1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лекарите простестираат поради насилството врз нив

Дискусија во 'Политика и настани' започната од referentka, 18 септември 2019.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Деновиве доста актуелна тема.


    Лекарската фела сака со мирниот протест да ја подигне свеста на народот а воедно и да се заштити од насилниците низ болничките ходници.

    Мислењата на народот - поделени.

    Еден дел се гневни на третманот и однесувањето на лекарите кон пациентите.
    Друг дел ги поддржува.

    Вие во кои спаѓате ???
     
    На Alishan30, LejlaD и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    За да го одвојам воведот од мое лично мислење, ќе напишам посебен пост.

    Луѓето СЕ насилни , ама и докторите не се ,,цвеќки,,

    Односот им е НУЛА.
    Секогаш има исклучоци, но се толку малку , што се губат во толпата.
    Никој од убаво не дошол да чека во ходникот.

    Незнам, можеби грешам, ама ако немаш врска за да те води низ ходници, некој, ама баш никој од медицинскиот персонал нема да те погледне.
     
    На sj *O*, ocicka2014, Nigredo Odor и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    За темава имам поделено мислење некако, но не сум пристрасна зошто од една страна до вчера сум била пациент(и уште сум пациент), а од друга страна сум идно медицинско лице...
    Искрено не само докторите треба и фармацевтите да протестираат со нив. Во аптека колку фармацевти имаат преживеано физички напад од пациенти, но за тоа никаде не се збори... Сум била личен сведок на пракса во аптека на такви ситуации... Веројатно не се толку сложни и организирани како АСМЛ.

    Вистина и двете страни не се цвеќиња за мирисање. Но, мислам дека има и пациенти кои што се навистина со низок праг на толеранција, не можат ред да чекаат. Искрено, фала богу немам често потреба да одам на прегледи, освен кај офталмолог за рутинска контрола 2 пати годишно. Е таму што се се немам изнагледано. Преку ред ми влегувале, па кавги со мене, млада си ти, ние да завршиме брзаме (брзате само вие?!?!), па урлање по ходници зошто немале термин, шо било проблем да ги прегледаат туку така. Ние другите што сме си закажале термин будали ли сме? А од друга страна па и офталмолозите кај кои сум одела некогаш знаеле да се агресивни, па да викаат... Прво срамота е воопшто у 21век работи да се решаваат со тепање... Друго, па и за академски граѓанин, уште и со диплома доктор, специјалист, срамота е да повишува тон, да се однесува неетички и уште повеќе да ја подгрева ситуацијата со нервозен пациент...

    Поддржувам мирен протест, да, но и докторите треба да го променат нивниот однос, не само пациентите. Зошто ароганција, нервоза, викање од овој тип, цитирам "КАЈ СИ ДОШОЛ БЕ ТИ БЕЗ ЗАКАЖАНО, ШО МИ ВЛЕГУВАШ ВАКА У ОРДИНАЦИЈА, АЈДЕ ИЗЛЕГУВАЈ"...
    Не може ова на посмирен начин ли да се соопшти... Има луѓе со краток праг на толеранција, толку им треба да почнат со напад. Ако едната страна е нервозна, ти биди смирен барем, медицината е хумана професија, не се однесувај така животински. Ова од страна на пациент го мислам.

    Еве сега како студент на медицина ќе си кажам мислење, да речеме сум дипломирала за некоја година, овие доктори од погоре опишаните ми се пример како НЕ треба да се однесувам со пациентите. Свесна сум дека ќе се соочам со луѓе со различни карактери, но мое ќе биде да останам смирена и покрај се. Би сакала да има обезбедување веднаш во близина на катот кај што ќе работам и како во аптеките копче до работната маса да речеме, доколку осетиш ситуација во која ти треба помош од обезбедување веднаш да го притиснеш (искрено може го има ова, но не сум сигурна, не сум била од страна на доктор во ординација за да проверам дали има). Би се обидела да ја смирам ситуацијата и во краен случај повикувам обезбедување. :)


    И јас го мислев ова се додека не правеше брат ми операција на државна на оддел детска хирургија. Помина операцијата одлично, докторите од тој оддел навистина работат коректно. Вечерта забранети посети беа плус, но на брат ми требаше нешто да му се однесе, медицинската сестра почна да ми вика кај сум дошла не било сега време, докторот дојде и ми отвори врата и вика на сестрата "не треба така да се однесуваш, гледаш ти кажува дека неопходно е тоа да се донесе, му треба на детето" и беше максимално посветен околу брат ми и сите дечиња таму. Сите се чудеа кога прашуваа дали сме прошле така операција без мито и врски, демек не им било верно. Грешката е и во нас луѓето што поддржуваме систем со мито и врски.

