Имаш некоја статистика за сообраќајки, убиства, кражби, насилства, под дејство на марихуана, алкохол и без никаков опијат, за да споредиме?
не сум статистичар. за тие работи треба мвр или судска медицина. и тоа под услов да се правени тстови за дроги или марихуана. било како било, нелегална марихуана е еден начин помалку за опасност или жртви од такви дејанија. јас сум против легализацијата на марихуаната.
Дај сподели една, барем една вест за сообраќајка под дејство на марихуана. Во спротивно, тврдењата ти се рамни на нула.
еве, оваа интернет статија вели дека во америка каде во некои места легализираа марихуана има зголемен број сообраќајки од кои некои се и под дејство на марихуана (значи ПОСТОЈАТ) , а исто, цитирам, одреден дел возачи кои користеле марихуана пред возење имаа забавенпроцес на мислење и перцепција (на светот околу нив). https://edition.cnn.com/2018/10/18/health/marijuana-driving-accidents-bn/index.html
да, тоа е вовед во статијата, дека бил прочуен случај. понатаму се појаснува дека имало сообраќајки и под дејство на марихуана. тоа јас го толкувам дека мариуаната е со штетно дејство на нарушување на свеста и однесувањето. имам и друг личен пример. едни мои роднини ми кажаа дека пред влезот на нивната влезна зграда имало собрани тинејџери со скироли да се сликаат како прелетуваат покрај ракофат оградата на скалите од влезот. ги бркале, но најстариот и најагресивниот од нив кој мирисал на марихуана се противел и се заканувал со насилство - тие ја затвораат влезната врата одвнатре, а тој насилно ја држи отворена однадвор и се заканува. тоа е насилство. дури кога наидоа други луѓе и се направи повик кон полицијата типот се тргна и си замина.
А што им сметало тоа? Роднините твои се всушност насилниците овде, чим сакаат со тинејџери да се караат и да ги бркаат. Не им влегле дома па да ги бркаат. И од кај знаат бе роднините твои како мириса марихуана?
Насилник е оној кој сака непоканет и непожелен да влезе во туѓ имот. Влез од зграда е дел од колективен личен имот со права и обврски. Дали некој смее да ви влезе вас дома, да крши и кога го бркате да ве обвини дека сте насилни? Тинејџерите со право беа бркани бидејќи: - уништуваат туѓ имот - прават активности кои се опасност по други и себеси Има места за такви активности. Знаеа како мириса марихуана бидејќи едниот бил своевремено во Амстердам, Холандија на семинар, и како дел од туристичкиот приказ имало посета на барови за лесни дроги. Вели дека ептен смрди миризбата и не се заборава. А, на следниот твој веројатен коментар - не, не пробал ниту сакал.
... особено кога скокаат од скалила по влезот одвнатре од зградата, низ влезот на зградата, па покрај страничниот ракодржач од скалилата пред зградата и најмногу кога луѓе врват за да си влезат дома. ако некоја млада будала го скрши вратот при вакви лудории, родителите ќе гонат и тужат што не се спречени.
Оти нема анкета темава? @RainBow ? Направи една да ги видиме бројките... баш ме интересира... ОнТопик: За легализација сум
Веќе е легализирана, само што народ не знае. Во југоисточниот дел на Македонија цвета бизнисот со марихуана. Поготово за извоз.
Амстердам ќе забрани влез на туристи во „кофишоповите“ во кои се нуди марихуана Од МИА Објавено 09/01/2021 9:19:25 Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема, предложи да им се забрани на туристите да ги посетуваат градските „кофишопови“ каде, како што првенствено се продава и конзумира марихуаната. Таа сака да ја намали „привлечноста на Амстердам како дестинација за туризам на мека дрога“, напиша во писмото до Градски совет. – Во последниве години, видовме дека побарувачката за канабис во Амстердам е неверојатно зголемена. Ова главно се должи на зголемувањето на бројот на туристи – изјави Халсема во интервју за јавната телевизиска станица НОС. Таа додаде дека некои од нив се „канабис туристи“ кои доаѓаат во Амстердам единствено да ја консумираат дрогата. Овие „туристи“ се извор на проблеми за центарот на градот, рече градоначалничката. -Амстердам е меѓународен град и ние ги поздравуваме туристите, но би сакале туристи кои доаѓаат поради богатството на градот, неговата убавина, културните институции – рече таа за холандската јавна телевизија. Според податоците на Министерството за јавно здравје, Холандија има 570 „кофишопви“, а според податоците на Амстердам, во тој град има 166, или 30 отсто од сите во Холандија. Од 1970-те, холандската влада ги толерира оние продавници што продаваат канабис, но производството и снабдувањето со канабис се, сепак, нелегални. https://plusinfo.mk/amsterdam-e-zabrani-vlez-na-turisti-vo-kofishopovite-vo-koi-se-nudi-marihuana/ Холандскиот менталитет се уназадува, северомаќедоња оди напреТ
Не кажува таа во статијана горе дали сака или не сака богати, туку дека не сака проблематични. Доколку разбираш англиски: Foreigners face being banned from Amsterdam’s cannabis coffee shops as part of wide-ranging plans to discourage organised crime. "Amsterdam is an international city and we wish to attract tourists – but for its richness, its beauty and its cultural institutions,” the mayor said, adding that the cannabis market was too big and had too many links to organised crime. Ти не читај како што ти се сака тебе. Или читај како сакаш ама не дискутирај во тој случај.
Ја најдов веста She said the city could remain “open, hospitable and tolerant”, but at the same time would make life more difficult for criminals and cut down on mass, low-budget tourism. Fueled by cheap flights and online booking, however, tourist numbers in Amsterdam – a city of 850,000 residents – have surged to nearly 20 million visitors a year, many of them young and on tight budgets. More than 29 million are forecast by 2025.
Затоа што претставува проблем. Ни јас не сакам “туристи“ да ми прават гужви по улици за кланот на Заев или не знам ти кој да се богати накнадно.
А прочита од каде им е проблемот? Не оти има луѓе кои пафкаат, туку има луѓе кои продаваат. Тоа е криминалот. Напафкани луѓе се најмирните суштества на светот. Како прајте, сенкир Флака е Марихуанта, па некој-некому може фацата да му ја изеде
А овде проблеми ќе нема оти власта се ќе среди Да, така прајме. Уште да имаше мој цитат да поткрепиш. Ај терај.