Знаеш колку многу луѓе пушат?Ама дека не е легално па ај може и да не се примети. Мислам, океј сум со тоа што не си за легализација, ама да не се правиме слепи.
не ми е грижа дали некој конзумира марихуана или не. нека се пријават самите кои се, колку се, може и попис со тестирање на крвта за потврда и нека си побараат легализација. меѓутоа, не значи дека е тоа исправно. а инаку, има и еден куп луѓе кои тепаат жени. не значи дека и тоа треба да се озакони. пред да се каже дека е неспоредливо, се работи за принцип - она што можеби не е штетно за одреден број случаи не значи дека е севкупно применливо. не може заради минимален ризик да се смета дека нема опасност за штета.
донекаде да. цигарите го уништуваат тој кој ги користи. алкохолот зависи од дозата, но секогаш може да е човек свесен да се контролира колу зема. а марихуана, некогаш дури и малку е доволно за лоши дејства.
И марихуаната зависи од дозата и може човек да е свесен да се контролира колку зема. Ова е чиста лага. Буквално 2 дима не се доволни за лоши дејства, а можат многу да помогнат. Ако е вистина, те молам сподели примерок.
Си пробал па знаеш? Марихуана е друже не хероин. И убаво вика Енџи погоре, не значи дека све што е легално е исправно и добро. Ете на пример коцката е легална а има уништено многу повеќе животи од марата.
а ако е мешана со катран? а ако предизвика реакција кај корисникот? независно, востановено е дека има лоши дејства и дека е дрога која доведува до болести на зависност и општествен и здравствен проблем, инаку ќе беше легално досега.
не, ниту имам пробано, ниту би. дрога е дрога, независно дали лесно опојна или тешка. а за коцка, и против тоа сум.
Па не треба да биде мешана со катран. Јас не велам да се меша со катран. Јас зборувам за 100% канабис. Каква реакција? Алергиска? Ако самиот кабанис предизвикува алергиска реакција, логично корисникот не треба да користи кабанис. Но не поради самиот канабис општо, туку поради фактот дека нему конкретно индивидуално токму тоа растение му создава алергени. Исто како на некој што тоа му го прават кикириките. Општо воставено во '62. Баш токму затоа што со понови испитувања се докажува дека има се повеќе здраствени бенефити, токму затоа и на се' повеќе места и е легален канабисот. Што значи според твојата логика на легално = добро, канабисот сепак е добар. Кул.
ако мислиш дека ако се озакони марихуаната дилерите ќе даваат 100% чиста - нема шанси, би била прескапа. ќе мешаат со што ќе стигнат. реакции има секакви, алергии не може да се знаат додека не се проба, а најопасно е веднаш ако делува со дивеење на корисникот. дрогата си е е дрога и е дрога, а за оправдување на целта секакви студии ќе измислат, но сепак факт е дека е штетно и за корисникот и за околината. од друг аспект, ако се смета дека болни заразни луѓе се штетни, дали тоа значи дека треба да се усмртат? или лечат?
Ако се легализира, прво и основно ќе можеш сам да си растеш и да се осигураш дека конзумираш 100% чист канабис. Второ, би имало повеќе протоколи и контрола околу квалитетот. Тука лежи проблемот на твоето мислење. Дрога е дрога, ама не се важни студиите? Научни студии што докажуваат дека тоа растение е всушност бенефитно? Студии што ќе измислат? Лол. Океј, верувај си во што сакаш.
дивеење од типот тепање, физичко насилство и сл. како што на пијано лице му се забранува да вози така и на дрогирано не треба да се дозволи да наптети на другитеж особено зависници кои кога ќе кризираат прават сешто за да добијат нова доза.
ах, па нема да дозволат секој сам да си расте по дома, само да се купува од одреден производител. а и не треба, секогаш е можна злоупотреба. самите корисници порано подоцна стануваат зависници и општествен проблем. а за студии, ако има лековито дејство, има процедури, протоколи и начини за обработка во вид на лек и пакување. не може секој кој сака по дома да си расте и не треба. но, сето е релативно, секогаш има алтернатива за лековити дејства.
Јас пушам и маж ми исто, гледам се убивме по дома. Ете сега моментално дивееме, јас читам на едната страна на троседот, а он гледа филм на другата страна, подиво нешто здравје. Од каде ги вадите ваквите ваши статистики и заклучоци не знам, кој ви го плакне мозокот. Марихуаната не предизвикува насилност и девијантни однесувања, ако сте виделе со ваши очи некој да е насилен и напушен, веројатноста е дека е насилен и трезен и марихуаната нема ништо со тоа.
во некои земји за поседување дроги следува и смртна казна. имаше така еден австралиски филм https://m.imdb.com/title/tt0094937/