По повод оваа вест: https://www.radiomof.mk/zaev-razmisluvame-za-legalizacija-na-marihuanata-vo-turistichkite-centri/ Сакам да ги слушнам вашите ставови! Освен за медицински цели, јас сум против! Има доста студии што покажуваат дека е штетна за мозокот.
Штетни се и цигарите и алкохолот па легални се. Неутрална сум по ова прашање. Тоа што марихуаната е нелегална, не ги спречува да ја користат оние што сакаат да ја користат, едино што ги прави да се криминалци.
Double stimulation за туризмот. Пошто сите други проблеми ги решивме, со невработеноста, здравството, правниот систем, сега останува само уште да ги запалиме лулињата на мирот и пафнеме.
Не гледам причина зошто да не. Како што кажа членката погоре и цигарите и алкохолот се лоши па ете се легални. Плус, премногу луѓе користат, посебно мојата генерација. Пола друштво ми пуши а и другари други исто така. Знам дека е штетна ама и да е забрането сепак се конзумира. Во премногу држави е дозволено само кај нас се касни.
Ако остана уште само марихуаната да се легализира, нека се легализира и комплет средени да сме се на место да ни е.
Болни за секаков екстра профит. Ја опљачкаа државата, економски опустошија, сега туризмот ќе ја спасувал. Толку, нејќам да придавам внимание на фикс идеи на луѓе кои се нашле во позиција на моќ поради космичка грешка.
И ова видов. "Ајде закопувајте, да не гледам"-Ванчо Петрушевски. *емоуџи што се крсти и легнува во кофчек
Сум за легализација, ама да може секој да си одгледува по едно-две стебла. Познавајќи ја нашата државичка, желбата за легализација опасно труе на договорен продукциски монопол. Тенкју бат ноу тенкју.
Се согласувам целосно. Сум за легализација за можност за растење стебло-две и поседување и конзумирање на одредена мала количина. Ова што овие го нудат - "Според него, идејата е марихуаната да се употребува во угостителските објекти, контролирано, под одредени критериуми, и дека тоа би било овозможено во главните туристички центри низ Северна Македонија..." - јасно укажува на нечиј профит и перење пари.
Легализација на марихуана(освен за медицински цели) во овој систем што не функционира е класична поддршка на криминал и дилање, паралелно и останати "препарати" и остава огромен простор за злоупотреба. Да сме систем подговтвен за контрола, во вистинска смисла на зборот, тогаш да, се сложувам. Прашања кои бараат одговори: Кој ќе ќари од ова? Кој ќе успее да добие дозвола? Колку тоа ќе чини? Дали има судир на интереси со дел од политичарите?
Алкохолот го уништува црниот дроб, цигарите ги оштетува белите дробови, па се легални. И јас сум за легализација (ама да биде строго забрането во затворени простории, исто како и за цигарите). Нека си пафкат луѓето кога ќе бидат излезени на кафе. Среќата е најбитна.
Да се смееш ил да плачеш, македонија ќе била амстардам седи па немој, уште 10 века е малку за да биде.:.дали може да постои поголем апсурд од тоа што е забрането пушењето на цигари во угостителски објекти а се разговара за да се дозволи конзумирање на марихуана хахах, ова е исто како да влезеш во вода и сув да излезеш, во ред е да се дозволи и легализира оваа билка е со докажан бенифит во здраствената индустрија но немојте вакви смешни работи ви се молам илии господата земале поголема доза се опуштиле повеќе и не се свесни пто глупости тропат
Не само што треба да биде забрането пушење во угостителски објекти туку и треба да има посебни места за пушачи каде што нема голема фрекфенција на луѓе за да не им штети. Таа билка е со докажан бенефит ако се конзумира како масло при одредена болест. А не ако се пуши. Тоа што на некој рандом лик му се тресат раце и се криви целиот и после два дима марихуана тој не се тресе тоа не значи дека е лек и дека има бенефит за здравјето. Тоа е исто како да речеш дека ракијата е лек само затоа што на пијаница не му се тресат рацете и тој се смирува после конзумирање или исто како да речеш дека кокаинот е лек бидејќи доколку си пијан и шмркнеш една линија ќе се отрезниш..
Е добро, сега не знам дали сум за или против искрено. На денешниве деца, се им е дозволено, и им е на дофат, уште во светот на дрогата фали ова да им е дозволено, ќе посегнат и по нешто повеќе, затоа што нели нема да им боде веќе интересно што е ова легално, и така се почнува, ова ништо не е, она ништо не е, а се ствара зависност, малце ли им се тие телефони, компијутери, излегувања до колку сакаат, и што се уште не, па сега и ова да им е легално и дозволено, не знам баш, многу повеќе ќе се олабави ситуацијата на ова поле, а сигурна сум дека ќе се посегне и по друго, кога ќе се дозволи веќе едно.... дадов пример за помладите, секако тоа не ја исклучува можноста и многу постари генерации да забегаат. Многу контрадикторна тема за мене, комплицирана од сите страни, не знам искрено дали сум за или против.
Нормално ќе ја легализираат. Од една страна ќе му го полнат џебот на Заев и Вицето, кои го држат монополот за производство на марихуана, а од друга страна ќе ни ја трујат младината.