Ок нека се легализира. Само сум приметила дека многу од тие што се гласни за легализација за медицинска употреба, конкретно за рак, скоро и да немаат убави познавања од таа област.
За невролептици моја збунка, мислев општо на терапија кај невролошки заболувања Знам, сум учела за паркинс и теоретски и практични примери сме имале на факултет. Така што за тоа не можете да ме убедите. Па да ви кажам има и многу заболени од канцер што им ги подобрила состојбите или канцерот им е во стагнација. И за ова немате чуено?
Не знам, не сум пробала, кажи ми ти. Оти очигледно ти од искуство знаеш дека еден дим те прави насилник и криминалец. Можда и вонземјанин те прави, шо знам јас.
Тоа е она за што цело време зборувам, дека не убедувате врз основа на ваши размислувања кои не се научно поткрепени. Тоа се ваши лични размислувања за марихуаната. Вие не кажавте ниту еден конкретен пример и статија или било што за да не убедите дека навистина толку е лоша. Одговори со не верувам/ јас сметам - се ваши лични ставови и убедувања. Пак ќе кажам дека е во ред сето тоа, но не можете да бидете толку сигурни во себе и да не убедувате кога имате малку аргументи.
немам пробано ниту ќе пробам. по учебниците секој лек е отров (од грчки фармакон). секој лек во доволно големи дози е потенцијално штетен и смртоносен па затоа се продаваат во прилагодени дози. секој отров може да се смета за штетна дрога, по тој основ. но, марихуаната е опојна дрога. го опива умот, на мозокот делува. цитералот не. се согласувам дека некои мислења се надвор од овој свет
по се изгледа, не до толкав степен колку марихуаната. иако, ај да се забранат или ограничат и тие, максимум 5 цигари и 1 чашка ракија дневно, важи?
А уствари што компликации прави марихуаната? Цело време викаш дека е штетна, а не кажа на кој начин Од рак на бели дробови и цороза сум видела, умираат. Марихуанава на кој орган удира? Од што да очекуваме конзументов да почине?
секоја злоупотреба и претерување е лошо. не се обично во количества за злоупотреба. а, од малку марихуана: https://www.narconon-balkan.org/blog/kako-marihuanata-vlijae-na-mentalnoto-zdravje.html
28 Мај 2019, Кавадарци. Веродостојност на извор? Овие ли се тие научни статии на кои им веруваш, некаде погоре што ги спомна?
Од малку марихуана хронична депресија? Малку претеруваш.Во ова што си ми го пратила се зборува за зависност, а не за повремено користење. Инаку, болдот не ти го сфатив?Се надевам не е тоа што мислам дека сакаш да кажеш затоа ќе чекам да напишеш.
инаку, еве статија од чичко википедија https://mk.m.wikipedia.org/wiki/Марихуана која вели дека од марихуана се халуцинира. а еве студија од канада која вели со уживање марихуана поголеми се шансите за депресија и самоубиство: https://www.psypost.org/2018/11/can...ogical-distress-and-more-so-among-women-52591
немав болд во постот. а за малку марихуана, барем еднаш месечно еве: https://www.psypost.org/2018/11/can...ogical-distress-and-more-so-among-women-52591