Чекај малце шо сакаш да кажеш со делот со хомосексуалците? Јас сум глупа и не разбирам или? Може некој да ми објасни што сака да каже членката? Секако дека се мажи или жени хомо, што друго да се, вонземјани? Инаку да негативни ефекти на легализација ќе има, оти најверојатно во нашата земја и тоа ќе биде тло за криминал, ама други негативни ефекти јас не гледам како би имало. Што може да е следно, ништо посебно нема да е следно оти друга дрога не може да се легализира поради големиот број на негативни ефекти кои марихуаната ги нема.
пред да бидам повторно погрешно толкувана: не велам дека со конзумирање марихуана се станува хомосексуалец. ни вонземјанин.
Не викам дека не може да има негативни ефекти од марихуана, дрога е, од секоја дрога можеш да имаш лош исход, ама факт е дека е помеѓу помалку штетните, пак ќе земам пример алкохол и ќе речам дека има понеубави последици отколку да речеме повремено марихуана.А за насилство, мислам дека е реткост некој да е насилен кога е надуван. Тоа што ќе се легализира не верувам дека ќе ја смени драстично бројката на луѓе што конзумираат, ти викам, голем број луѓе веќе земаат, сега само нема да биде со криење.И факт е дека кога нешто е забрането е попримамливо, особено за тинејџери, барем од искуство ова.
Јас познавам многу насилни и антисоцијални луѓе кои не се под дејство на марихуана или други опијати. Имате став тоа е во ред, но немате издржани аргументи за да не убедувате дека тоа е така.
Да, тое е само ТВОЕТО мислење, а не 100% вистина, поткрепена со доказ. И сосема океј е да си го имаш мислењето...
колку само нарко зависници тргнале по тој пат од љубопитство, бунтовништво или што уште не и лошо завршиле порано подоцна, водејќи кон семејни и општествени трагедии, како оној наркосот пред неколку години кој уби со кола една новинарка во капиштец, и тоа на тротоар. ни крива ни должна кутра жена ја убија. трагедија.
Дали мислите ако марихуаната не е легализирана, не е и достапна. Тие што ја конзумираат наоѓаат начин и сега, никој не ги спречува. Така што ништо нема да се промени.
Не, спинуваш смртна казна. Посочи што е алтернатива на марихуаната? Говорам кога таа е користена за медицински цели. Ни болест на зависност не е тема, па ти не убедуваш дека сите што пафнале марихуана се наркомани. Како ќе се злоупотребува ако секој што сака да користи ќе одгледува? Никој нема да е приморан да расте дома, исто како што не се сите пушачи или алкохоличари, иако тоа е легално. за негирање зависност - тоа е еден од симптомите на зависностаж дека не се зависни. Ако го посочи конкретно за мене муабетов, никогаш не сум пробала марихуана. Зависна сум само од никотин. Секој лек е дрога. Појасни ми како цитерал на пример може да ме направи криминалец? Ете ја пак зависноста ја спомнуваш. Зависност од што води до насилство и криминал? Зависност од цигари, од видео игри, од секс?
и да не е сто посто, и малку да е вистина, доволно е за да има опасност од лоши случувања. доволно е 1 будала и 1 глупост или зло дејство и доволен аргумент е за штетност на дрогата.
Зависниците најчесто имаат и други (ментални) проблеми па ова им е лош механизам за справување, за жал.Од нигде никаде никој не станува зависник, најмалку од љубопитство. Ова е само мое видување ама сепак мислам дека во голем број случаи е така.