можеби не е тоа марихуана што ви продале туку оригано? инаку, обично агресивноста произлегува при интеракции со други луѓе надвор во јавноста.
Да сигурно е оригано, пушиме повеќе од 7-8 год, знаеме што купуваме. И во јавност сме пушеле и после работа на собиранка и во друштво со пријатели и никогаш, ама баш никогаш немало насилен испад.
немам кажано таква работа. ако кажам дека имало убиство, не значи дека поддржувам некој да биде убиен. бре, уште не се легализира дрогата и веќе се сторивме како колумбиски нарко картел сите.
а дали сте полни со пари? обично кусокот пари и со тоа неисполнување на желбите е главна причина за конфликти. би ви предложила да внимавате со вакви изјави, можно е некој да ве пријави в полиција и да ве побараат.
Слободно нека ме пријават, ако ме најдат. И нема што да ти кажувам колку пари имам или немам, тоа воопшто нем никаква врска со темава, тропаш глупости.
не знам, ниту ме интересира. од каде вие носите таков заклучок? ако е некаде во странство каде е озаконета, тогаш тоа нема врска со темата. темата е за во Македонија.
И јас исто така, ама не тропам глупости. Плус и јас зборам и за Македонија и за странство, секаде пушам, има разлика во квалитет ама не продаваат оригано тука барем не на искусни. Ако појдеме од тоа дека во Холандија стапката на насилство е ниска каде што марихуаната е легализирана, зошто тогаш тврдиш дека предизвикува насилство, како заклучи?
Не ми менува. Немам пробано нити ќе пробам. Околу мене повеќето имаат пробано и редовно дуваат. И од тоа што имам видено од други, не сакам никогаш ни дим да вдишам.
Вие уствари се имате истепано веќе ама блекаут ви се задесил па не ви текнува. Провери да не имаш модринки некаде
Ама какви аргументи? Австралијански филмови се аргументи? Прво, секој лек е и дрога. И витамини ако конзумираш неконтролирано, штетно е. Кога сме кај зависноста, што велиш за зависноста од антидепресивите? Во мкд диазепам се продава повеќе отколку кафе. Научно е докажано дека има бенефити од употреба на марихуаната. Психотропно можеби делува во екстремно големи количини. Ама дека некој пафнал и станал зависник, јас не верувам. Не верувам ни дека тие што пушат марихуана се насилни. Некој ти спомна и погоре, ја израмни марихуаната со хероин, па како станувале насилни, па краделе за да добијаат уште... Смешки. Инаку на темева, јас сум за легализација, ама кој сака да може да одгледува. Секако за домашна употреба.
не реков дека австралискиот филм е аргумент за или против озаконување на дрогата. тоа е попатен разговорен факт. што може и да укаже на штетноста на дрогите, иако мислам дека не треба смртна казна за било што. толкувања за научно докажани работи се релативни, секогаш има алтернативи на дрогата. диазепами, антидепресиви не се тема на дискусија тука. а ако секој си расте како сака дрога дома тоа отвора патишта кон злоупотреби. за негирање зависност - тоа е еден од симптомите на зависностаж дека не се зависни. дрогата и зависноста отвораст пат кон насилство и криминал.
да не се разбереме погрешно, мислам на манипулирани т.е. квазинаучни студии кои се со цел на манипулирање на јавното мислење. тоа ти е како да велиш ако сите хомосексуалци се или мажи или жени, тогаш сите мажи и жени се веројатни хомосексуалци. јас прикажувам негативни ефекти од легализација на дрогата. ефекти кои сигурно ќе се намножат ако се озакони дрогата. прво лесните, потоа што е следно?