    Всушност, заклучокот ми е дека потребни се промени и од двете страни. И од пациентите и од докторите подеднакво. Инаку џабе и протест и се.
     
    На Mrs. Lovett, sj *O*, SnowWhite8 и 19 други им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    На лекар се оди поради проблем или болка.
    Да ме боли, да чекам и кога ќе се смилува да ме прими, се однесува како да сум го прекинала на најважното нешто во живот и гледа што поскоро да ме истурка од врата.

    На народот му е здодеано.
    Плаќаме здравство а не добиваме за возврат ништо.
     
    На Mrs. Lovett, sj *O*, jasbi и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    4.138
    Пол:
    Женски
    Кај нас ситуацијата во здравството почнувајќи од однос на вработени, опрема, знаење, однос на пациенти итн.. е сведена на НУЛА.
    Организација никаква, и со закажувањата на термини им е се помешано. Ако имаш закажано во 10, одиш во 10:15 и веќе е на ред др.пациент, или докторката доаѓа цел саат покасно затоа што пиела кафе(ова од лично искуство). И нормално, јас со болки едвај издржливи станувам се понервозна и толеранцијата ми се губи, неможеш а да не и преговориш.
    Секоја чест на исклучоците кои стварно си ја знаат професијата и имаат одличен однос медицинско лице-пациент.
    Се двоумам, ама повеќе и НЕ ги поддржувам.
    Ама куќа од покрив не се гради, така да мора многу нешта да се променат кон подобро за да стигнеме и до тој степен да протестираат за насилство.
    Инаку покрај сите околности што ти влијаат на расположението зависи и од индивидуата на личноста. Еве живеам во држава каде што имаат здравство супер организација, ама се погодив кај матична-намќор. Уште на првиот преглед кога ме прими се испонаша катастрофа, како јас од што сум сакала сум отишла таму а не дека имам потреба, за разлика од неа кога отидов првпат кај гинекологот ме поздрави со рака, се претстави и ми се заблагодари што сум ја избрала токму неа за матична.
     
    На Sesil, Broken♡, Fleur-De-Lis и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Системот е толку уништен, да на луѓето не им останува друг начин, освен по пат на насилство да го изразат своето незадоволство и бунт. Не би ги окарактеризирала нападачите како бескрупулозни насилници кои рандом влегуваат и прават неред пошто така им фркнало тој ден, туку во дадена ситуација во која не те перцепираат како човек тебе или некој твој близок кој можеби е на смртна постела, а никого од тие што треба, не ги боли *****, од човекот знае да излезе на виделина и најтемната страна, губиш контрола и реагираш инстикнтивно. Господата во бел мантил, да се симнат на земја и да стават прст на глава, да си го преиспитаат однесувањето, луѓето да ги перцепираат како луѓе, а не како ходајуќи новчаници од кои како хиени гледаат да зграбат што повеќе за да ти пружат ХУМАН третман, потенцирам хуман, не нешто над нормалните стандарди.
     
    На Nigredo Odor, jasbi, PaLaVa и 10 други им се допаѓа ова.
  7. DevilGirl212

    DevilGirl212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.318
    Пол:
    Женски
    Можеби ќе звучам дрско, ама тоа што им го прават на пациентите и однесувањето кон нив на ништо не личи. Ги оставаат да чекаат додека тие си го испијат кафето и испушат цигарето, а некој во ходникот душа испушта. Сите знаеме дека здравствово овдека е под нив, прво повеќе од нив не се ни доволно образовани со дипломата в џеб од татичко и мамичка па уште нос креваат. Бев да донирам крв, докторката ми вели немаш вени, како то можам да немам вени?! Изгледа уникатна сум :rofl: Пред недела дена да чекаме 1 саат брза помош? Да се работи за мој поблизок да го третираат така, не насилство, пушката и се по ред би средила. И да девојчето што погина од автобусот што се преврти на автопатот Скопје-Гостивар со ампутираната нога умре поради докторска грешка. Сите би ги лежела. Незнам за кое здравство зборуваме овде кога ние здравство во оваа наша државичка немаме. Медицински сестри со средно! Само напред.
     
    На jasbi, Biny, Broken♡ и 2 други им се допаѓа ова.
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    јас спаѓам во првите,не ги поддржувам воопшто. И јас сум медицинско лице окапав по пракси и волонтерство и маста ми излезе и по се што видов малку е тоа пациентите што им го прават. И како пациент и како медицинско лице зборувам. Малку им е. Да дојдам јас на работа и прво да седнам да појадувам па кафе да испијам после цигара и?? Не за да добијам ќотек туку за да ме обесат ќе бидам. А за тоа време јас додека се "ланчам" некој станал од 5 утрото за да пропатува 2 саати и да стаса на преглед и уште згора на тоа да ме чека да се најадам и кафе да испијам и сето тоа зашто сум сакала да поспијам утрото место да станам порано за да си ги завршам обврските што треба дома да ги завршам.

