1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Легионела (Legionella Pneumophila)

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од al-vik, 7 јуни 2012.

  1. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Кој знае нешто повеќе за оваа бактерија, отворив нешто на интернет прочитав дека е смртоносна и не можев повеќе да читам. Ако има некој искуство што како, на кој начин може да се бори против неа освен со лекарствата препишани од докторите, некои чаеви или слично.
     
    На Nalayan му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Овде е многу убаво објаснето за легионелата, поточно за т.н легионерска болест.
    Не треба да се плашиш, бидејќи не значи дека ако имаш легионела, дека ќе биде смртоносна, тука влијаат многу фактори - сепак, оваа бактерија и не е толку отпорна на антибиотици (иако се смета дека со прилагодување може да се искористи како масовно биолошко оружје поради лесниот начин на ширење).

    Легионерска болест

    Легионерската болест преставува тешка форма на пневмонија – воспаление на белите дробови, обично предизвикано од инфекција. Легионерската болест е предизвикана од бактерија, позната како Легионела.

    Легионерската болест, иако е инфективно заболување, неможе да се пренесе од човек на ловек. Наместо тоа, повеќето луѓе со оваа болест ја имаат вдишано бактеријата. Постарите лица, пушачите и луѓето со ослабен имунолошки систем се особено подложни на Легионерска болест.

    Бактеријата Легионела, исто така, предизвикува и Понтијачна треска - поблаг облик на заболување, слично на грип. Одделно или заедно, овие две болести понекогаш се нарекуваат Легионелози. Понтијачната треска обично поминува без некој посебен третман. Но, нелекуваната Легионерска болест, може да биде фатална. Иако навременото лекување со антибиотици обично ја лечи оваа болест, некои луѓе продолжуваат да имаат проблеми дури и по третманот.

    Симптоми
    Легионерската болест обично се развива од 2 до 14 дена по изложеност на бактеријата Легионела. Таа често пати започнува со следниве знаци и симптоми:

    - главоболка
    - болки во мускулите
    - треска
    - температура која може да биде 40 степени Целзиусови, или повисока

    До вториот или третиот ден, се развиваат и следниве симптоми:

    - кашлица, која може да биде со слуз, а понекогаш и крв
    - недостаток на воздух
    - болка во градите
    - замор
    - губење на апетитот
    - гастроинтестинални симптоми, како гадење, повраќање и дијареа
    - конфузија или други ментални промени

    Иако Легионерската болест примарно ги зафаќа белите дробиви, таа повремено може да предизвика инфекции и во другите делови од телото, вклучувајќи го и срцето.

    Благата форма на Легионерска болест, наречена Понтијачна треска, може да предизвика симптоми, како што се треска, главоболка и болки во мускулите. Понтијачната треска не ги напаѓа белите дробиви, и симптомите обично се губат за два до пет дена.

    Причини
    Бактеријата Легионела Пнеумофила е одговорна за повеќето случаи на Легионерска болест. На отворено, Легионелата се наоѓа во почвата и водата, но таа ретко предизвикува инфекции. Во затворени простории, оваа бактерија може да се размножува во сите видови системи кои содржат вода – џакузи, климатизери и распрскувачи на водена пареа во самопослугите.

    Иако е можно луѓето да заболат од Легионерска болест од домашните водоводни системи, поголемиот број на епидемии се случуваат во големите згради, можеби затоа што нивните водоводни системи овозможуваат послесен раст и ширење на оваа бактерија.

    Ширење на инфекција
    Повеќето луѓе се инфицираат кога ги вдишуваат микроскопските водени капки кои содржат бактерии на Легионела. Ова може да биде пареа при туширање, чешми или бањи, или дисперзирани честички на вода од вентилационите системи во големите згради. Епидемиите се поврзани со голем број на извори, вклучувајќи:

    - џакузи и базени на големи бродови
    - разладни системи
    - декоративни фонтани
    - водени тенкови во физикалната терапија
    - водоводни системи во хотели, болници и домови за стари лица

    Научниците се уште не се сигурни за тоа колку изложеноста на бактеријата е потребно за да се предизвика болест, но некои луѓе се разболуваат по вдишување на контаминирани капки за само неколку минути. И за разлика од многу бактерии, кои се шират во мал радиус, Легионелата е способна да патува низ воздухот дури 6 километри.

    Иако бактеријата Легионела првенствено се шири преку ситните водени честички, инфекцијата може да се пренесе и на други начини, вклучувајќи:

    - Аспирација. Ова се случува кога случајно се внесени течности во белите дробови, обично поради кашлање и задавување додека се пие некоја течност.

    - Почва. Некои луѓе се заразуваат со Легионерска болест после работа во градината или користење на контаминирано ѓубриво.


    Ризик фактори
    Не сите кои се изложени на оваа бактерија се разболуваат од Легионерска болест. Оние кај кои постои повисок ризик од развој на ова заболување се:

    - Пушачи. Пушењето на цигари ги оштетува белите дробови, поради што тие се подложни на сите видови на белодробни инфекции

    - Ослабен имунитет. Луѓето кои имаат ХИВ/СИДА или земаат одредени лекови кои го намалуваат имунитетот почесто се разболуваат од Легионерска болест

    - Хронична белодробна болест. Луѓето кои имаат емфизем или друга сериозна состојба, како што е дијабетес, бубрежни заболувања или карцином се поподложни на оваа инфекција.

    - Возраст над 65 години

    - Водоводџија или сервисер на климатизери


    Компликации
    Легионерската болест може да доведе до голем број на живото-загрозувачки компликации, како што се:

    - Респираторна инсуфициенција. Ова се случува кога белите дробови не се повеќе во можност да обезбедат кислород за телото или пак кога неможат да го отстранат јаглерод диоксидот од крвта.

    - Септичен шок. Ова се случува кога тешкиот ненадеен пад на крвниот притисок го намалува протокот на крв во виталните органи, особено во бубрезите и мозокот. Срцето се обидува да ја компензира оваа состојба, но ова доведува до слабеење на срцето и дополнително намалување на крвниот проток.

    - Акутна бубрежна инсуфициенција. Ова е ненадејно губење на способноста на бубрезите да ја вршат нивната основна функција – филтрирање и исфрлање на отпадните материи од крвта. Кога прекинува бубрежната функција, во телото се насобира течност и се појавуваат отоци.

    Дијагноза

    Легионерската болест е слична со другите видови на пневмонија. За да може брзо да се идентификува присуството на бактеријата Легионела, се проверува урината за присуство на антигени на Легионела. Освен уринарниот тест, потребно е да се направи и:

    - крвна слика
    - РТГ слика на белите дробови
    - Спутум (искашлок)
    - Компјутерска Томографија

    Лекување

    Легионерската болест се лекува со антибиотици. Колку порано се започне со терапија, толку е помала можноста за развој на компликации. Понтијачната треска поминува без третман.

    Превенција

    Појавата на оваа болест може да се спречи со редовно чистење на климатизерите, базените, чешмите, кадите и тушевите. Бидејќи еден од најголемите ризик фактори е пушењето, тоа треба да се избегнува.

    Преземено од www.zazdravje.com.mk