1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лекарите простестираат поради насилството врз нив

Дискусија во 'Политика и настани' започната од referentka, 18 септември 2019.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Насилство? Се изнасмеав кога видов на фб. Во држава во која докторите уживаат статус на Богови ваква акција? Или ако им возвратиш заради никаквиот однос што го имаат го сметаат тоа за насилство?

    А за што конкретно? Имам слушнато дека во Скопје имало примери каде Албанци најчесто знаеле да се закануваат на доктори, па ако е точно и често распространето ок, нека кренат глас. Во спротивно, посебно оние од другите градови, од какво насилство се бранат?
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.223
    Допаѓања:
    124.267
    Toа не оправдува насилство. Исто ко - ја тепа жена му, ама и нејзе и мрдаше газот.

    У 2 по полноќ, кога е еден дежурен доктор, и има 30 пациенти лежечки и има пијани, тепани и слично, мој познаник отиде дека му е враснат ноктот на ногата и го болело и не можел да оди... на итна... Па кај ќе одишиу у 2 бе? И докторот не го прегледал, му рекол напиј се кетонал. И сеа бруе против докторот. Осет нешто?

    Исто и на фризер.

    Затоа што имаат едно возило и ако е итно кајде што има сообраќајка, нема да отидат оти биле да го боцнат дедото за од притисок.

    Доктор со 30 години работен стаж од километар знае кога некој кине конци.

    НЕ ПОДДРЖУВАМ НАСИЛСТВО КОН НИКОЈ! Не па према доктори и сестри. Мајка ми у последните 2 години се спаси од 3 обиди за убиства, 2 со нож и едно со пиштол. Првата беше наркоманка која се лутела оти не и давале метадон кога сака, вториот пијаница оти докторот кога видел дека е прободен, рекол сестроо извести ја полицијата (оти мора по закон) и овојизвадил пиштол и рекол ако мрднеш ке пукам.
    За 20 000 ова и плус 24ки работи и оди во смени. Може па треба и да ја тепаат за тие пари, шо знам?
     
    На Cherry333, cresa-jagoda, glosipgirl и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    Уживале статус на Богови. (facepalm)
     
    На glosipgirl, Waverly Raven, srcence1607 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.858
    Допаѓања:
    133.182
    Пол:
    Женски
    Овој хаос во здравството е одраз и на менталитетот на народот и на дисфункционалноста на здравствениот систем кај нас. Нема апарати, нема соодветен кадар, не се стипендираат дефицитарни кадри, нема некој програм со кој би се подобрило здравството, нема човек што би застанал на здрава нога туку партиска војска и послушници. Секој чест на исклучоците.

    Доктор не е крив што нема апарат, нема реагенси, само врз основа на обичен преглед не може да се постави дијагноза, некогаш се потребни поопширни анализи. Фрустрацијата од сето ова се истура врз лекарите јер со нив се пациентите во директен контакт.

    Од друга страна, пациентите се научени да си седнат со пријателите на кафе, да си ги раскажат дијагнозите па утре сите иста работа да тргнат да испитуваат без некои посебни индикации. Ова посебно кај постарите пациенти и некои млади хипохондрици. Не знаат ни терминот да го погодат што уствари бараат од докторот ама нешто бараат. Оди жена 70+ години кај матичната и и вика ,,дај упат да си испитам тироидна, може активирана ми е'' Докторот прашува за симптоми и она вика дека многу се заморува исто и комшиката се заморувала и и дале терапија за тироидната. Ако не даде упат одма е лош доктор без чувства, човек си има мака тој не му верува.
    И сега без потреба истата таа ќе биде пратена да проверува хормони, за кои нормално кога некој ќе има реална потреба од нив ќе нема реагенси за него, јер некој од досада испитува свашта.

    Термин закажан во 5, иде пациентка во 5 и 15, само што влегол тој што има термин во 5 и 15 еве ти ја неа исфрустрирана оти и го зеле редот. Ами кај беше во 4 и 55 па да си влезеш на време. И после докторот не чини и ги вика на ред неговите блиски иако може прв пат во живот тој го гледа пациентот.

    Дека има доктори што пијат кафе, се издераваат на пациенти, лечат фрустрации на нив - има. Ама малце осет да се има и од страна на пациентите и да не се пати од синдромот на ,,специјална снегулка'' сигурно би било подобро.
     