    Пациенти слободно да ме истепате и мене и сите кои така се однесуваат,ни ја почитуваат работата ни ги почитуваат пациентите ни прифаќаат дека згрешиле кога скраја да е им се влошила состојбата на некои од пациентите. Слободно да не задавите сите нас медицински лица кои сме пошле 3та смена на работа за да спиеме а да земеме плата ко да сме сработиле којзнае што. И ич да немате грижа на совест.

    Значи лекари и такви лица кои повеќе се шуткате одколку што работите ја почитуваме вашата работа иако често не е коректна,сменете го односот спрема пациентите утре и ваш близок ќе заврши по болници па ќе барате вашиот колега да не оди на мочање зашто имате итен случај и тогаш ќе видите како им било на тие кои вас ви се заканувале.

    Не барајте кривица кај што нема кривицата е во НАС самиот персонал поради несовесното работење. Сменете го односот ќе се сменат и пациентите

    Секоја чест на исклучоци кои посветено си работат и на работа се лекари а дома се луѓе.
     
    На Mrs. Lovett, khaleesi1, Nigredo Odor и 12 други им се допаѓа ова.
  9. DevilGirl212

    DevilGirl212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.318
    Пол:
    Женски
    Кај нас иронијата е што ако му се случи на нивен близок тогаш сите врски докторски ќе ги фатат и ти ако си појдена на преглед ќе влези пред тебе преку ред. Ич не се секирај :rofl:

    И уште едно прашање со кое лице протестираат? Да почниме ние за нив да протестираме?
     
    Последна измена од модератор: 18 септември 2019
    На jasbi, Broken♡, Fleur-De-Lis и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Кое насилство, изолирани случаи? Никој од нив не сум видела модар да шета, туку сакаат да скренат внимание врз себе и бараат привилегиран третман зашто се сметаат за надлуѓе.
     
    На tessie, Biny, Independent Girl и 4 други им се допаѓа ова.
  11. DevilGirl212

    DevilGirl212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.318
    Пол:
    Женски
    Да ни е здравствово како што треба да има ред, никој нема да дојде и да ти рече дека си млада па можиш да почекаш, криви се тие и само тие. Чест на исклучоци кој се за жал 1%. Имав проблем со бубрези, земам привилегиран упат, докторката неможела да ме прими имала работа, не примала пациенти повеќе, па јас да одам да си барам чаре, аха да, ќе и се оладело кафето.
     
    На LejlaD, Broken♡, Fleur-De-Lis и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Може да бараат да не бидат подложени на насилство, кога тие ќе престанат да бидат насилни.
    Стравот дали ќе се грижи за татко ми, ме спречи да му шибнам една тупаница на докорот, кога го прашав за прогноза и ми одговори: Стар е тој, шо ако умри!
     
    На Shmizla94, Nigredo Odor, sierra и 21 други им се допаѓа ова.
  13. DevilGirl212

    DevilGirl212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.318
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се јавиме во брза помош, ако кажиме дека е за постаро лице, не доаѓаат господата, старо е си го поминал своето...
     
    На khaleesi1, Shmizla94, Nigredo Odor и 9 други им се допаѓа ова.
  14. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Ја паметам реченицава, врежана ми е во меморијата и мислам дека од истата ми започна аверзија према медицинскиот персонал, иако бев дете. Сами бевме дома со брат ми, мајка ми на работа, деца, баба ми изненада добива мозочен удар. Се сеќам првин ми дојде да се јавам на брза помош пошто нели така не учат од мали нозе, па отпосле на мајка ми, рачунаш секоја секунда е битна. Вртам од бројот од тефтерот, од една страна имаш дете кое плаче во паника и ги моли да дојдат, а од другата страна ладнокрвна кучка која ти вика добро де што плачеш, стара е она, дали сега дали за 1 година, тоа е тоа. Нешто у таа смисла беше. Тотално ладнокрвно, безосетно. Дојдоа по 50 минути.
     
