Neka go legaliziraat ke dojdat mnogu turisti. Kombinacija na evtina i kvalitetna hrana so marihuana ke bide top
Доколку не сте зависници нема потреба да се лечите. Може само да не конзумираш повеќе дрога бидејќи лошо влијае на здравјето а и на другите околу нас. Да не биде јас велам дека етанолот е дрога. Прочитај на интернет да се увериш. Научно потврдена информација.
Да, да, чаша вино еднаш неделно лошо влијае на здравјето и на околината. Сигурно не слушаш ни „странска музика“ пошто се пее за секс, дрога и разврат.
Слушам странска музика но не слушам музика во која секој збор е дрога курви и слично. Влијае лошо и чаша вино бидејќи тоа е усмрден и скиснат сок од грозје. Доколку сакаш да пиеш здраво вино купи грозје исцедиго сокот па пиј и 5 литра ако можеш. Од тоа нема ниту на организмот да му наштетиш ниту пијана ќе бидеш ниту на околината ќе дадеш лош пример. Нека не ве теши тоа една чаша. Трезна глава и со една чаша вино не е исто.
Оф топик- само шеќерот да си го прашаш дали е арен, после толку сок од грозје Он топик- се си кажал @ЕденЧлен . Контролирано производство и пласман, напуштена младина, што повеќе да посака човекот, за среќна иднина
Лолл Етил алкохол е 100% алкохол и се рачуна како опијат Дај не збори глупости Ти ако не пиеш значи ние другите се дрогираме Умри ти као светец ако сакаш, иди замонаши се
Така му идеше муабетот, не навистина да се напие толку. Не е можно како прво дури и вода да е. Етанолот е психоактивно дрога, можеш да провериш информација пред да почнеш со излив на фрустрации бидејќи не секогаш можеш да бидеш во право. Етанолот е дрога без разлика дали се наоѓа 40% или 20 проценти во одреден пијалок. Ова е исто како да кажеш дека мдма не е дрога бидејќи се мати во вода па се конзумира. Не е дрога пошто не е 100% нели? По твоја логика се смета за дрога само доколку е 100 % супстанца од еден вид и не се меша со друга. Тоа што не сум замонашен не ме лишува од живот со морални вредности и дисциплина. Никаде не пишува дека таков живот е само за монаси а дека обични луѓе може да се растураат и со дрога и со све живо. Spoiler: Едукација https://en.wikipedia.org/wiki/Alcohol_(drug)
Како стигнавте од марихуана до вино и грозје Сега уште фали Кавадарчани да се приклучат да кажат дали била успешна бербата и колку литри вино направиле.
Лол, неиронично си фан на Мирољуб, уште полошо од тоа што очекував. Усмрден и скиснат сок од грозје аааааааааа. Не, не, не, нема подно од ова. Сирење - усмрдено и скиснато млеко. Леб - усмрден и скиснат квасец. Пршута - усмрдено и скиснато месо. ЛОЛ.
Не ми ја кажувај ти на мене мојата логика жити се Дај бе иди створи си живот чоеку Си се зачленил на женски форум и само ко тетка некоја дробиш овде и збориш за морал и морални вредности. Ти прај што сакаш а нас расипаните остај нѐ да се уништуваме ок? Башка ти си тој шти збореше дека треба ХЕРОИНОТ ДА СЕ ЛЕГАЛИЗИРА а сеа овде збориш како пиеш сок од грозје.. Иди млекцето подгреј си го и легни си Иначе да мдма ја сметам за дрога И не замарај више не ми се прави паметен
Абе во право си е монахот, алкохолот по дефиниција и класификација е дрога, ама и доматот е овошје па никој не го става во овошна салата.
Кој Мирољуб? Инаку да, усмрдено е, скиснато е и од таа причина содржи психоактивна супстанца која лошо делува на човекот. Сирењето не е алкохол ниту може да се опиеш од сирење. А леб како што знам се прави и без квасец ама и од оној со квасец нема да се опиеш.. Пиво исто, знам да се напијам безалкохолно. И тоа има квасец. Зборуваме за алкохол а не за јадење. Те разбирам. И јас кога конзумирав алкохол неможев да замислам дека тоа е дрога. Така и ти. Бидејќи ти користиш тоа не ја менува вистината. Што да дробам и зборам не ми кажувај ти, ако ти одговара читај ако не ќе ме прескокнеш и готово. И не ви кажав што да правите, туку дискутираме, никого не присилив или терав да прави нешто. Јас сеуште сум за легализација за хероин, но не и за пушење марихуана. Мислам дека ќе ти текне од која причина. И не праиме муабет што ти сметаш за дрога а што не. Туку научно е потврдено дека етанолот е дрога, така да џабе тоа што ти мислиш дека не е дрога. Ти замараш бидејќи ме цитираш. Кажав и пак ќе ти кажам. Доколку не ти се допаѓа нешто или не е по твој тертип не ме читај ниту ме цитирај за да не те замарам. Не пишувај апсурди молим ти се. Алкохолот е психоактивна супстанца и делува како така. Причина е за милиони смртни случаи поради конзумација, убиства, насилство и слично, така да тоа што одредена група на луѓе мисли дека не е дрога може само да мисли.. Доматот колку и да велат дека е овошје тоа сепак нема да биде дел од овошна салата од причина што нема вкус кој е препознатлив за овошје.
Па да им бил на наркоманите хероинот подостапен за да умрат сите И демек немало да крадат Абе филмови