Не мислев конкретно така, сакав се вкупно да кажам, дека многу работи им се дозволени, и дека се имаат на дофат, зборам и за малолетни лица.
А кога деца од 15 години пијани се влечкаат по улици не гледам да ви смета. За нација што е прва за цигари и алкохол, диазепамот е витамин, а антибиотици се бонбони, не гледам некој проблем да се легализира марихуаната која нема огромни штетни ефекти.Само што во моментов предлогов е далеку од тоа да биде приоритет, мислам, со прст не се мрднува на оние полиња што се сериозни најбитни.Ама ете, важно некој ќе има добивка.
Зошто да не?! Тој што пуши марихуана, ќе си пуши легално или нелегално. Тој што не пуши, нема ни да пуши. Барем да не се кријат, како најголеми криминалци.
Многу ми е интересно како се плашите за младината, додека младината на велико со години си оди после часови низ кафичи во кои се познати по тоа дека може да си запалиш. Децата знаат работи што постарите генерации не можат ни да ги замислат.
Конечно!!! Од секогаш сум била за легализација на марихуаната за рекреативна употреба, штета што ова не се случи порано додека јас пушев. И тоа дека е штетна само ќе кажам дека цигарите се 10 пати по штетни од марихуаната, доколку е квалитетна не е воопшто штетна. Не сакав да навлегувам во оваа тема, ама начнато е уште во почетокот дека прави оштетувања на мозокот па затоа само вака кратко и јасно се изјаснив околу тоа.
Ако се обмисли добро, зошто да не. Само да не испадне како маслото од канабис во аптека, си плаќаш за плацебо ефект. Мое мислење е дека со легализација ќе се има и контрола на квалитетот до некаде. Нема да продаваат сув магдонос или не знам што сушат за да дополнат на количина. Секако добар дел од популацијата веќе си конзумира, застапено е во добар процент. Па каде и да завртите поготово летно време мириса интензивно на трева. Или шема е сеа вака да се правиме на три ипол? Дијазепам се ,,дила‘‘ под рака без око да ни трепне, а 2ка од другово е боже ме сачувај, поплукај си во пазуви и помести се.
Е да, и ова! Мислам дека Амстердам, имаше посебни места и локали, каде што се конзумира, ама не сум сигурна баш како беше.
Се согласувам Никогаш овде нема да биде Амстердам , бидејќи свеста е мн голема таму , чистота ,екологија ,велосипедизам на -20степени и итн . Овде со ова само дилери ќе никнат уште повеќе , јас сум за легализација ,и онака алкохол и цигари се штетни а се легални ,може и марихуана Само блиските на секоја власт ќе се офајдат од ова ,за обичниот народ се знае ,ручката од тупанот
Ако веќе легализира марихуана на туристичките места нека дозволи и станарите да посадат, а не да си прави профит Заев да може легално да му се продава неговата марихуана.
Зошто забрануваа пушење во кафани ако можело џоинт? Контрола ќе имало, туризам ќе развивале.... за гревови сме. Кој црн туризам, као кај нас ќе се сјати кремот белосветски да ужива во контролираната слобода.?! Инаку, сум за декриминализација на марихуаната, тој што сака да конзумира по дома, да може да си засади, без можност за продажба. Ко ќе ми текне дека Кили мораше да се отсели и којзнае колку луѓе беа шиканирани за глупости.
Ја поддржувам легализацијата на марихуаната но за жал е само профит и ништо друго. Нема никаде за медицински цели и не е легализација туку монополизација за Заев и тие околу Заев. Секој друг кој не е блиску до Заев ќе му дојдат џандари на врата.