам бидејќи тука на истокот (берово/пехчево/Каменица) повеќе се приклучуваат него ли што си одат Патем, размислив.. Само 2 градови имаат по 2..другите имаат по 1 или 3 Или си кај што е горан модератор или бобан.. Анунаки т.е Иван уште е советник колку што знам иако се повлече од мод.. Освен ако си од некој град што не знам да има 2 советници