    На cresa-jagoda, glosipgirl, Waverly Raven и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Смешки ова -закажана у 5 она иде у 5 и 15 и веќе терминот и поминал |( Кој црн термин, закажуваш у 8 и чекаш да те примат до 10.
     
    На cresa-jagoda, marchi-cool, flower30 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. DevilGirl212

    DevilGirl212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.318
    Пол:
    Женски
    Ауу ма немој, да го боцнат дедото за притисок. Така се понашаш и се грижиш за твојте дома ти? И не, не е едно возило, или секогаш ко ке се јавиме за стари имат сообраќајка? Само не заборавај дека еден ден ке си старица, па немој си барала помош да те боцнат само за притисок;)

    Сега прочитав извини, чим мајка ти е медицинско лице, ќе имаш привилегии без секираци :rofl::rofl:
     
    На Stressed Out, marchi-cool и Ladybug98 им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Им фали емпатичен однос кон пациентите.
    Бил стар , била хипохондрик, сам земал на своја рака лекарства...се само нивни оправданија.

    Незнам, можеби еве јас не одам во приватни клиники на прегледи па имам прилика да видам како се однесуваат докторите и сестрите.
    Да не споменувам дека не сакаат да мрднат со прст ако не подадеш нешто.
     
    На cresa-jagoda, smooch, marchi-cool и 6 други им се допаѓа ова.
  8. DevilGirl212

    DevilGirl212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.318
    Пол:
    Женски
    Па немој така, тие се стари за едно боцкање за притисок не ќе ги замараме, требит да се издрапет трета смена в кабинет
     
    На cresa-jagoda и referentka им се допаѓа ова.
  9. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    618
    Допаѓања:
    7.393
    Пол:
    Женски
    Пред некоја недела во 12 на полноќ (уште не знам поради која причина) почнав да отекувам на лице и тој оток стана толку голем што горната усна ми ја прекри долната. Одам во 1 часот на дежурен цела во паника и со плачење и внатре освен јас немаше друг пациент. Отиде сестрата да ја викне докторката, а она иде по 10 мин. и ми се обраќа мене дур јас вртам кругови низ собата, плачам од страв, а лицето ми е отечено и здрвено: "Де бре сега најде да дојдеш, шо не дојде порано, и ние имаме душа хехе" и ме погледна 2 секунди и ми рече дека ми е од плачењето, да се напијам ПАРАЦЕТАМОЛ и да си легнам и утре да одам на лекар. Иако не ми беше верно го сторив тоа. Ноќта отокот зел толку замав, што станав со замаглен вид, почнувајќи веќе да се гушам. Појдов на лекар пак, ми стави 2 инекции и ни бар се потруди да дознае што е причината.

    Зборувајте ми за насилство. Да не бев толку ван себе си, ќе ги удавев и двајцата.
     
    Последна измена: 18 септември 2019
    На Stressed Out, cresa-jagoda, sierra и 9 други им се допаѓа ова.
  10. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    193.597
    Пол:
    Женски
    Се прашувам само кој пациентите да ѓи заштити од нив-секоја чест на ретките за кои Хипикратовата заклетва им е закон.
     
    На cresa-jagoda, WildMk, marchi-cool и 3 други им се допаѓа ова.
  11. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
    Ма убаво што бараат да бидат заштитени како ендемски вид, па дури и напаѓачите да не се казнувале само парично, тука да одговараат како што одговараат за напад врз полицаец, ама кој го штити пак пациентот од несовесните и арогантни медицински лица ?
    А каде да се обратат оние пациенти кои не се третираат како што доликува да биде третманот од медицинско лице ? Некои воопшто не прегледуваат, само ќе те праша што ти е, и ќе ти тупне рецепти врз основа на тоа што ти си прогнозираш. Па кој е лекар тука :wasntme: ?
     
    На cresa-jagoda, marchi-cool, Ladybug98 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    Не знам кога ќе сфатите сите дека причинителот на "злоделата" не се докторите, ниту професорите или полицајците, туку е тој кој што ги донел законите во ова наше корумпирано општество, според кои тие мора да работат и да функционираат. Мора да живеат, за да преживеат.