    На sierra, Lolipop23, PaLaVa и 13 други им се допаѓа ова.
  15. DevilGirl212

    DevilGirl212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.318
    Пол:
    Женски
    Мислам дека треба да им се направи анти-протест, па да видат колку незадоволни граѓани има, и да се среќни што некој ги нема упуцано
     
    На Mrs. Lovett, PaLaVa, LejlaD и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Истото и кај мене, баш со истите зборови. Друг па ни рече на глас уште ти ни фалеше.
    Башка уште многу примери имам не нечоечко однесување, пошто окапав по болнициве и Битола и Скопје.
    Да се изолирани случаи ајде де, ама она се нелуѓе. Па 4ца од фамилија ми си ојдоа од лекарска негрижа. Јас 3 пати на смртна постела.. Бетер од стока. Не можеле за мене ултразвукот да го уклучат. Башка навреди од типот ваква, таква.
    Малце им е.
     
    На cresa-jagoda, LejlaD, Amelia и 3 други им се допаѓа ова.
  17. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    се сеќавам баба ми ја скрши ногата некаде 75-80 год имаше. И замислете не и ставија гипс ништо ич со изговор дека стара е џабе и да стават многу тешко дека ќе и зарасне. Остана сирота врзана за кревет. Синовите дома гзот да и го бришат. Си умре сирота од мака на душата. Јас тогаш дете ама сега ми се плаче. Да не бев дете ќе отепав некој лекар сигурно.
     
    На cresa-jagoda, PaLaVa, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.
  18. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.590
    Пол:
    Женски
    Така почина баба ми, ја однесовме во штипската болница, баба ми на заем душа носеше, ама сепак се држеше. Не сакаа да ја прегледат, само така ја "погледнааЌ од далеку и рекоа готова е таа..
    Да имаше преглед, терапија, може ќе се спречеше нешто.

    Имаше така многу докторски грешки кои велеа дека човекот умира, да не доаѓа џабе на доктор, ама дедото и 5 6 години по таа случка се уште е жив.

    Инаку, пред извесен период имав хируршка интервенција поради вагинално воспаление, кога дојде сестрата да ми става инекција и да не праша за појаадок толку лошо се однесуваше кон нас пациентите ко да си им убил некој од фамилија.
    После една од цимерките што беше со мене во болничката соба, ми кажа дека била огорчена поради смртта на нејзиниот син и разводот со мажот. Па што сме и ние виновни поради таа трагедија па да се однесува толку лошо со нас?
     
    На cresa-jagoda, Amelia и Broken♡ им се допаѓа ова.
  19. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    Точно, ама луѓето трпението можат да го изгубат секаде. На улица, во продавница, на бензинска пумпа, во пошта, а за жал здравствените работници најмногу го јадат. Без разлика дали си повеќе или помалку толерантен, дали си пациент или доктор, секој треба да знае дека со агресија и насилство ништо подобро не може да се постигне.

    Затоа што лекарите се пренатрупани со прегледи на мал милион хипохондрици кои за најбанална работа се јавуваат на лекар, па овие посериозно болните испаштаат ради сите други. Значи ниска здраствена и општа култура. Ај настрана тоа што еден доктор во просек добива околу 10 телефонски повици дневно, додека трае работно време, за да даде дополнителен совет за некој трет пациент и уште толку кога е дома.

    Навистина немам намера да бранам непрофесионалност и незнаење, секој еден кој не заслужува да го носи белиот мантил пред се заради своето незнаење и непрофесионалност треба да биде санкциониран. Сурови сте многу со вашите коментари, осуди и генерализацијата кога станува збор за лекарите. Јас пак ќе кажам, патот до дипломата е долг и трнлив, а третманот кој што го добиваат е нечовечки, потценувачки и деградирачки. Никој не сака да биде привилегиран во општеството, туку сака да има услови за работа, долгогодишниот труд и парите кои ги потрошил за да стекне знаење конечно да му се исплатат, а не да бидат жртви на анимално и нецивилизирано однесување.

    Целосно го поддржувам и оправдувам протестот!
     
    На malerozna, marchi-cool, Alishan30 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.692
    Допаѓања:
    116.544
    Пол:
    Женски
    Го поддржувам протестот,но и ние пациентите имаме право на протест.
    Нема доволно лекови,многу од медицинските лица даваат погрешни дијагнози и терапии,и им се дерат на пациентите.
    И меѓу нив има партиски вработени.
    И сето ова е за протест!
    Инаку,секоја чест на оние кои сами се потрудиле и станале доктори и кои се љубезни и праведни кон пациентите и кои правилно ги лекуваат.
    Против насилство сум,но од друга страна го разбирам и гневот на народот.
    Некои луѓе лесно губат контрола кога доживуваат неправди,а тоа го има и во медицинските третмани.
    Треба да се казнат насилниците,но и докторите и сестрите доколку не постапиле соодветно при лекувањето на пациентите.
     
    На cresa-jagoda, Shmizla94, Simonss2 и 2 други им се допаѓа ова.