    Темата е отворена од вчера и цели две страни изнапишани за тоа колку лекарите на чинат. Така е, пациентите се цвеќиња за мирисање, лекарите не чинат, затоа мој совет ви е кога ќе се разболите пак, да не трчате веднаш на лекар за една обична настинка, земете си антибиотик на своја рака вие самоуки доктори од сите области со гугл диплома.

    Немам намера повеќе да читам во темава.
     
    На Alishan30 и candy.cane им се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Еве на пример, каде да се обратат роднините т.е. жената и децата на човекот кој почина пред неколку месеци ( оперирал хемороиди) поради лекарска негрижа.
    Кој ќе ги заштити сега нив?
     
    На cresa-jagoda, marchi-cool, g8lQQk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.642
    Допаѓања:
    116.348
    Пол:
    Женски
    Нашол Беговиќ од Клинички да се буни,а он па што финоќа е... :rofl::rofl::rofl:
     
    На marchi-cool и g8lQQk им се допаѓа ова.
  15. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Да ни функционираше државава, ако е вина на докторот, ќе беше санкциониран.
    Насилство во ниеден случај не е решение.

    Ако утре на твоето дете некој му даде ќотек затоа што бил безобразен, океј ќе ти е?
    Не зборувам за одбрана, тоа е друго.
    Ама па не сме симнати од планина. Ако нешто не ти чини, смени доктор или пријави каде што треба.
     
    На PaLaVa, Alishan30 и Peperutce1115 им се допаѓа ова.
  16. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Јас еве за мои скоро 30 години немам лошо искуство со доктори.
    Во врска со дешавкиве, да сме држава ко што треба секој дрзок однос или грешка на докторот треба парично да се казнува, удри го по џебот па нека се опамети. Али свесни сме дека има и безобразни пациенти, убаво рекле дека најтешка работа е да работиш со луѓе.
     
    На PaLaVa, Alishan30, Peperutce1115 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.184
    Допаѓања:
    23.865
    Браво за сите што мислите дека насилството е решение, па уште охрабрувате насилство.
    Прашајте еден доктор или сестра во какви услови работат и за која плата, па да видите вие дали би биле секогаш фини и насмеани. Да, тие сами ја избрале таа професија, ама и тие на крај на ден се луѓе, и сигурно не им е сеедно кога умира пациент.
    А додека во Македонија не почнат да се казнуваат луѓето кои без потреба одат на ургетно и без потреба викаат брза помош (а има премногу вакви случаи), додека докторите не се само доктори, туку и административци и болничари, и додека имаат на располагање селотејп место фластер, нема никој да биде задоволен. Ни пациентите, ни докторите. А ова е голем системски проблем кој сите ние заедно треба да бараме да биде решен, место да се тепаме.

    Инаку, пред да кажете дека немам искуство со здравството затоа вака зборам, да знаете дека на мои 14 години сестра од онкологија ми кажа 'ти па мислиш мајка ти ќе оздраве, се знае кој влегол тука, не искача жив'. Не за баба, не за дедо, туку ми кажа за мајка која тогаш имаше 40 години.
    Ама сепак сметам дека таа била исклучок, а не правило, затоа што другите доктори со сите сили се трудеа да ја спасат и успешно ја лечеа многу години.
     
    На glosipgirl, PaLaVa, Alishan30 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    И јас не сум имала некое лошо искуство, некој дрзок вработен ама тоа го има сегде во државава.
    Од друга страна, полошо искуство сум имала во банка, кога вадевме пасош (на таа што требаше да не слика и дошло време за пауза, се искара со нас и ги заклучи мајка ми и сестра ми во канцеларија???). Guess what, никој никого не истепа.
     
    На Peperutce1115 и Alishan30 им се допаѓа ова.
  19. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Насилството у никој случај не е решение ама такво каубојско општество сме, секој проблем со дерење и боксови го решаваме.
     
    На Peperutce1115, Alishan30 и candy.cane им се допаѓа ова.
  20. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    618
    Допаѓања:
    7.393
    Пол:
    Женски
    Како тој што ги донесол законите е виновен за мојата случка од погоре? И да му се лути нему, пациентот кој беспомошно плаче и те моли за помош не ти е крив (a притоа не треба да те моли зошто тоа ти е работа).
    Ете јас кај доктор се обратив кој ме измаршира од таму. Од плачењето ми било.
     
    На cresa-jagoda, flower30, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.